Култура

Унгарска филмска вечер на „Охридско лето“

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови  „Три илјади изброени  парчиња“ и „Без здив“.

Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“ , а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.

Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.

-Настанот привлече бројна публика, а филмот  „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека  предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.

Слични статии