Почетна / Култура на живеење / Насловна / Регионалната премиера на филмот „Кафе“ на осудениот ирански режисер Навид Михандост ја наполни салата во Кинотека
Регионалната премиера на филмот „Кафе“ на осудениот ирански режисер Навид Михандост ја наполни салата во Кинотека
— 18 декември, 2023
Во исполнетата сала на Кинотека, составена од актери, режисери, новинари, политичари, музичари, љубители на филмската уметност ја, се прикажа филмот „Кафе“, на иранскиот режисер Навид Михадуст со кој започна специјалната програма на „Киненова“.
Преку видео порака, пред проекцијата, се обрати сестрата на режисерот Навид, Неда Михадуст.
-Овде сум со срце полно со болка и гнев да бидам глас на угнетените и слободољубиви луѓе како мојот брат. Приказната за филмот „Кафе“ е слична на она што му се случи на мојот брат во Иран. Државните органи за прогон во Иран, го повикаа мојот брат да соработува со нив, барајќи од него да биде во контакт со прочуената иранска новинарка и активист за женски права Масих Алинежад, за која тој снимаше филм во 2009-та година. Тој одби да соработува со нив и наместо тоа се надмудруваше со правосудниот систем за да купи уште малку време и да го направи филмот „Кафе“ што беше еден од неговите соништа за да ги прикаже сите неправди кои се случуваат во неговата земја Иран, рече таа во својата видео порака.
Неда Михадуст ја прочита и изјавата на нејзиниот брат, режисерот Навид Михандуст дадена специјално за оваа прилика до македонската јавност и публика.
-Многу сум среќен што го гледате мојот филм во Скопје, главниот град на Македонија, за што иразувам голема благодарност до г-дин Небојша Јовановиќ што ја организираше специјалната проекција за мојот филм „КАФУЛЕ“. Ја сакам и се восхитувам на уметноста во смисла дека таа е мост за комуникација со образовани и слободоумни луѓе ширум светот, мост кој ги надминува националните и јазичните бариери.
Имам измешани чувства во моментов додека мојот филм се прикажува пред вас и покрај фактот што неговиот режисер е затворен во затвор во Техеран. Од една страна сум среќен што мојот независен филм го продолжува својот динамичен живот надвор од ѕидовите на затворот во кој беше затворен неговиот творец, а од друга страна, жал ми е што ја изгубив можноста да уживам во радоста на комуникацијата и да ја видам реакцијата на македонската публика на мојот филм. Се надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден филмски работник и уметник нема да биде затворен никаде во светот за снимање филм и искажување на своето мислење.
Да живее Иран. Да живеат жените, животот, слободата!, вели во својата порака Навид.
Специјалната програма продолжи викендов со проекција на „Фатална жена“ на Сем Фринам ин Нг Чон Пинг, а неделава ќе може да се погледнат и награденоте филмови на осмото издание на фестивалот: шпанскиот филм „20 000 видови на пчели“ на Естибалиц Уресола Солагурен кој ја доби специјалната награда на жирито на фестивалот Киненова, украинскиот „Клондајк“ на Марина Ер Горбах кој ги доби наградите за најдобро сценарио и најдобра режија на МФФ Киненова 2023
Вчера, во „Куршумли-ан“, старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август. Објектот Куршумли ан, како и секоја година и оваа година беше исполнет до последното место, а публиката со долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“, кои традиционално се претставија со…
Во галеријата „Рудиќ“, е поставена изложбата на фотографии, што беше отворена вчера, на српскиот фотограф, Имре Сабо, со наслов, „Цртички на животот“. АСНОМ 74, денеска во 20 часот.Имре Сабо е роден во 1956 година во Мокрин, место во Кикинда во Северна Војводина. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот…
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…