Почетна / Насловна / Настани / ИФФК „Браќа Манаки“ се отвора утре со „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски
ИФФК „Браќа Манаки“ се отвора утре со „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски
— 22 септември, 2023
Седумдесет и девет филмови ќе се прикажат на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, кој почнува в сабота, а ќе трае до 29 септември. Фестивалот отвора со македонската премиера на „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, кој е македонски кандидат за Оскар, а затвора со премиерата на „Лена и Владимир“, дебито на Игор Алексов.
„Домаќинство за почетници“ на 6 септември имаше светска премиера на 80. филмски фестивал во Венеција во програмата Хоризонти, имаше одлични рецензии и ја доби една од паралените награди Квир лав. Филмот е во продукција на „Лист продукција-Скопје“. Играат Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена“ (2007) на Кристиан Мунџиу) и Алина Шербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Сара Климоска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим и други непрофесионални актери од Македонија. Дистрибутер на филмот во САД е „Фокус фичерс“, рака на холивудското студио „Универзал“ кое ги има светските права за дистрибуција.
На вчерашната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“, која се одржа во Офицерскиот дом во Битола, директорот Мони Дамевски информираше за програмата и за македонските филмови кои ќе го отворат и затворат овој фестивал, програмите од кратката селекција, документарните филмови, студентските филмови, како и филмовите кои публиката ќе може да ги погледне на отворено од своите автомобили.беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата.
44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат со врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.
-На Фестивалот ќе се одржи тркалезна маса на шест исклучителни жени кинематограферки кои ќе проговорат за предизвиците во професијата, Балканска конференција на кинематографери од која ќе произлезе Манифест, потоа сите кино-прикажувачи ќе потпишат Меморандум за да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината, следува проектот „Наследниците на Манаки“, каде најмалите се внесуваат во светот на филмот, снимаат филмови и ги прават првите чекори во оваа сфера. Годинава и амбасадите на Германија, Франција и Италија организираат вечери на нивната култура поврзани со филмовите кои ќе бидат прикажани на Фестивалот и авторите кои ќе бидат наши гости, подвлече Дамевски.
Содржините на офф-програмата почнуваат еден ден порано од официјалното отворање на Фестивалот со Филмско кабаре, а нив ги претстави Маја Ангеловска која е координатор на програмата.
Под мотото „На Кино, па Олабај со Манаки офф“ ќе може да се проследат настаните: Наследниците на Манаки/ Филмско патување низ филмовите на Манаки ǀ филмска работилница ǀ со режисерката Марија Џиџева, разговор со Румена Бужаровска; модератор Ана Василева, Aудио презентација ǀ музика за филм во слушачки агол, изложба на фотографии од „Крај Вардарот сесии“ Божиновски часовници и накит и Аудиокултура во Теохаров аудио агол, Аудио презентација ǀ референтен звук во слушачки агол, Филмско кабаре – официјално отворање на програмата, Друштвени игри од Гоблин ǀ со Иво Бару, Мани кадро со Браќата ǀ фото агол, фото изложба „Со Љубов од Битола“ ǀ Центар за европски развој и интеграции – Битола, Проекција на документарниот филм „Манаки“ во продукција на ОХО, Феминистичко Stand up попладне со Софија Ристевска Петрушева и Никола Пројчевски, TIME.SOUND.VISION-Заедничка презентација на Божиновски часовници и накит и Аудиокултура на Теохаров аудио систем, Премиерна аудио презентација на новиот винил „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура “, Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на бендот Паркети. Промотор Тошо Филиповски, Промоција на збирка поезија „Филмски песни“. Автор: Дејан Трајкоски. И музика: Браснислав Николов и Гоце Јованоски, Јазична меморија – Изложба на визуелен приказ на македонски зборови автор: Сташа Божиновска и многу други, информираше Ангеловска.
Годинава, КЦ Магаза се претвора во основна точка за комуникација помеѓу битолчани и Фестивалот „Браќа Манаки“.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…