Почетна / Насловна / Настани / „Што е прво? Филмот или приказната“ е мотото на 9. МФФ „Киненова“
„Што е прво? Филмот или приказната“ е мотото на 9. МФФ „Киненова“
— 7 октомври, 2024
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“.
-На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на МФФ Киненова на маркетинг агенцијата ПУБЛИЦИС. Без нив пораката на фестивалот немаше да биде така јасно дефинирана и упатена, рече директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ на денешната прес конференција.
-И да бидам актуелен, доследен на експозето, да го надоградам и проширам истото па да кажам: Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Државата или граѓанинот? Дали е прво заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете?
Да, Киненова е фестивал на субверзивни филмови, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството. Конечно, она што беше и наша примарна асоцијација и контекст од кој произлезе слоганот, е вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почна се. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот?
Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело.
Фестивалот ќе започне со прикажувањето, премиерно, на македонскиот филм на Гоце Цветановски, „Јон Вардар против галаксијата“, филм кој е во исто време е дел од главната натпреварувачка програма. Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.
За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.
-Предјубилејното издание на „Киненова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога се’ е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да ни понуди еден фин микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум.
Нашиот најчест фестивалски гостин се остварувањата од омилената иранска кинематографија. Колку и да ја обожуваме, сепак никако не можеме да прифатиме дека и понатаму оваа земја ги затвора своите чеда поради занимавање со филмската уметност и љубење на вистината. Во силното грчко остварување, пак, се соочуваме токму со моќта на филмот да ни раскаже приказна за чедоморството, кое кај нашиот јужен сосед се случувало се до доцниот 20 век, пред да биде забрането со закон. А поигрувањето со законот скапо го чинеше изрелскиот (анти)херој кој реши да направи хаос во и онака хаотичната држава која во моментов е во немилосрдна војна со својот вечен непријател. Војната остава лузни врз душата, а тоа многу добро го прикажува хрватскиот режисер во својот дебитантски филм кој се случува недалеку од военото поле на кое нема правила. Правила нема ниту во детските игри, каде секој може да има свое кралство, а момчето во филмот на црногорскиот режисер посакува само едно нешто – семејна хармонија. За тоа му треба супер херој, можеби некој како Јон Вардар, првиот долгометражен македонски анимиран филм. Да, тој е семоќен, и со неговата магија ќе биде отворено годинашното деветто издание на фестивалот,кој ги слави првите и втори остварувања на младите синеасти.
-Грчкиот филм „Жена убиец“ е особен и исклучително значаен на многу нивоа. Приказната на филмот зборува за една скриена тема од очите на јавноста долго време во грчкото општество, а тоа е праксата или традицијата на жртвување на женски деца, особено во рурални и сиромашни средини и особено кон крајот на 19. век на островот Скијатос, заради сиромаштијата, а особено заради неможноста на родителите на женските деца да ја исполнат обврската да го даруваат семејството на младоженецот или идниот сопруг со значаен мираз.
Се работи за приказна инспирирана од лично искуство на младата режисерка, која скоро и да ја жртвува својата кариера како костимограф за да истражува на оваа тема подлабоко и да го сними овој драматичен филм и повторно да ја отвори темата пред грчката јавност и општество.
Филмот се заснова на реални настани и информации, а она што е прилично драматично и шокантно е дека законот за мираз кој всушност ги поттикнувал на вакви дејства младите родители и целокупните сиромашни мали заедници во рурална Грција бил активен се до крајот осумдесетите години на минатиот век во Хеленската република, што значи дека истиот бил активен дури и првите години од влезот на Хеленската република во Европската унија, раскажа Јовановиќ.
Годинава земја во фокус е Финска, земја со слична мала кинематографија како и нашата. Оваа програма во рамките на годинешното 9. издание на МФФ Киненова, всушност ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два феноменални филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа.
МФФ Киненова секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници. Така што и оваа година ќе се одржи работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…