Култура
Фран Култ центар

Двегодишен проект на француското МНР за поддршка и вмрежување на продуцентите од Франција и Македонија

Проектот за поддршка на филм и развој на копродукциски проекти помеѓу Франција и земјите од Западен Балкан, кој започна пред една година, беше повод за одржување на прес-конференција од страна на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, на којашто свои обраќања имаа организаторката на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, Сара Ферро, директорот на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ Димитрија Доксевски, како и авторката на овој проект насловен како, „Копродукција помеѓу Франција и земјите од Западен Балкан: структурирање, поддршка и валоризација на филмското творештво”, Кулик Летиција.

Беше посочено дека Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје низа години делуваат во насока на презентација на француската кинематографија пред домашната публика преку прикажување на најновите француски филмови во рамки на гала филмски вечери, фестивали на француски филм, кино-клубови, но и недели на франкофонски филм.

Со цел да се доближи француското филмско творештво до домашната публика, Институтот и Амбасадата делуваат исто така во насока на продлабочување на француско-македонските копродукции.

Франција и Македонија, во 2021 година, потпишаа билатерален договор за филмска копродукција, но oвој договор сè уште не е целосно исползуван и останува да се истражат многуте начини за негово полно искористување, па оттука и потребата од негово промовирање.

Така произлезе и двегодишниот проект на француското Министерство за надворешни работи со кој се предвидува поддршка за вмрежување на продуцентите од Франција и Македонија и пошироко, од Балканот, како и проблачување на соработката на полето на филмот.

Во рамките на овој проект, француски продуценти беа поканети на директни средби со регионални автори и продуценти во рамките на два фестивали: МакеДокс и Браќа Манаки.

На овие фестивали беа организирани копродукциски форуми, каде што повеќе француски продуценти се сретнаа со локални носители на проекти, со цел да имаат размена и да се создадат партнерства и потенцијални соработки.

Соработката продолжува и годинава: на новите изданија на МакеДокс и Браќа Манаки, повторно ќе бидат поканети француски продуценти, кои ќе имаат можност да се запознаат со по 10 селектирани локални проекти.

Проектот завршува до крајот на 2025 година, со надеж дека резултатите ќе се конкретизираат преку копродукции и подобра интеграција на македонските автори во францускиот и европскиот филмски простор.

Проектот завршува до крајот на 2025 година, со надеж дека резултатите ќе се конкретизираат преку копродукции и подобра интеграција на македонските автори во францускиот и европскиот филмски простор.