Култура

Хана Корнети го промовира својот албум во Ла Кања во Старата скопска чаршија

Независниот музички издавач Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција во музичкиот бар Ла Кања. Повод за следниот од серијата настани ,,Шарла – 10 лета околу” е неодамна излезениот деби албум на скопската кантавторка Хана Корнети. Оваа мултиталентирана девојка веќе и е позната на книжевната јавност со својата збирка раскази ,,Млечни заби”, а во музичките води влегува со албумот Голи песни, реализиран за Шарла. Се работи за збирка од осум композиции отсвирени на укулеле и отпеани во современ и автентичен стил со текстови кои го задржуваат вниманието. Голи песни е музички материјал кој освојува на прво слушање, искрен е и непосреден, напишан и изведен во слободен стил и без калкулации со актуелните музички трендови. Снимен е и обработен во тонското студио Кларион, а во неговата реализација како музички соработник и продуцент се појавува Давид Ангелевски.

Концертната промоција на албумот Голи песни на Хана Корнети ќе се случи во сабота 26.08.2023 во специјално адаптираниот амбиент на терасата на барот Ла Кања во Старата скопска чаршија со почеток во 21 часот. 

Албумот Голи песни може да се преслуша и набави на следниот линк:

https://sharla.bandcamp.com/album/goli-pesni-lp

https://sharla.bandcamp.com/album/goli-pesni-lp

Автор: