Дејан Петровиќ: Интервјуата се секогаш танго за двајца
— 19 ноември, 2024
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста. Во оваа книга се објавени разговори со добитници на Оскари, победници на Берлинаре, добитници на Нинови награди, (многу престижна награда што ја доделува српскиот неделник НИН), автори на култни книги и филмови кои не формирале како личности, вели авторот Дејан Петровиќ.
На 251 страница се сместени 18, повеќето долги разговори,правени во периодот од 2004 до 2023 година,со истакнатиуметници, музичари, писатели, глумци, филозофи и еден спортист, а едно име се јавува два пати, во растојание од една деценија.
Претпоставувам дека повеќето соговорници прв пат ја раскажале својата приказна во нашиот поширок регион, во интервјуа кои вие сте ги направиле со нив. Можете ли да ни откриете за кои станува збор во книгата?
Да, и тоа повеќето од нив. А и за оние кои имаат дадено многу интервјуа, се трудев да пронајдам нешто битно и ново, неистражено. Можеби ќе звучи нескромно, но тоа повеќе пати ми тргна од рака. Направив интервју со Јасмила Жбаниќ во годината кога освои „Златна мечка“ во Берлин, потоа португалската глумица Марија де Медеирос која глуми во култниот „Петпарачки приказни“ од Квентин Тарантино, уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани, за кој имаат слушнато сите кои го пратат овој спорт, потоа данската добитничка на „Оскар“ Сузан Бир, во годината кога ја освои оваа престижна награда итн. Но, секогаш нагласувам дека поентата не е во ексклузивноста, туку и во она што моите соговорници го кажуваат, а тоа е секогаш танго за двајца.
Дејан Петровиќ со оскаровката, режисерка од Данска, Сузана Бир
Дали можете да издвоите некои интересни моменти додека ги правевте интервјуата со овие личности од светот на филмот, литературата и еден фудбалер?
Ги има многу, всушност кога би се присетил на сите, можеби ќе има материјал за нова книга. Би ја издвоил средбата со познатата данска режисерка Сузан Бир, во годината кога доби Оскар за најдобар странски филм. Ја сретнав во Сараево во моментот кога пристигнаа Бред Пит и Анџелина Џоли. Околу тој „мултимедијален“ уметнички пар сјатило се собраа околу илјада луѓе, додека на другата страна останавме само јас и Сузан. Целиот тој ден разговаравме на делови, во фестивалскиот центар, во хотелот, во возењето од хотелот до место на проекција, атмосферата беше одлична. Сузан плачеше од смеење поради моите прашања и коментар и на крајот, кога сите тие делови ги склопив во една целина, интервјуто беше многу вредно и единствено.
Да го споменам и познатиот актер Франко Неро, со кого разговарав во Букурешт. Додека јас и фотографот се спремавме за почеток, Франко го зеде тогаш популарниот магазин, „The Man“, и го стави пред себе, како да позира. Беше тоа многу спонтано, духовито и забавно. Фотографот го „фати“ и таа фотографија беше објавена и во магазинот. Идејата беше во целост негова. Вакви слични доѓивувања има многу и сите ми се многу драги.
Како произлезе насловот на оваа книга, кој е многу интересен и звучи како да сакате да пренесете порака?
Веќе имав смислено наслов за книгата, и на самиот крај на овој процес, правев интервју со Рајко Грлиќ. Во еден одговор ја спомна суштината на своето творештво со реченицата: „На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, и тогаш знаев дека тоа ќе биде насловот на мојата книга. Малку е долг како наслов, но инсистирав за него и некако го „избуткав“. Мислам дека совршено ги опишува различните животни и професионални приказни на моите соговорници собрани на едно место, добар синтетички наслов кој сите ги поврзува.
Фото: Кристијан Арањош
Во интервјуто со „Миша Радивојевиќ“ откри зошто неговиот главен лик од филмот „Дечко који обеќава“ зе вика Слободан Милошевиќ!
Причината не беше политичка. Едноставно дедото на Миша се викал Слободан Милошевиќ! Такашто и таа дилема, којашто постоеше со децении во јаноста е разрешена.
Сите соговорници припаѓаат на светот на културата и на уметноста, освен еден, а тоа е познатиот фудбалер од Уругвај, Единсон Кавани. Зошто се одлучивте и ова интервју да го ставите во книгата?
Причината да се најде овој познат фудбалер во оваа книга е од една страна ексклузивноста, бидејќи ова е единствен интерју што го има дадено на поранешниот југословенски простор, а од друга страна и мојата желба оваа книга да биде собрани а не на избрани разговори. Во интервјуто Кавани изнесува многу занимливи моменти од неговиот живот и за неговата кариера.
Со секој соговорник е објавена и една негова фотографија….
Така е. Тоа исто така е направено по примерот на „Разговори над Панонско море“. Морам посебно да ги пофалам фотограферите кои ми излегоа во пресрет и бесплатно ми ги отстапија нивните фотографии од овие соговорници. Мислам дека така и естетскиот момент на оваа книга е на ниво на занимлива и вредна содржина.
Како дојде до идејата за книга на интервјуа во издание на Културниот центар на Војводина „Милош Црнњански“?
Пред се, јас веќе некое време редовно пишувам за нивен часопис, „Нова мисао“ (Нова мисла“, и сум во постојан контакт со неговиот оснивач Мирко Себиќ кој е и уредник на издавачката дејност на Културниот центар. Во нашите долги разговори се наметна прашањето за оправданоста на собирањето на овој тип на интервјуа, (кои беа и окосница и на „Нова Мисла“ како негов уредник), особено после објавувањето на одличната книга „Разговори над Панонското море“, во која се собрани интервјуа со истакнати уметници кои на било кој начин се поврзани со Нови Сад. Се воспостави дека јас „на лагер“ имам далеку повеќе спремни разговори од она што го мислев, во меѓувреме направив неколку нови и тоа беше сосем доволно материјал за една книга од 250 страни во малку поголем формат и многу ситен фонд.
Автор Дејан Петровиќ (Фото: Имре Сабо)
Каде се објавувани поголемиот број на интервјуата?
Повежето се објавувани во фантастичниот месечник, Статус“, кој излегување до 2013 година и без таа основа оваа книга немаше да постои. Паралелно, и после овој период, се реалираа и други интервјуа кои излегуваа во други магазини, неделници или часописи. Отприлика, една половина излезе во „Статус“ а останатата половина во други публикации.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…