Архивската збирка за Браќа Манаки прогласена за културно наследство од особено значење
— 30 август, 2023
Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“ која се наоѓа во Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.
Владата донесе одлука со која на оваа вредна Збирка ѝ е овозможено трајно зачувување во изворна состојба; се обезбедуваат поволни услови за опстанок на исклучителната документација и задржување на сите податоци што ги носи со себе како сведоштво. Високиот степен на заштита овозможува ширење на сознанијата за вредностите и значењето на Збирката и за нејзината улога во културната идентификација, а се спречуваат и секаков вид дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање.
Збирката ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“ содржи документација, фотодокументација и предмети од професионалниот живот на браќата Милтон и Јанаки Манаки или вкупно: 1.253 архивски единици документација со 3.867 листови; 7.041 фотографии позитиви (хартиени копии); 6.702 стаклени негативи (4.951 заведени со описи, 1.751 заведени без описи); 1.071 рол филмови; 2.087 план филмови; 49 единици фото и кино опрема; 1.364 страници Научно-информативно средство.
Во образложението на Одлуката се истакнува: „Збирката заради својствата како автентичност, реткост, репрезентативност, разновидност, интегралност, зачуваност, старост, втемеленост и припадност, како и заради критериумите уникатност, исклучителност, впечатливост, влијателност, поврзаност и висок степен на автентична зачуваност е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на мултикултурната балканска демографска структура општествено економските и културно историските прилики од регионална и европска важност“.
Со прогласувањето на Збирката на браќата Манаки за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, овие над илјада и двесте артефакти добиваат режим на заштита од прв степен, што значи дека доброто ќе добие трајна заштита и систематизација што ќе овозможат едукативна програма за општествено-социолошки, културни и историски теми, нејзина дигитализација и можност за истражувачки, публикациски и други репрезентативни потреби кои вклучуваат јавно користење и достапност на доброто. Одделението во Битола на Државниот архив, ќе овозоможи поголема вклученост на јавноста и меѓународна афирмација на богатото културно наследство содржано во оваа збирка.
Вчера, во „Куршумли-ан“, старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август. Објектот Куршумли ан, како и секоја година и оваа година беше исполнет до последното место, а публиката со долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“, кои традиционално се претставија со…
Во галеријата „Рудиќ“, е поставена изложбата на фотографии, што беше отворена вчера, на српскиот фотограф, Имре Сабо, со наслов, „Цртички на животот“. АСНОМ 74, денеска во 20 часот.Имре Сабо е роден во 1956 година во Мокрин, место во Кикинда во Северна Војводина. Завршил гимназија во Кикинда, а потоа студирал германски јазик и литература на Филолошкиот…
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…