Култура

Македонскиот режисер Оливер Мицевски со „4.48 Психоза“ се претстави пред данската публика

Режисерот Оливер Мицевски вчеравечер ја имаше својата втора премиера во реномираниот Хусет театар во Копенхаген, Данска. Синоќа, пред данската публика, беше одиграна претставата „4.48 Психоза“, по текст на британската драмска авторка Сара Кејн. Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на „4.48 Психоза“  е пресврт од постојните толкувања на текстот кој наметнува многу предизвици со својата комплексност и мистичност. „4.48 Психоза“ на Мицевски е ода за животот, за вродениот порив и страст  за живот дури и среде најмрачниоте премрежја. Во оваа претстава Мицевски ја продолжува долгогодишната соработка со Жанета Вангели, професорка на ФЛУ во Скопје, која беше задолжена за визуелнмиот дел. Сите билети за репризите на оваа претстава се веќе однапред распродадени, a планирани се и низа гостувања низ Европа.

Автор: