„Диџеј Ахмет“ во режија на Ѓеорги М. Унковски прогласен за најдобар филм на 31. „Сараево филм фестивал“
— 23 август, 2025Филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Ѓеорги М. Унковски постигна извонреден успех на 31. Сараево филм фестивал којшто се затвори вчера а започна на 15 август. се претстави со исклучителен успех на 31. Сараевски филмски фестивал (15–22 август 2025), информираше Агенцијата за филм.
Филмот беше дел од најпрестижната фестивалска програма – Главна конкуренција за долг метар, каде што ја освои публиката и критиката, и оствари значајни резултати:
Награда на публиката за најдобар долгометражен игран филм, (UniCredit Audience Award – Best Feature Film, со највисока просечна оцена од гледачите: 4.9, што е највисок резултат меѓу сите долгометражни филмови на фестивалот.
Посебна награда на жири-комисијата „Младински перспективи“ Special Youth Perspectives Award –во висина од 7.500 €, доделена од Советот на Европа.
Награда на престижниот европски филмски портал Cineuropa, Cineuropa Prize во износ од 5.000 €.
Со овие три признанија, „Диџеј Ахмет“ се вброи меѓу најнаградуваните и најистакнати филмови на годинашното издание на 31.Сараевски филмски фестивал.
Критичарите го оценија филмот како автентично и свежо остварување кое ги надминува класичните „coming-of-age“ клишеа. Cineuropa истакна дека филмот нуди живописна средина и силни ликови, додека меѓународните рецензенти ја пофалија неговата младешка енергија, хуморот и слоевитоста на приказната, која се чита и како наратив за лична еманципација.
Филмот претходно беше високо награден и на Санденс 2025, каде ја доби наградата на публиката за „World Cinema Dramatic“ и специјална жири-награда за креативна визија, што уште еднаш ја потврдува неговата меѓународна препознатливост и вредност.
Агенцијата за филм ја изразува својата гордост за овој значаен успех, кој претставува потврда за квалитетот и препознатливоста на македонската кинематографија на светската филмска сцена.а овој значаен успех, кој претставува потврда за квалитетот и препознатливоста на македонската кинематографија на светската филмска сцена.










