Tри нови документарци на учесници во школата за филм „Докуникулци“, вечерва на 16. „МакеДокс“
— 26 август, 2025Вечерва, во Сули ан, 26 август, на програмата на 16. МакеДокс се изложба на фотографии и проекција на филм, закажани во 19 часот, од мултимедијалниот уметник Киро Урдин, а потоа, во 22:30 часот, ќе бидат прикажани три нови документарни остварувања на учесници во школата за филм „Докуникулци“ на „МакеДокс“.
Македонскиот уметник, Киро Урдин, живее и твори помеѓу Македонија и Белгија, создавајќи уметност со силна верба во љубовта, пријателството и човековите вредности, а неговата работа опфаќа сликарство, филм, танц, скулптура, фотографија, литература и филозофија, со централен фокус на обединување на културите и уметничките дисциплини. На своите патувања, Киро Урдин го доловува духот на местата каде животот сè уште тече со реката, сонцето и чистиот воздух – како во етиопската Долина Омо, каде насмевките светат посилно од слонова коска, а ноќите се осветлени со безброј ѕвезди. Неговата работа нè повикува да зачекориме во светови каде културите, пејзажите и луѓето се испреплетуваат во заедничка човечка приказна. Проекцијата на документарниот филм „Вода и оган“, (Белгија, Македонија / 2009 / 52 минути, ќе почне во 20:30 часот.

Филмот „Живуша“ на Ксенија Довезенска се нурнува во спокојот на кумановското село Довезенце, каде брачниот пар Заре (68) и Мирјана (62) ги минува старечките денови грижејќи се за својот добиток, како и за бавчата во која произведуваат зеленчук и овошје.
Со филмот „Како стигнав до овде?“ авторката Рој Стефанова прави саморефлексија, со која сака да ги прикаже бројните борби од секојдневниот живот на една писателка, која цел живот се мачела да пишува.
Наставничката по уметност, Билјана Димитрова, сонува за поинаков свет – свет во кој уште од најрана возраст нè учат да создаваме, да си веруваме себеси и да се грижиме за оние околу нас, а нејзината приказна со филмот „Борби со ветерници“ ја раскажува Борјан Гаговски.
Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и мобилната фестивалска апликација.
Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ – Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.
Шеснаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасада на Франција, Француски институт, Амбасада на Кралството Холандија, Австриска Амбасада, Казино Австрија, Грчки филмски центар, Гете институт, Скопско смут, Амбасада на Република Чешка, Чешкиот културен центар во Софија, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултет за ликовни уметности, такси „Глобал“.
Медиумски покровители на 16. „МакеДокс“ се МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа, Култура Бета, Трн, Блен.мк и Медуза.










