(Кон 57. БИТЕФ фестивал одржан од 3 до 10 октомври 2023 во Белград)
Политичките и општествените кризи имаат свој катарзичен простор и тука, во тие сиви ходници на недорзабирањето и егоцентризмот се кријат мотивите на театарскиот ангажман, на неговата тензична константа чија амплитуда е се поголема со наездата на бурата на информации и лажните обезличувања со кои може да се „пофали“ почетокот на дваесет и првиот век. Педесет и седмиот БИТЕФ е посветен на тие лажни интерпретации на моќта која е концентрирана во смртоносното и социјално дисеминизирање, а и на дисфункцијата на демократичноста која веќе изнедрува монструозни отуѓувања и на духовен и на материјален план. Сублимирано во стихот на младата српска поетеса „Сило не се согласувај да бидеш нечија“, ова издание на БИТЕФ покрај лакмусот на сите гореспоменети тенденции ја има онаа суптилна насоченост кон чистата, неизмаглена и неконтаминирана слобода по која копнееме по сите премрежиња што го снајдоа и Балканот, а во последно време ја разгоруваат и Европа.
Репертоарот на овогодинешниот БИТЕФ е селекција која ја сочинуваат режисерот Никита Миливоевиќ, кој е и уметнички директор на фестивалот, младата драматичарка Тијана Грумиќ и продуцентката Ксенија Ѓуровиќ, кои заедно со директорот на фестивалот Милош Латиновиќ креираат програма со исклучително интересни начини на театарско промислување, со режисерски имиња кои значат многу на Европскиот театарски простор, а и со млади режисерски имиња чии концепти носат нови спекти во театарското живеење, па така можеа да се видат претстави од Германија, Грција, Литванија, Унгарија, Шведска, Буркина Фасо и Србија. Тука во главната програма се најдоа претставите: „Божествена комедија“ по Данте Алигиери во режија на Франк Касторф и во продукција на Блеградскиот драмски театар; „Деца на сонцето“ од Максим Горки во режија на Матеја Колежник во продукција на Шаушпилхаус од Боум, Германија; „Збогум Линдита“, во концепт и режија на младиот режисер Марио Бануши, а во продукција на Националниот театар од Грција; „Желбата да се направи цврста историја ќе се заврши со неуспех“ во авторство и кореографија на Игор Коруга во продукција на Станица сервис за современ танц од Белград, Србија, „Како и сите слободни девојки“ по текст на Тања Шљивар во режија на Селма Спахиќ, а во продукција на Ателје 212 од Белград, Србија, Опера перформансот „Сонце и море“ по текст и во режија на Ругиле Барзжукаите, Ваива Граините и Лина Лапелите од Каунас, Литванија; „Распеана младост“ чии автори се Јуди Берец, Бенце Ѓерѓ Палинкаш и Мате Сигети во продукција на Куќата на современите уметности Трафо од Будимпешта, Унгарија; „#Jeanne” по текст на Ивана Сајко, во режија на Ања Суша и во копродукција на Шведскиот гостувачки театар Рикстеатерн и Кралскиот драмски театар Драматен од Стокхолм, Шведска и „Вакат“, во концепт и режија на Серж Еме Кулибали на Танцовиот театар Фасо во копродукција на Белгија и Буркина Фасо.
Задржувајќи се на „Децата на сонцето“ на Матеја Колежник ќе констатираме дека проблемот на штрајковите и епидемијата кои се главните мотиви во оваа прилично широка драма на Максим Горки во концептот на оваа мошне иновативна и автентична режисерка ја пронајдоа својата актуелност, а која низ нејзините минималистички интервенции оваа драма ја преврти ракавицата на лажниот еуфемизам на дваесет и првиот век. Претставата која во временска екстензија од 110 минути успеа да ги отвори сите дилеми на деветнаееттиот век и да ни ги покаже како видлива сенка на злото кое не си заминало и се уште демне некаде зад аголот. Оваа претстава во својот многу аналитички третиран реализам не вовлече во еден свет кој се чини дека не си заминал, свет во којшто револуцијата не се случува со целата своја сила, донесувајќи ни фантастична актерска енергија и креации за паметење. „Збогум Линдита“ е претстава која со себе ја носи возбудата на традиционалноста во јадрото на човековото битие, неговите смртни состојки и на интерпретацијата на слободата. Без текст, но со совршено јасен емотивен и надворешен израз на актерите, младиот режисер Марио Бануши ги отвори сите дилеми на припадноста, интимата и семејното јадро во време кое одлично кореспондира со минатото и конзервативноста, но многу малку со сегашноста и иднината. Автентичната режија и силната актерска енергија донесоа големо возбудување на овој фестивал. А секако, тука е и претставата „Како и сите слободни девојки“ по текстот на Тања Шљивар која во концептот на Селма Спахиќ многу директно и храбро говори за скандалот на малолетната бременост по чии мотиви е и пишувам овој драмски текст. Оваа инсценација има една цинична глазура и секако е исткаена од тој т.н. постдрамски театар и низ раскажувачката структура делува многу импактно и моќно.
Овој БИТЕФ низ другите претстави се занимава и со климатските промени, со интимните недоразбирања, а и со застрашувачката неизвесност на емиграцијата. Жирито во состав: Ана Вујановиќ, професорка на Универзитетот за уметности во Берлин, Наташа Барбара Грачнер, словенечка актерка и професорка по актерска игра во Љубљана, Синиша Илиќ, ликовен уметник и сценограф, Жорис Лакост, театарски режисер и Ирис Рефетседер, драматургинка на фестивалот Винер Вествохен во Виена, Австрија Гран при-то „Мира Траиловиќ“ за најдобра претстава го додели на претставата „#Jeanne” по текст на Ивана Сајко и во режија на Ања Суша, додека наградата „Јован Ќирилов“ отиде кај претставата „Збогум Линдита“ по концепт и режија на Марио Бнауши. На Марио Бануши му беше доделена и наградата за најдобра режија која ја доделува жирито на „Политика“ во состав: Андраш Урбан, режисер, Гордана Поповиќ, уредничка на културната рубрика на Политика, Ана Тасиќ, театарска критичарка, Борка Голубовиќ Требјешанин, новинарка на Политика и Вељко Миќуновиќ, режисер.
Овој БИТЕФ може да се пофали со голема и разновидна придружна програма каде што се најдоа многу интересни театарски проекти на културната установа „Пароброд“ од Белград, Србија; „Театарот Форт Форно“ од Хрватска, „Рефлектор“ театарот, таеатрот „Мимарт“ од Белград, како и малиот театар „Душко Радовиќ“ од Белград со режисерските видувања на Милена Богавац, Ирена Поповиќ Драговиќ, Борјана Лазиќ, како и предавања и дебати водени од угледни театарски имиња.
Педесет и седмото издане на БИТЕФ е крик на силата која неизмерно сака да ја врати човековата слобода таму каде што и е местото – во човекот. Овој театарски фестивал со оваа комплексна програма како да се враќа на деновите на неговиот сјај и ангажман. Силата на театарскиот израз е полифонична и опфаќа голем конгломерат на луѓе, па некако наликува и на револуција. Овој БИТЕФ ни покажува дека револуциите сепак, можат и да се случат, но и да не поучат.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…