14. „МакеДокс“ носи 75 документарци и над 100 гости
— 10 август, 2023
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 14-то издание, коешто ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје, оваа година главниот фокус го става на монтажата. Затоа и мотото оваа година е „пресечи“.
Годинава Фестивалот ќе се одржи на четири локации – Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар, Даутпашин амам и нашето ново летно кино во Сули-ан. Најавуваме богата фестивалска програма со повеќе од 100 странски гости, професионалци од документарниот свет – истакна Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.
Отворањето на фестивалот е на 17 август во Куршумли-ан со проекција на филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција) и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија), проследени со концерт на локалната група „Искра“. Филмската програма на 14. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска.
– Како и секоја, така и оваа година, доста долго време гледавме и ги „динставме“ документарните филмови за на крајот да пресечеме и измонтираме програма со околу 75 филмови кои ќе бидат прикажани на „МакеДокс“. Монтажата како процес на работа и барање на повеќеслојност во филмската документарна приказна е во фокусот на овогодишното издание, а по тој повод и Земја во фокус одбравме да биде Данска. Заедно со Данскиот филмски институт скроивме програма од 12 дански долгометражни филмови, а го поканивме и светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд да одржи работилница, со оглед на тоа што данските документарни филмови се секогаш добро скроени, дури доведени до перфекција при монтирањето на филмот – рече Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“.
Со проекција во рамките на главната програма на 21 август во Куршумли-ан ќе се одржи македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката и сценарист Петра Селишкар. Станува збор за најново документарно остварување на авторка која досега на „МакеДокс“ ги претставила филмовите „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“.
На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.
Мастеркласовите посветени на процесот на монтажа ќе ги одржат српската режисерка Мила Турајлиќ и хрватскиот монтажер Владимир Гојун на 19 и 20 август во Даутпашин амам. Мастеркласот на Турајлиќ ќе биде поврзан со диптихот документарни филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“, кои ќе бидат прикажани во главната програма на 20 август во Куршумли-ан. Инаку, Стеван Лабудовиќ бил личниот снимател на Јосип Броз Тито.
Како продолжување на претходните успешни искуства, оваа година ќе има работилница за монтажа со данскиот монтажер Јеспер Осмунд и со данскиот критичар Ту Стин Милер. Работилницата ќе се одржи онлајн на 15 август и ќе продолжи од 18 до 20 август. За работилницата се одбрани четири проекти во фаза на постпродукција од Балканот.
– Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Првиот ден од форумот го посветуваме на монтажата, со презентација на 4-те проекти од работилницата за монтажа. Потоа ќе се одржи панел-дискусија помеѓу монтажери и продуценти од Балканот. Претставниците од балканските филмски центри и оваа година се дел од Форумот и тие ќе одржат презентација на можностите за постпродукција и копродуцирање. На 22 август, 11 проекти од Балканот, меѓу кои и два македонски, во различни фази на продукција ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот – објасни Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот.
Форумот е организиран и поддржан од фестивалот „МакеДокс“, Агенцијата за филм на Северна Македонија, МЕДИА деск МК, Грчкиот филмски центар, „Вардар филм“, Документарното здружение на Европа и Младинскиот културен центар – Скопје.
Меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои ќе се одржуваат секој ден во 18 часот во Куршумли-ан и сегментот „Ноќни приказни“, каде што она што зборовите не можат да го искажат ќе биде оставено музиката да го каже со настап на локални бендови. За време на фестивалот ќе се одржи втората сесија на петтата генерација „Докуникулци“, кои се дел од работилницата за креативен документарен филм.
„МакеДокс“ во соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“ ќе прикаже и неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“.
– Повторно сме во Старата чаршија, повторно сме и во Даутпашиниот амам благодарение на поддршката од Националната галерија. Многу не радува што по 14 години успеваме да влеземе во, за нас, нов простор и со разбирање од деканската управа на Факултетот за ликовни уметности ќе имаме проекции во Сули-ан. Сакаме да ставиме акцент на важноста на чаршијата, да не го изгубиме тоа културно јадро и да го негуваме со што повеќе култура во самата чаршија, која како простор е значајна за „МакеДокс“, но и за градот Скопје – рече Дарко Набаков.
Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“ и голем број медиумски покровители.
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…