Почетна / Насловна / Настани / Јубилејна 5.000 емисија на „Културна клучалка“ на Македонското радио
Јубилејна 5.000 емисија на „Културна клучалка“ на Македонското радио
— 23 август, 2023
Македонското радио-Радио Скопје денеска на своите бранови го емитува јубилејното 5.000-то издание на дневната емисија од областа на културата, Културната клучалка . За македонскиот медиумски простор ова е речиси незабележан програмски континуитет од над 20 години (овој своевиден радиски културен подиум своето прво издание го имаше на 5 март 2003 година), во кој секојдневните едночасовни емисии Културна клучалка (се емитуваат секој работен ден од 13 до 14 часот) им овозможуваат на слушателите да ѕирнат низ тоа што го пропуштиле минатиот ден или да го одберат својот „културен фаворит“ за тековниот ден. Статистиката бележи над 30.000 прилози од сите сфери на културата и уметноста споделени со радиската публика низ изминатите 2 децении.
Во овој период, пред микрофоните на „Културната клучалка“ биле еминентни светски и македонски културни работници и уметници: од Јустејн Гордер, Давид Албахари… до Петре М. Андреески, Радован Павловски или Гоце Смилевски, Лидија Димковска или Пијан Славеј, од Џим Шеридан и Фатих Акин до Милчо Манчевски, Горан Столевски или Дејан Пројковски, од Ванеса Редгрејв, Џереми Ајронс, Ричард Гир, Викторија Абрил преку Милена Дравиќ, Мира Фурлан, Раде Шербеџија или Милош Биковиќ до Мето Јовановски, Бајруш Мјаку, Бедија Беговска, Билјана Драгичевиќ или Сашко Коцев, од Хозе Карерас, Лорин Мазел, Владимир Ашкенази, Максим Венгеров до Симон Трпчески или Ана Дурловски и Весна Гиновска Илкова, од Збигњев Прајснер до Дуке Бојаџиев, од Едвард Луси Смит до Владимир Георгиевски, Ибрахим Беди, генерациите на семејствата Коџоман или Корубин до Шќипе Мехмети, од Рина Усикова до Виктор Фридман, од Вера Битракова-Грозданова до Елизабета Димитрова, од Пети Смит и Шарлин Спитери („Тексас“’) преку Ѓорѓе Балашевиќ до членовите на „Леб и сол“ или „Фолтин“…
„Самата идеја за емисијата „Културна клучалка“ пред многу години се роди како неопходност да се направи разлика помеѓу опасноста од естраден третман на културата (процес што за жал секојдневно се’ поинтензивно неминовно „не’ окупира“) од една, како и обидот истата да се приближи до пошироката публика разобличувајќи ја наводната „салонска“ нишка, од друг страна. Така, приодот во неа е еден вид мамка да се разбуди, задржи и продлабочи љубопитството кај публиката за одредени случувања. Честите препораки или забелешки, нашиот јасно изречен став или резерва, многу пати се покажале како соодветен водич и насочувач на институциите, но и на публиката која знае и да полемизира со нас.“- вели водителот и уредник на Културната програма на Македонското радио-Радио Скопје, Тони Цифровски. Од почетокот до денеска неуморни во љубопитноста и желбата да ги пренесуваат пораките од културата се и Корнелија Буклеска и Душко Христов, додека низ годините свое активно учество имаа и доајените на македонското културно новинарство Тодор Кузманов и Благоја Куновски, како и нашите колешки кои своевремено го внесоа својот младешки креативен дух, Александра Јуруковска и Наташа Димовска. „Во овој контекест, во моментов е неопходно итно подмладување на кадарот за обезбедување натамошен континуитет како дел од законските обврски на Македонското радио како национален медиум“, подвлекува уредничката на Редакцијата за култура и уметност, Корнелија Буклеска.
„Македонското радио-Радио Скопје секогаш со посебно внимание ги негува и развива содржините од областа на културата и уметноста и нивното унапредување ќе биде врвен приоритет и понатаму“ – вели Наташа Андрееска, Одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонското радио.
Душко Христов, Корнелија Буклеска и Тони Цифровски
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…
За најдобар филм на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), е прогласен филмот на режисерот Фабрис ди Велц, „Малдорор“, во кој приказната во филмот се базира на вистински настани во Белгија. Овој филм беше одбран од страна на публиката на Јадранската мрежа на фестивали по пат на гласање, а беше прикажан и на последното издание…
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…