Со проекцијата на филмот „Брижит Бардо, засекогаш“ во режија и по сценарио на Лех Мајевски од викендов почна претставувањето на полската кинематографија во рамките на фестивалот Киненова.
Станува збор за второ издание на полскиот филмски фестивал „Висла“, кој во партнерство со МФФ Киненова од 13 до 18 октомври во Скопје ќе ги прикаже и филмовите: „Опасни Господа“ во режија на Мачеј Кавалски, „Под површината“ во режија на Јацек Блавут, „25 години невиност: Случајот на Томек Коменда“ во режија на Јан Холубек.
„Опасни господа“ на Мечеј Кавалски ја раскажува приказната за тројца мажи кои се будат по многу пијана ноќна забава и никој на ништо не се сеќава
Во „Брижит Бардо, засекогаш“, Мајевски го прикажува периодот на средината на 20-от век во Народна Полска. Главниот лик, Адам живее со својата мајка, а таткото бил пилот од Втората светска војна и подолго време никој нема слушнато ништо за него. Не е познато дали тој останал во Англија или се вратил во земјата и се крие за да избегне прогон. Од него пристигнуваат пакети и разгледници, но Адам, кој никогаш не го видел својот татко, се сомнева дека пакетите ги испраќа некој друг. ..
Во „Брижит Бардо, засекогаш“, Мајевски го прикажува периодот на средината на 20-от век во Народна Полска
„Опасни господа“ на Мечеј Кавалски ја раскажува приказната заТадеуш Бој-Зелењски, Виткаси, Џозеф Конрад и Бронислав Малиновски кои се будат по многу пијана ноќна забава, никој на ништо не се сеќава, а ситуацијата не ја подобрува ниту лешот на непознат маж пронајден на подот. Згора на тоа, државните обвинители чукаат на вратата од куќата и тука е почетокот на неволјата…
Филмот „25 години невиност“ – режисерското деби на Јан Холубек е трогателна трилер – драма базирана на вистински настан во Полска
Јацек Блавут во „Под површината“ не враќа во 1940 година, додека сојузничките војници френетично се евакуираат на плажите во Данкерк, полската подморница ОРП Орзел тргнува на опасна мисија во Северното Море. На линијата на движење ќе наиде на подводни мини, воздушни бомбардирања и непријателски бродови. Екипажот мора да се соочи со зголемена физичка и ментална исцрпеност. Но, вистинскиот непријател е невидлив, скриен во клаустрофобичната внатрешност на бродот…
„Под површината“ не враќа во 1940 година, кога сојузничките војници френетично се евакуираат на плажите во Данкерк
Филмот „25 години невиност“ – режисерското деби на Јан Холубек е трогателна трилер – драма базирана на вистински настан во Полска. Филмот ја раскажува приказната за животот на Томаш Коменда – млад човек погрешно осуден на 25 години затвор за силување и убиство на тинејџерка. Филмаџиите се обидуваат да најдат одговори на прашања кои и денес ги мачат сите. Како можеше ова да се случи? Зошто еден невин човек мораше да чека 18 години во ќелија за правда
Целта на фестивалот „Висла“ е да ја претстави полската култура во странство и да ја промовира полската кинематографија.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…