„Тело“: Светска премиера на документарецот на Петра Селишкар на Сараево филм фестивал
— 4 август, 2023
Светската премиера на долгометражниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката Петра Селишкар ќе се одржи во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал.
Најновиот документарен филм на Петра Селишкар ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм заедно со 20 документарни остварувања селектирани од Рада Шешиќ, која посочува: „Филмовите на многу начини се инспиративни за гледачите, па дури и кога прикажуваат многу трауматични вистини, во себе носат енергија на позитивност.“ Филмскиот фестивал во Сараево ќе се одржи од 11 до 18 август.
„Тело“ е трогателен долгометражен документарен филм на веќе потврдената режисерка Петра Селишкар, кој опфаќа период од две декади за необичниот живот на нејзината блиска пријателка Уршка, која се бори со ретки автоимуни болести. Некогаш манекенка, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромен број предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Филмот е спој на интимни разговори, лична архива и креативна визуализација кој ги истражува мистериите на човечкото тело и моќта на уметноста и пријателството да допре до неговата суштина. Бурно патување кон исцелувањето и себеприфаќањето.
Петра Селишкар (родена 1978 г. во Љубљана) е режисерка, продуцентка и сценаристка. Има способност јасно да ја види суштината во скриените детали, а преку нив и суштината на уметноста, културата, природата и сите аспекти на животот. Затоа таа го посветува нејзиното време на оваа планета на малите животни задоволства, и секако, на документарниот филм. Како режисерка и сценаристка ги потпишува документарните филмови „Збогување“, „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“, „Бабички на револуцијата“, а има и повеќе остварувања каде се појавува како продуцент.
Во креативната екипа со која режисерката Петра Селишкар го реализира документарниот филм „Тело“ се кинематограферот Бранд Ферро како директор на фотографија, монтажерите Сашко Потер Мицевски и Сандра Басташиќ, композиторот на музиката Владимир Ракиќ, додека дизајнери на звук се Владимир Ракиќ и Вера Галешев.
Продуцент на филмот е Петра Селишкар со „Петра Пан Филм“ (Словенија). Копродуценти се Сара Ферро од ППФП (Северна Македонија) и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ (Хрватска). Придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ (Франција).
Филмот е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Северна Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Северна Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox).
Поддршка за развој проектот доби од „Ex oriente Workshop“, „Eurodoc 2019“, „Last stop Trieste 2022“– Flow Digital Cinema Award, International Documentary Association (IDA).
„Петра Пан филм“ е словенечка продуцентска компанија основана во 2003 г. од словенечката режисерка Петра Селишкар и директорот на фотографија Бранд Ферро. Продуцира креативни документарни филмови и уметнички играни филмови кои се целосно посветени на индивидуалната визија и авторството, како и на долгорочни истражувачки теми.
ППФП е македонска продуцентска компанија основана во 2007 година, која е водена од Сара Ферро. Таа е една од малкуте продуцентски куќи во Северна Македонија што се фокусира строго на авторските документарни филмови.
Македонската премиера на документарниот филм „Тело“ е планирано да се случи на 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…