Ние ја викаме „куќа“ и ја подразбираме како дом, а тие ја нарекуваат „хижа“ со исто значење, но со една божественост чиј изблик се вгнездува во нашите впечатоци. Се работи за Матуловата хижа, или Матуловиот грунт, како што во својата кајкавштина знаат да го наречат имотот меѓумурците. Зошто Матулов грунт? Пред малку кажавме дека грунт значи имот, додека кајкавското наречје пеперутката ја нарекува „матул“, па оттаму оваа стогодишна куќа која се наоѓа во прекрасното село Фркановац ја нарекле Матулов грунт. Како совршено добро зачувана градба од тој вид на архитектура која брои цел еден век зад себе, извонредно реновирана и адаптирана по најмодерните стандарди на дваесетт и првиот век, ова волшебно место кое се наоѓа на подрачјето на еколошката мрежа Натура 2000, недалеку од локалитетот не Бедековиќевата граба, недалеку од словенечката граница, постанува совршен образовно-истражувачки центар на република Хрватска посветен на сината пеперутка и првата уметничка и научна резиденција во Меѓумурската жупанија. Денешниот комплекс се состои од старата куќа која датира од 1840 година, коцка која ги имитира т.н. брајди што се наоѓале овде, извор, хотел за бубачки, сеник, биоградина и интерпретациски плочи и клупи.
Оваа писателска, научна и преведувачка резиденција од 2021 година наваму собрала многу интересни пистелски и научни имиња меѓу кои се: Томислав Шоваговиќ, Свен Поповиќ, Вернес Субашиќ, Анела Борчиќ, Светленка Перегрин, Дорис Ранчиќ, Звонимир Гроздиќ, Борис Божиќ, поетот и книжевен критичар Бранислав Облучар, како и Анита Вуцо, Сања Пилиќ, Божица Јелушиќ, Јелена Радовановиќ Куклер, младиот истражувач од Смерика Џон (Џек) Џенета и мојата маленкост како последен резидент во ова прекрасно пребивалиште на митот и природата. Токму така, оваа сјајно дизајнирана куќа сместена во падините на селото Фркановец, од чие соседсво во книжевниот свет запловил и големиот хрватски прозаист Кристијан Новак можете да се предадете и на инспирацијата, но и на своите нови преводи. Септемвриското сонце ми ја донесе најголемата дилема која многу сериозно се постави во мене: да се работи или да се шета низ таа убавина и да се прави она што младиот Џек го нарекуваше: истражување на животот. Тонејќи во инспиративните води не можете, а да не се предадете и на она што значи митска подлога на ова прекрасно место, да не се обѕрнете кон убавините кои во своите дамари кријат безброј приказни и тажни и смешни, да се свртите кон едно умеење чија духовна константа се подвила под вас и ви ја помрднала статиката и рамнотежата донесена од урбаните геометрии, сиви и непожелни.
Со Матуловиот грунт управува Меѓумурската природа – јавна установа за заштита на природата. Куќичката со прекрасен ентериер носи здив на минато свиткано во една легендарна обвивка со универзално значење. Во тоа место вашиот сон никогаш не е ваш. Некаде помеѓу прекрасната поставка на пеперутки се наоѓа вашата желба да полетате и ноќум да се одвоите некаде нагоре кон ѕвездите кои надвор, на таа падина каде што тревата е мека како тепих имате чувство дека ќе ги допрете, дека ќе паднат на вашата дланка и дека сите пеперутки ќе излезат од зад страковите трева и ќе пролетаат околу вас создавајќи една лирска обвивка од која ќе потечат стиховите кои имате намера да ги напишете, а не сте знаеле како. Навечер, низ разговорите со Џек Џенета се обидувавме да го протолкуваме ова место кое тој го споредуваше со некои Американски топоси. Младиот истражувач напишал цела книга од впечатоци кои не се протегаат само низ падината на таа волшебна куќичка, туку ги има и на другите места, во Крижовец, на Маџеркиниот брег, видик од каде што се гледаат т.н. скалести лозја, природа која во себе ги содржи сите светски бајки и легенди.
Овде мораме да го споменеме прекрасниот проект, центарот за посетители „Меѓу две води“ (Med dvemi vodami) кој го води токму Јавната установа за заштита на природата под грижливо водство на Синиша Голуб и со фантастичниот тим на истражувачи и под чија кративна гама се наоѓа ова парче рај на земјата. Џон (Џек) Џенета зборува за неговата поврзаност со проектот на Алдо Леополд, голем американски истражувач и на неговата посветеност на антрополошките и човечки студии кои се посветени на заедниците и начините на живот во нив. Овде некаде се вгнездила и книжевноста. Случајно, моите почетна посветеност на преведувањето започнале токму од романот на Кристијан Новак, „Црна мајка земја“ кој како што споменав потекнува од овие краишта и некако судбински по неколку години, ете токму преводот ме донесе до ова место завиено во тајни и убавини. Секако, преводот, но овојпат и новата поезија која ќе си го најде своето место следната година своите никулци ќе ги однесе токму од ова место, а секако со нив и моите дилеми околу минатото и бесмртноста, околу искуствената трагика и неискусената среќа, околу судбината и нејзината вертикала во човековите желби и страдања, околу иницијалната искра на тагата и тенката линија на радоста.
Матуловиот грунт повикува секогаш кога ќе се присетите на миговите поминати гледајќи низ малите прозорчиња во светулките кои лидаат по малите ледини пред куќата, секојпат кога се будите ноќе поведени од помислите дека некаде во аголот седи нечија душа и тагува, но и кога ќе помислите на сите тие прекрасни луѓе со кои ги поминувавме деновите низ волшебното Меѓумурје, на луѓето чија насмевка и благост ни додале уште некое убаво време кое како да застанало во тој миг, како да се вовлекло во нас и отчукува во место сакајќи и тоа да остане така, неподвижно и да ужива во рајот чиј повик одѕвонува како тивките црцорееа на птиците што не ги гледаме и како тенките светлинки на пеперутките, на тие „матули“ кои светат во мракот.
Нашите дела ќе се родат и некако ќе се вселат кај читателите претворајќи се во импресии, а со нив и кај нас и кај нив ќе останат искрите од едно искуство кое никогаш нема да исчезне затоа што е впишано во нашата духовна мапа, во нашите желби и мисли.
(Кон претставата „Геа“, во режија на Давиде Сако и во изведба на театарската трупа Ерос АнтЕрос, фестивалот Полис од Равена, во копродукција со фестивалите ФИАТ од Подгорица и МОТ од Скопје. Главна улога: Агата Томшиќ) Геа или Гаја е персонификација на Земја, синоним за прагматиката на животот отелотворена во божица која ги родила Титаните, Киколопите…
Наградата за најдобра режија во програмската секција „Envision”, на најголемиот светски фестивал за документарен филм ИДФА во Амстердам, ја доби Кумјана Новакова за нејзиниот долгометражен филм „Молкот на разумот”, кој во Амстердам ја имаше својата меѓународна премиера. Наградата ја доделува петчлено жири, a фокусот на натпреварувачката секција „Envision” е на меѓународни или светски премиери на…
(Кон претставата „Браќа Карамазови“ по романот на Ф.М. Достоевски, во режија на Оливер Фрљиќ, а во продукција на ЗКМ од Загреб, Хрватска. Главни улоги: Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адријан Пездирц, Катерина Бистровиќ Дарваш, Линда Бегоња) „Браќа Карамазови“ се пишувани неколку години откако Александар II ги отвора јавните судови и го ослободува коланот за печатот „дарувајќи“…
„Песната на пророкот”(Prophet Song), роман со дистописка визија на Ирска зафатена од тоталитаризам, е добитник на Букеровата награда за 2023 година. Автор на романот е 46-годишниот ирски писател Пол Линч кој за првпат ја добива оваа престижна книжевна награда. Дејството е сместено во Даблин, а во фокусот е семејство кое се соочува со застрашувачки нов…
Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 170-та сесија, која штотуку заврши и е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 Евра. „Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не…
(Кон 48-то издание на Младиот отворен театар одржано од 8 до 18 ноември 2023 година во Скопје) Театарот со својата актуелност неизбежно станува нераскинлив дел од ткивото на општествените и политички движења особено на овие простори. МОТ веќе скоро пет децении е токму тоа: театарски фестивал кој не потклекнува на ниедно искушение и тој е…
Старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година. „Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци…
(Кон Косовскиот театарски шоукејс, одржан од 24 до 29 октомври 2023 година во Приштина, Косово.) Косовскиот шоукејс е дефинитивно најинтересниот театарски настан кој има за цел да го презентира Косовскио театар на театарските практичари и теоретичари ов Европа и светот, а кој во исто време ја пружа можноста за вмрежување и споделување на идеи и…