Култура

Христо Петрески поднесе оставка од функцијата претседател на ДПМ

По оставките на осумте на претседателството на Друштвото на писатели на Македонија, ДПМ, Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска, Александра Јуруковска и Бранко Цветкоски, неотповиклива оставка поднесе Христо Петрески, од функцијата претседател на ДПМ. Тој преку преку писмено соопштение информираше дека поднел оставка од здравствени причини.

– Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, наведува Петрески. 

Оставката на Петрески следува по оставките на 8 од 9 члена на Претседателството на ДПМ и реакциите на авторите во јавноста. Во соопштението објавено од писателите, тие се заблагодаруваат на членството во ДПМ и за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа. Неофицијално, оставките се последица од незадоволството од актуелниот претседател Петрески, кој во неколку наврати го нема консултирано Претседателството за бројни одлуки кои ги донел на своја рака. Затоа, членовите кои поднесоа оставки, не сакаат да бидат поврзувани со некои одлуки и решенија зад кои не стојат и не се консултирани.

Како осма неотповиклива оставка од членството во Претседателството на ДПМ, следеше во петокот од страна на книжевникот Бранко Цветкоски, а причина е непочитување на статутот на Друштвото и приватизира ње и манипулирање на тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на Претседателството од страна на актуелниот претседател на ДПМ пистаелот Христо Петрески.

-Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното Претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството, наведе Цветкоски во писмениот допис до медиумите.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески вчера преку соопштение во целост ги отфрли, како што наведува, сите невистини и инсинуации изнесени во јавноста.

Автор: