Од вечерва, на МОТ почнуваат претставите во селекција за наградата БИШ
— 13 ноември, 2023
Од вечерва на 48. МОТ, почнуваат претставите за селекција за наградата БИШ, иницијатива која започна минатата година, како дел од заложбите за поддршка и промоција на домашната независна сцена. На отворениот повик, се пријавија 25 театарски претстави од домашната независна продукција, од кои се одберени шест претстави.
Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ по текст на Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, е првата претстава во официјална селекција за наградата БИШ, а ќе биде изведена вечер во 20 часот на малата сцена на Македонската опера и балет во Скопје, а втората претстава во истата вечер е „Немиот келнер“ закажана за 22:30 во киното Фросина при МКЦ.
„Вилицата на Ибен Бајерс“ сведочи за извонредниот подем и трагичниот пад на Ибен Бајерс, човек обземен од амбиции и заробен од смртоносна привлечност. Така, со возбудлив приказ на ненаситната потрага на еден човек за моќ, оваа претстава навлегува во вистинската приказна за протагонистот, харизматичен индустријалец чиј живот добива судбоносен пресврт кога ќе наиде на моќен напиток. Застрашувачко истражување на човечкиот дух, што ги истакнува опасностите од неконтролираната амбиција и кревкоста на нашето постоење – сплет на хибрис и трагедија, кои даваат одговор на многу навидум едноставни, но сепак комплексни човекови дилеми.
Во претставата играат, Марјан Наумов, Ава Хусеини, Благојчо Стојанов, Томислав Давидовски, Јанка Лефкова, Гоце Андонов, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли. Продуцент на претставата е Андреа Маркоска, драматург Стефан Миленков, костимографијата е на Марта Дојчиновска, сценографијата е на Ненад Тонкин и музиката е на Сашко Костов.
Втората претстава „Немиот келнер“ во режија на Александар Ивановски од авторот Харолд Пинтер е политички ангажирана претстава, која зборува преку секојдневните човечки односи и се занимава со процесите и состојбите низ кои поминуваме додека сме обесправени, немоќни и понижени.
Бен и Гас се наоѓаат во подрумска просторија и се во исчекување на насоките за извршување на нивната следна задача. Но, настаните го менуваат својот вообичаен тек. Ова не е апсурд. Ова е реализам кој ја прикажува апсурдноста на нашето постоење. Сите сме ликови затворени во Пинтеровиот подрум, несвесни дека нашите животи не ни припаѓаат само нам. Веруваме дека самите ги носиме своите одлуки, цинично судиме за туѓата глупост, длабоко уверени дека ние сме поинакви. Но што кога ќе се скрши илузијата и ќе сфатиме дека целото ова време пред нас стоела чиста моќ? Бидејќи моќта е постојано тука некаде: во соседната соба, позади вратата, во ходникот. Дури и кога е непрепознатлива и скриена, законот на моќта секогаш дејствува. Во претставата играат Васко Костовски, Мартин Ѓоргоски.
Превод од англиски е на Марио Стојаноски, улогата на извршен продуцент е на Батухан Ибрахим, сценографијата е на Ненад Тонкин, костимографија на Елена Кузманова, дизајн на светло е на Андреј Неделковски а плакатот за претставата го изработи Тео К. Атанасовски.
Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае…
На 14. септември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week. Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и…
Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на ДПМ. Во понеделник, во 11:00 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат прогласени добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, чијшто конкурс минатата година беше одложен поради случувањата во Друштвото, односно долгата…
Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес….
Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава по 27-ми пат ќе се одржи традиционалниот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ на кој ќе бидат изведени единаесет комедии од театри од државата и соседните земји, Бугарија и…
Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Владимир Пиштало. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 17 септември….
Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во…
Вчера, во „Куршумли-ан“, старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август. Објектот Куршумли ан, како и секоја година и оваа година беше исполнет до последното место, а публиката со долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“, кои традиционално се претставија со…