Триумф на Горан Столевски со „Домаќинство за почетници“ на филмскиот фестивал во Венеција
— 7 септември, 2023
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција од Скопје вчера ја имаше светската премиера на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, а се прикажа во натпреватувачката програма Хоризонти. Филмот беше одлично прифатен од публиката, со неколку минутни овации, а се појавија и првите одлични критики во британското списнаие за филм „Скриндејли“, објаува Агенцијата за филм на Македонија.
„Домаќинство за почетници“ ќе се натпреварува за наградите за најдобар филм, за најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога.
Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм и Горан Столевски
Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот “4 месеци 3 недели 2 дена” (2007) на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Северна Македонија. Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Северна Македонија и Розафа Целај од Косово и многу други професионални и непрофесионални актери од Северна Македонија. Снимањето на филмот се одвиваше во јули 2022 година во Скопје, а додека пост-продукцијата се работеше на релација Европа – Австралија и тоа во Мелбурн, Аделаида, Гетеборг и Варшава.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…