(Кон претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Градскиот театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец, Јуриј Древеншек.)
Дали Ибзеновата Нора е феминистички апстракт или нејзиниот проблем е институционален кога е во прашање бракот? Ова прашање лебди во воздухот, но сепак го имаме во предвид ангажманот на самиот Ибзен кој и во другите негови дела се занимава со статусот на жената во патријархалните општества пред дваесеттиот век. Но, се чини дека сепак доста работи не се смениле ниту во дваесет и првиот век, па така Нора останува сенка од рефлекторот на светилникот во длабокото море на родовата непрепознатливост. „Нора“ во концептот на Нела Витошевиќ ја отвора токму таа дилема: кога ќе престанат хипокритичните родови толкувања на жената? Нејзината Нора во драматуршка смисла започнува од последниот чин и има исповедна конституција, па така целата драматургија на Ибзен во оваа претстава е превртена ракавица. Нела Витошевиќ со овој режисерски јазик (го видовме во „Мојот маж“) ја импрегнира женската асоцијативност во приказната што Ибзен ја раскажал во деветнаесттиот век. Велам асоцијативност затоа што интенцијата на секоја жена има мирис на пожртвуваност, а токму тоа е најмалку препознатливо во нејзината социјална и општествена гама. Овој есететски флешбек го отвора целиот начин на мислење и откопува некои компоненти кај Нора кои, се чини дека досега не биле начнати. Заробеноста на актерите во рефлексиите на своите ликови е пристап кој во драматуршка смисла е внатрешен флеш бек на секој од нив. Меморабилијата е енигма со тешки одговори и режисерката го знае тоа, па затоа со оваа претстава таа се обидува да ја исцеди историјата на сите ликови, преку трагедијата на Нора.
Тука се поставува и прашањето: дали е тоа трагедија или е само лоша проценка во животните одлуки, а и во горепсоменатата пожртвуваност на жената. Овде не смееме да заборавиме дека по Ибзен се работи за жена од нордиската цивилизација чија социјална оправданост е далеку поголема од краевите каде што живееме ние. Токму затоа во режијата на Нела Витошевиќ тие превирања и преиспирувања се крајно легитимни. А и во актерската игра. Тука мислам на Ајда Смрекар чија Нора има длабока емотивна сонда, во нејзината интерпретација не ја гледаме Нора која се кае, но Нора која умее да ја прочита општествената и социјалната хипокризија. Во ова суптилно, но полно со тензии толкување на Нора можеме да го прочитаме целиот нејзин живот, брачните недоразбирања, но и несфатеноста од она што значи – интимни релации. Ајда Смрекар гради една Нора каква што досеге не сме виделе: полна со емоција, но воздржана и бунтовна онолку колку што има смисла сето тоа. Исклучително умно скицирана и одиграна улога која остава многу силен впечаток. Тука ќе го спомене и Матеј Пуц чиј доминантен Торвалд е дел од една мажественост која ја имаме насекаде околу нас, но е и рационален корпус што овој сјеан актер го води многу храбро, од денунацијантноста на неговиот лик, па се до тенките салви на нежноста. Неговите превирања доаѓаат од една одамна решена улога во бракот, но недоразбирањето во него самиот е се чини главниот проблем кој Матеј Пуц го одигрува извондредно со голема тензија во своите исповедни делови, но и во дијалошките сцени со Нора. Таа во еден момент во пиесата вели: „Морам да застанам на свои нозе ако сакам да се запознаам себеси и светот надвор. Затоа не можам повеќе да останам овде со вас“. Торвалд не може токму тоа да го разбере, а и ако го разбрал не може да се носи со тоа. Матеј Пуц успева сето тоа да го метаболизира во лик кој е комолексен, но одлично одигран. Некаде на средината меѓу сите ликови, Нора во овој концепт на Нела Витошевиќ ги сретнува и Доктор Ранк (Јуриј Древеншек), а и Нилс Крогстад (Јернеј Гашперин), каде се соочува со една социјална несигурност која конечно, во нејзините крајни размислувања ќе ја оттргне од брачната институција. Јуриј Древеншек делува крајно рационално, но притоа гради лик на тактичен човек што не е случај и со Нилс Крогстад, кого Јернеј Гашперин го толкува со силна доза на вознемиреност. Нина Раковец низ својата Госпоѓа Линде ни донесува загрижена пријателка на Нора чија немоќ уште повеќе ги разгорува проблемите, а Нора тоа успева да го сфати на самиот крај од пиесата.
Нора во ова гледање на Нела Витошевиќ се бори и со своите фантазми, но и со дилемата дали нејзината животна грешка е грев. Таа сосема храбро, иако на крајот од пиесата констатира дека не направила грев, ја напушта куќата заминувајќи од своето семејство. Оваа Нора има мала состојка на Медеја, најмногу заради својата исповедност и рационалност. Ајда Смрекар во својата интерпретација инсистира на рационалноста на Нора иако грешката што ја нарпавила во бракот не е од рационална природа.
Визуелниот момент во оваа претстава е во една складна конструкција на сценографката Урша Видиц која претставува соба чија оскудност од мебел е надополнета со ѕидовите чиј симболизам е визуелно продуктивен. Во таа складност ќе ја додадеме и костимографијата на Тина Бонча во која елегантните костими се на работ на една балетска естетика, но делуваат совршено компатибилно со целата концепција.
Што се случило со Нора по напуштањето на своето семејство е тема на нобеловката Елфриде Јелинек која е најпозната по своите апсурдистички пиеси и каде пиесата инспирирана од Нора на Хенрик Ибзен е се чини, единствената што има некаков суров реализам типичен за Фасбиндер. Претставата на Нела Витошевиќ се одигрува низ подотворената врата низ која Нора треба конечно да си замине. Токму затоа многу споменатата исповедност на оваа претстава е нешто што би го нарекле иновативност во промислувањето на нордиските автори. Во нивната исповедност не се крие овој денешен постдрамски театар, кај нив се крие судбоносната проблематика што ја зачнал самиот Бергман, а во денешно време ја практикува и последниот нобеловец Јун Фосе. Феминизмот на Ибзен и во Нора и во Хеда Габлер, а и во другите негови пиеси е апостроф на денешниот, чија фуриозност е, се чини, параван за сокривање на вистинските проблеми околу статусот на жената во современото општество. Нела Витошевиќ во својата концепција е секогаш рационална и успева да го прочита она што во пиесите што ги режира досега не било прочитано. И таа легитимност е драгоцена и за оваа претстава која остави силен впечаток кај гледачите, претстава чија порака треба да се разбере како иницијација, но и како храброст.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…