Почетна / Насловна / Настани / Како да се распознаат лажните вести, кому да веруваме на интернет, како да ги заштитиме сопствените лични податоци, предавање на Метаморфозис
Како да се распознаат лажните вести, кому да веруваме на интернет, како да ги заштитиме сопствените лични податоци, предавање на Метаморфозис
— 9 октомври, 2023
Богата програма со проекции на филмови и дискусии се на програмата на претпоследниот ден на фестивалот на 11. „Џифони Македонија“. Денес на „Џифони Македонија“ сениорите ќе го гледаат „Утре, некаде, покрај морето“, кај кадетите на програмата е српскиот филм „Мрак“ во копродукција со Данска, Бугарија, Грција и Италија, а на дискусијата по проекцијата ќе гостува актерката Илона Милов. Јуниорите во Кинотеката ќе го гледаат рускиот филм „Таму и назад“, по што ќе имаат можност да разговараат со режисерот на филмот Олег Асадулин.
Во 15.45 часот во киното „Фросина“ ќе следи втората ЕПИК панел дискусија, на тема „Иновативна едукација: Предавање вредности преку филм и креативност“. Ќе бидат разменети искуства за иновативни едукативни модели и потенцијалот на филмот и уметностите во процесот на пренесувањето на вредностите“. Џифонци ќе можат да ја проследат проекција на краткиот филм
„Животот на една даска“ на младата Леона Јариќ, по што ќе следува разговор со авторката. Во 18 часот ќе следува проекција на докудрамата „Учениците од Умберто Примо“, грчко-италијанска копродукција во режија на Алесандра Мајолети. Филмот зборува за нераскажаните приказни на девет еврејски ученици што учеле во италијанското училиште „Умберто Примо“ во Солун за време на нацистичката окупација и е базиран на архивски материјал откриен во 2003 година од италијански професор и сведочења на преживеаните протагонисти. Попладневните проекции се од отворен карактер.
Како да се распознаат лажните вести, кому да веруваме на интернет, како да ги заштитиме сопствените лични податоци, беа само дел од темите што на вчерашниот ден ги отворија Мери Јордановска, заменик-уредничка на Мета.мк и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист од фондацијата „Метаморфозис“. Тие им презентираа голем број примери за начините на кои се шират лажните вести и дезинформации, особено на Западен Балкан. Развојот на новите технологии, рекоа говорниците, има и добри, но и лоши страни. Сето тоа може да придонесе публиката да биде изманипулирана и излажана, а последиците можат да бидат од огромни размери.
-Штетите од лажните вести и од дезинформациите можат да го загрозат човековото здравје, ако на пример купувате медицински продукти кои лажно се претставуваат на интернет како да се одобрени од стручни медицински лица, можат да ви ги испразнат вашите или картичките на вашите родители, доколку вршите уплата на сомнителни веб-страници каде што се бараат
вашите лични податоци. Дезинформациите можат да ја сменат вашата перцепција во однос на општествените и политичките случувања и да ви јават сомнежи во однос на научните и медицинските наоди“, им посочија говорничките на средношколците.
-Кога една лага ќе биде повторувана многу пати, таа лесно може да стане вистина за луѓето. Така и се шират дезинформациите. Луѓето отсекогаш сакале да си ги објаснат работите што не им се јасни на различни начини, со виша сила или со убедувања. И денес има луѓе коишто едноставно се
подложни на манипулација. Секоја од вашите земји од кои доаѓате има барем еден субјект што работи проверка на факти, а некаде и повеќе. Секогаш кога имате сомнителна информација, пријавувајте ја таа содржина – рече Ковачевска.
Големо внимание вчера предизвика светската премиера на краткиот филм „Јан“ на младиот босански режисер Кенан Мусиќ. Многу прашања и импресии од филмот споделија средношколците со режисерот Мусиќ и дел од авторската и актерската екипа. Џифонци имаа ексклузивна прилика први да го видат филмот што ја отвора темата на справување со предрасудите и борба за лична
слобода на младите луѓе. „Ејџ-Би-О Макс“ веќе го откупи филмот за прикажување, а паралалено се снима и ТВ-серија со седум епизоди.
-Секогаш се одушевувам од публиката на Џифони, затоа што е многу искрена и специфична. Затоа ми беше многу важно вие да го видите филмот. Живееме на Балканот, каде што не се прифаќаат така едноставно многу теми, како што е хомосексуалноста. Имавме голема поддршка генерално од медиумите, но имаше и такви крајно конзервативни, коишто без да го гледаат филмот, го осудија само според трејлерот– рече Мусиќ. Нашата цел е да зборуваме за слободата на изразување, додаде младиот автор.
Јордановска им појасни како да препознаат дали треба на една интернет-страница да ѝ веруваат.
-Доколку нема име на фирмата основач, нема контакт, нема потпишан автор, сајтот нема импресум, односно кој работи на него, тогаш не треба да му верувате и да го сметате за релевантен. Исто така, бидете посебно внимателни со сите тие наградни игри што ви бараат лични податоци – посочи Јордановска
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…