Култура

Доколку не се направи пресврт токму сега, ДПМ ќе ја доживее агонијата следствено од трауматичната состојба на една институција…

Оставките на осумте членови на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија се следствени на онаа што пред една година ја даде Јулијана Величковска како тогашен плен на Претседателството. Што е најинтересно, дури и Бранко Цветкоски, писателот и член на Друштвото кој бил назначен за член на Претседателството во нејзина замена, дури и тој си даде оставка. Оваа објава на фејсбук профилот на Друштвото е напишата од кого, и во кое својство? Ако оваа многу критичка состојба продолжи со „замена“ на сите осум членови се поставува прво моралното прашање: како и со кој кредибилитет „челниците“ на Друштвото на писателите ќе ја продолжат својата работа и кој е тој што сега ќе седне на местата на овие осум, сега веќе поранешни членови на Претседателството имајќи во предвид дека се работи за големи имиња на македонската книжевност. Секако, дека она што треба веднаш да се направи Претседателката на Собранието е да објави ново Генрално собрание и датум за избори на ново раководство кое ќе направи коренити промени во статутот и работата на Друштвото на писателите во понатамошниот период. Ако оваа, критична состојба се претвори во нешто „минливо“ и Друштвото на писателите ја „продолжи“ својата работа со некои „други“ членови на Претседателството донесени на шверцерски начин, тогаш тоа ќе биде дефинитивно крај на оваа исклучително значајна институција која треба да ги претставува правата на писателската фела. Секако дека е во тек конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес и некој треба да аплицира на тој конкурс како за гонишените награди „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Ванчо Николески“ и „Димитар Митрев“, како и за проектите што треба да се работата во следната година. Кој ќе го прави тоа? Кој ќе го одобри следниот план за аплицирање? Како ќе биде верификуван новиот состав на Претседателството ако тоа биде донесено на погоре споменатиот шверцерски начин со предлози на Претседателката на Собранието и Претседателот кои остануваат сами во целата оваа ситуација. Доколку не се направи пресврт токму СЕГА, Друштвото не писателите ќе ја доживее агонијата следствено од трауматична состојба на една институција која ја воделе големи имиња на македонската книжевност.

Пред некој ден случајно, заради мојот напис во театарското списание „Лудус“ бев во Друштвото на драмските уметници на Србија (кое кај нас за жал го нема) каде што љубезната госпоѓа која работеше на организацијата на списанијата на Друштвото ми зборуваше за нивните активности и за тоа како тоа Друштво ги застапува драмските уметници во Србија, за сите ситуации во кое се наоѓале итн.

Легитимитетот е основата на Друштвото на писателите на Македонија. Во тоа Друштво треба да може и да се влезе во зависност од писателскиот легитимитет, но и да се излезе во зависност од висината на зачувувањето на тој ист легитимитет. Затоа, во овие моменти сите членови на Друштвото на писателите на Македонија треба да го поттикнат новото Генерално собрание каде што ќе се изберат новите раководни лица и новото Претседателство.

Сашо Огненовски