Актерот Мето Јовановски, еден од доајените на македонското глумиште почина на 77 години.
Јовановски во 1971 завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Поголемиот дел од јавноста се сеќава на неговите филмски улоги во филмовите „Тетовирање“ и „Среќна нова 49“, но она што го направи Мето Јовановски горостас на македонската и југословенска театарска сцена беа улогите како Хамлет во истоимената претстава во режија на Слободан Унковски од 1977 година, како Профириј Петрович во „Злосторство и казна“ на режисерот Егон Савин и Вујко Вања во истоимената претстава на Чехов.
Неговите театарски улоги не можат и да се набројат. Тој беше срцето што најсилно чукаше во Драмскиот театар Скопје, во времето кога овој театарски ансамбл жареше и палеше на југословенската сцена со извонредна енергија, знаење, промисленост и неверојатна креативност.
Кога во 1973 години ја имаше првата филмска улога во филмот на Коле Ангеловски, „Колнати сме Ирина“, потоа во 1976 глумеше во „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо, а следната година во „Пресуда“ на Трајче Попов, Мето Јовановски влезе со сета своја аура на големото филмско платно и од него не излезе толкувајќи улоги на кои се сеќаваат генерации.
Улогата на работникот Илија во „Тетовирање“ на Столе Попов (1991) му донесе регионална слава. А репликите од филмот, кога ликот што го толкува е неправедно обвинет за убиство и завршува в затвор (а потоа е убиен од еден специјалец) до ден денес се прераскажуваат или употребуваат во различни контексти од општествениот живот.
Претходно, во филмот на Столе Попов „Среќна нова 49“ од 1986, Мето Јовановски го глумеше Драгослав, кој се враќа од Советскиот Сојуз дома по резолуцијата на Информбирото и не може да разбере што се случува во југословенското општество по судирот меѓу Тито и Сталин. Јовановски беше маестрален во филмот кој ги донесе во колизија него и неговиот помал брат во дадените историски превирања.
Речиси и да нема македонски актер кој толку извонредно глумел и во театарот и во филмот. Тоа беше работа која го издвојуваше Мето Јовановски – тој многу добро знаеше да оцени како да се глуми на театарската сцена, а како на филмските сетови.
Роден е во пехчевското село Панчарево во 1946 година. Студираше Театарска акдемија во Софија и по враќањето во Југославија првиот ангажман му беше во Народниот театар во Штип. Кога неговиот талент и знаење станаа претсесни се префрли во Драмскиот театар во Скопје. Глумеше на многу сцени во Македонија и во некогашна Југославија. Во драмите на Горан Стефановски – „Диво месо“ и „Лет во место“ – беше равенката која ја носеше претставата.
Од другите театарски претстави треба да ги споменеме „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Јане Задрогаз“, „Галеб“, Смртта на Дантон“… а од филмовите „Пред дождот“, „Засега без добар наслов“, „Нечиста крв“, „На пат за Катанга“, „Трето полувреме“…
Двапати е добитник на државната награда „11 октомври“ и на бројни други државни признанија. Добитник е и на државната награда за животно дело „Војдан Чернодрински“. Пет пати бил прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран“. Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Четири пати лауреат на наградата „Милтон Манаки“.
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае…
На 14. септември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week. Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и…
Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на ДПМ. Во понеделник, во 11:00 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат прогласени добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, чијшто конкурс минатата година беше одложен поради случувањата во Друштвото, односно долгата…
Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес….
Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава по 27-ми пат ќе се одржи традиционалниот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ на кој ќе бидат изведени единаесет комедии од театри од државата и соседните земји, Бугарија и…
Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември….
Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во…
Вчера, во „Куршумли-ан“, старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август. Објектот Куршумли ан, како и секоја година и оваа година беше исполнет до последното место, а публиката со долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“, кои традиционално се претставија со…