(Кон 11-то издание на годишниот фестивал на Националниот театар од Клуж Напока под наслов „Огледала“ одржан од 12 до 15 октомври, 2023 година во Клуж Напока, Романија)
Движењето на театарската уметност секогаш оди паралелно со општествените и политички турбленции. Нејзината актуелност е секогаш причина за промени во внатрешноста на човековиот ангажман најмногу заради нивната порака која во цврстите концепти знае да биде многи силна и инспиративна. Годишниот театарски фестивал на Националниот театар од Клуж Напока одржан по дванаесетти пат и наречен „Огледала“ ја огледува целата поразителна стварност на дваесет и првиот век во изборот на претстави кои никого не оставија рамнодушен. Овој театар може да се пофали со огромен уметнички предзнак и незапирлива актерска енергија.
Со водството на директорот на театарот Михаи Маниуциу и Штефана Поп-Чуршеу, драматургинка на театарот, овој фестивал во своите дамари крие голема моќ и артизам. Во програмата можеа да се проследат седум различни режисерски видувања и седум мошне интересни театарски настани како: „Црното огледало“, монодрама на Јонут Карас базирана врз кратките раскази „Количка“ и „Здив“ на Луиџи Пирандело и во режија на Роберто Бачи; „Нескротената фурија“ по текст и во режијата на Лета Попеску и во адаптација на Марија Манолески, а по комедијата на Вилијам Шекспир; „Свртничари“ по текст на Георге Лунгочи, а во режија на Драгош Поп; „Глава за раздавање“ по текстот на Георге Ципријан во режија на Александру Дабија; „Дона Хуана“ по текст на Раду Станца, а во режија на Тудор Лучану, „Амфитрион“ од Молиер во режија на славниот Силвиу Пуркарете и претставата „Освојување“ по текстот на Ферид уд-дин Атар во режија на турскиот режисер Чаглар Јигитогулари. Секако тука се и придружните програми кои подразбираа разговор за претставите, кои ги водеа Јон Богдан Лефтер, Марија Зернеску и Марија Константинеску, а не изостанаа и промоциите на театарска литература овојпат преводите на пиесите на Оливие Пи и Ваџди Муавад на романски јазик, како и на книгите „Покажување на Да-Да“ од Штефана Поп Чуршеу, Јоан Поп-Чуршеу и Јон Поп Шкоала и „Шекспир преведен од Адриан Папахаги“. Овој прекрасен театарски настан беше завршен со извонредниот концерт на славните Баланеску квартет кој однесе големи салви на аплауз.
Ова издание на годишниот театарски фестивал на театарот во Клуж Напока не одведе во просторот на социјалните превирања, но и во просторот на реконтекстуализирањето на културите. Она што паѓа в очи во оваа селекција е големата посветеност на овој театар кон актуелизирањето на класиката, но и кон негувањето на малите форми. Во оваа селекција би го истакнал одличниот „Амфитрион“ на Силвиу Пуркарете кој зборува токму за таа реконципираност на културниот постамент во глобални размери. Неговиот Амфитрион е реплика на авторитаризмот изразена преку иронијата која кај Молиер ја има многу малку, додека кај овој голем режисер е извлечена во една многу интересна форма за која би рекле дека е повеќе визуелна отколку внатрешна. Имено, леглото на човековата раскалашеност е гама во која се раѓа новиот свет што не го разбираме, но го конзумираме.
Се чини дека тука некаде се движи ова гледање на Пуркарете на овој класичен текст на Молиер. Егазктноста на актерската игра, одличната визуелизација говорат за една автентичност која боли и загрижува, додека актерските партии на Матеи Ротару како Амфитрион и Јонут Карас како Јупитер воодушевуваат со својата длабочина и израз. „Дона Хуана“ на Тудор Лучану воодушеви со својата форма, како визуелна така и изразна, говорејќи за клаусторфобијата на женскиот аспект во машкиот свет; одлично одиграна драма за преформулирање на светот, процес кој никако да се доврши. Овде, во оваа претстава исто така блеска актерскиот персоналитет на Матеи Ротару, но овојпат заедно со сјајната актерка Цецилија Лучану Донат. „Освојување“ е претстава која во малата сцена на театарот донесе огромна енергија и страст. Еден од најубавите режисерски концепти врз текстот на Ферид уд-дин Атар на режисерот Чаглар Јигитогулари. Ова видување има една чудна интерпретација на овој симболистички текст кое режисерот го нарелува „Шаман-панк“ каде што во осум песни секој актер ја раскажува својата приказна. Сите осум песни имаат своја автентичност, но нивната вклопеност ја создаваат автентичноста на проблемот на културолошката поставеност на целиот свет. Актерската посветеност на оваа претстава е драгоцена и тука се истакнуваат сјајните актерски партии на Минеа Бридариу, Раду Догару, Анча Хану, Дијана-Јоана Личу, Лорина Мереи, Михаи-Флоријан Ничу, Кристијан Рикман и Санцијана Тарца. Од оваа селекција исто така остави многу силен впечаток и „Нескротената фурија“ која во еден колоритен аспект донесе едно фарсично и мошне актуелно видување на овој класичен текст на Шекспир каде што со своите моќни актерски партии би ги издвоиле Космин Станила во улогата на Михаи (Петручио), Цецилија Лучиану – Донат во улогата на Ирина (Катарина) и младиот Раду Догау како Драгош (Хортензио), сликовити и диховити ликови достојни за секоја почит.
Фестивалот „Огледала“ на Националниот театар од Клужа Напока е вистинско огледало на романскиот, но и на Европскиот театар. Оваа театарска институција воодушевува со својата актерска енергија, со својата режисерска оптика, но и со продукциската полтика која секоја година им нуди на театарските критичари, продуценти и селектори интересен избор од уметнички дела. Она што значи „театар во времето“ се огледува на сцената на овој извонреден театар.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…