Во трка за наградата „Роман на годината“ пристигнаа 35 романи
— 21 јануари, 2024
На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи.
Жири-комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека во годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен.
Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по јубилеен 25-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Список на пристигнати дела за „Роман на годината“ за 2023 година
Список на пристигнати дела за „Роман на годината“ за 2023 година
„Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
„Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
„Скитачот“, Матеј Богдановски, самостојно издание
„Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
„Писма од лудница“, Срѓан Ивановиќ, „Арс Либрис“
„Силуваната невеста“,Томе Илиевски, самостојно издание
„Цик-цак, ку-ку“, Жан Илиески, „Антолог“
„Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
„Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
„Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
„Зборови“, Јордан Коцевски, „Антолог“
„Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, Кристина Краличин, „ИД – Концепт консалтинг и дизајн“
„Савески“, Анастасија Лефкоска, НУ Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар
„Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
„Отуѓување“, Ѓорѓи Мешков, самостојно издание
„Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
„Бигор шарпланинецот: приказни за пријателството и за храброста, Ферид Мухиќ, „Три“
„Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
„Тишина“, Јелена Никодиноска Чаповска, „Паблишер“
„Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
„Ѓаволот има убаво лице“, Дора П., „Матица македонска“
„Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
„Мртва коска“, Димче Парталоски, „Арс Либрис“
„Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
„Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
„Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“, Мимоза Ристова, „Арс Либрис“
„Живот без сведоци“, Наташа Сарџоска, „Три“„Пеперуга“, Мирјанка Селчанец, „Академска мисла“
„Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
„Ронлива“, Милена Сиљаноска, самостојно издание
„Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
„Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
„Рок на траење“, Марија Трифуновска Тасеска, „Восток“
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае…
На 14. септември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week. Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и…
Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на ДПМ. Во понеделник, во 11:00 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат прогласени добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, чијшто конкурс минатата година беше одложен поради случувањата во Друштвото, односно долгата…
Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес….
Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава по 27-ми пат ќе се одржи традиционалниот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ на кој ќе бидат изведени единаесет комедии од театри од државата и соседните земји, Бугарија и…
Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември….
Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во…
Вчера, во „Куршумли-ан“, старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август. Објектот Куршумли ан, како и секоја година и оваа година беше исполнет до последното место, а публиката со долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“, кои традиционално се претставија со…