(Кон „(Пра)Фауст“ на Ј.В. Гете во режија на Борис Лијешевиќ, а во изведба на Белградскиот драмски театар од Белград, Србија. Главни улоги: Светозар Цветковиќ, Озрен Грабариќ, Мирјана Карановиќ, Ива Илинчиќ, Даниел Сич и други)
„(Пра)Фауст“ или „УрФауст“ на Јохан Вофганг Гете е создаден меѓу 1772 и 1775 година во дваесет и две сцени, две во проза и 1441 стих во римувана форма, додека оригиналниот ракопис е изгубен, па повторно пронајден од страна на Ерик Шмит во 1887 година во хартиите на Луиза фон Гошхаузен и го нарекува „УрФауст“, драмски текст кој до денешни денови се третира како драмска „крпеница“, како неумтничка драма (Питер Штајн), но и како драмско откровение (Бертолт Брехт), текст кој со својот мал оптикум, дијалошки крајно концизен, без пролозите што Гете подоцна ги импрегнира во спрвиот дел од својот „Фауст“. Оваа цивилизациски и донекаде феноменолошки „проблематична“ драмска структура станува голем предизвик во време кога светот е веќе одамна продаден на ѓаволот и посегнувањето по прапочетоците ќе стане јадровита навика. Навраќањето на овој драмски прапочеток на еден од есенцијалните драми на човековата цивилизација значи превалоризирање, или можеби пренабљудување на човековиот порив за самоуништување. Концептот на Борис Лијешевиќ низ драматуршката предлошка на Федор Шили е насочен кон современите микролудила од чија епика се хранат сите должници на светот кои веќе ја доигруваат својата улога на револуционери.
Лијешевиќ со преплавувањето на класичните ликови со модерните каузалитети, успева да ни отвори една друга онтолошка провокација, а тоа е вовлекувањето на нашите лични биографии во веќе истоштениот светски поредок. Така Фауст и Мефистофел се идентификуваат со имињата на актерите, а празната сцена станува епицентар на лагата на дваесет и првиот век. Имено, режисерката поставеност го има благословот на едноставноста, но и проклетството на загадочноста. Лијешевиќ го води дејствието на оваа филолошка „недореченост“ на Гете низ благиот еуфемизам на „првичноста“ што е и еден од преводите на додавката Ur на германски јазик. Првична е немоќта на која помислувал Гете, а Лијешевиќ ја артикулирал со денешни, модерни алатки каде што страдањето е заменето со индолентноста, а симплифицираноста ја заменила жалоста. Оваа емотивна „празнина“ на дваесет и првиот век е референтна на купот информации чиј бескрај создава аморфна маса со долгосежни последици во духовниот живот на човекот. Токму затоа претставата на Борис Лијешевиќ е еден вид на театарска синтагма во која актерскиот сензибилитет пулсира меѓу сцената и публиката. Тука, дури и гласот од небото е текст кој доаѓа од публиката. Во изведбата на која присуствував тој текст го „читаше“ познатиот млад српски актер Милан Мариќ од публика. Оваа Пиранделовска подлога на „првичниот“ Фауст станува релевантен чинител во современиот театар не само заради конекциите со ѓаволовите искушенија, туку и заради уживањето во неспокојот кој со еден скоро филозофски мазохизам не повлекува од реалноста и не носи на работ од „нормалното“.
Фауст на Светозар Цветковиќ е онаков каков што евентуално би требало да биде денешниот Фауст: неодлучем, индолентетн и крајно „позитивен“. Светозар Цветковиќ како актер со извонреден потенцијал и хабитус, овој лик го одигрува во облога на несфатената благонаклоност која a priori станува совршена подлога за Мефистофел. Кога го гледате на сцена имате чувство дека овој Фауст е оној што не сакате да го видите, но морате затоа што е крајно актуелен и автентичен. Цветковиќ водејќи го овој круцијален лик од светската драматургија кон пропаста со една мелодраматичност во својот глас и стас, не повелкува и нас кон бледите зафати во нашата духовна (не)живост каде што всушност и ита целата цивилизација. Неговиот актерски регистер е сјајно воден од одлично спакуваната емотивна и говорна партитура и се чини дека овој Фауст блеска со една уникатност која на овој актер ќе му го обезбеди местото во театарската парадигма во Србија. Дијаметрално различен е Мефистофел на Озрен Грабариќ кој во својата жизнерадосност и духовитост ја крие најтемната страна на човековиот карактер, а тоа е лицемерието. Овој актер совршено добро левитира меѓу обландата на злото во дваесет и првиот век и добро оцртаната аплогија на деструкцијата која не била непозната и во времето на Гете. Динамичниот Мефистофел на Грабариќ го отвора забрзувањето ан човековото уништување и се чини дека токму неговиот лик (а не оној на Фауст) го отвора прашањето за душата и нејзината вредност. Овде се придружува и прекрасниот лик на Маргарета на младата Ива Илинчиќ која својата интактност и природност не успева да ја продаде, но ја остава онака, недопрена, за да има на што кутриот грешен свет да се надева. Оваа млада актерка импонира со својот прекрасен актерски сензибилитет и со својата остроумност на сцената. Секако, една од најинтересните улоги е онаа на Марта која ја толкува првенката на Српското глумиште Мирјана Карановиќ која со својата појава внесува една неприкосновена живост што низ концептот на Лијешевиќ станува сеќавање на нешто што се викало „жив човек“, една извонредно одиграна улога која отвора сосема други димензии во целата претстава.
Остроумноста на овој концепт е и визуелно артикулирана низ минимализмот во сценографското решение на Александар Дениќ, но и низ едностаните костимски решенија на Марина Сремац кои исклучително инсистираат на современи толкувања на ликовите. Впечатлива е и музиката на Стефан Ќириќ и Давид Клем, а и дребната кореграфска партитура на Сања Вукиќевиќ.
Она што возбудува во овој исклучително „провокативен“ драмски текст на Гете е неговата релација со дефинитивниот Фауст. Низ призмата на оваа претстава веројатно овој текст не можеме да го сфатиме како „кроки“ врз кој писателот треба да го изгради својот дефинитивен текст, туку како предлошка која, би рекле дека е некако многу поблиска до денешниот начин на промислување. Брзата животна матрица и илузијата како пуста желба се позадина на големиот „Фауст“, додека на овој „првичен“ Фауст тоа е координата низ која се провлекуваат сите точки на дилеми и преобразби. Затоа оваа претстава е совршено блиска до она што било прапочеток на создавање на едно големо класично дело, почеток кој се чини дека е повидок на еден крај на цивилизација која како уроборосот, се јаде самата себеси. Конечно, во една строфа Гете во овој (Пра)Фаусте ќе рече:
„Кога Бог нè создал, тој ја основал
Неговата жива природа за нашиот дом;
Но, ти седиш во овој мрак, си се опкружил
Со благ череп и од сува коска лом“.
И претпоставувам дека пророчкиот призвук на овие стихови треба да биде предупредување, ако се уште има кој да го слуше.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…