Почетна / Некатегоризирано / Почина композиторот Љубомир Бранѓолица, еден од најзначајните автори на 20. век во македонската музика
Почина композиторот Љубомир Бранѓолица, еден од најзначајните автори на 20. век во македонската музика
— 24 јули, 2023
Легендарниот македонски композитор, Љубомир Бранѓолица, еден од најплодните и најзначајни автори на 20.век во македонската музика, почина вчера на 90 години, потврди Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).
„Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и најзначајни автори на 20.век во македонската музика, не само во класичната, туку и во сите останати музички жанрови. Тој е автор кој по својот опус на создадени дела се вбројува меѓу најплодните автори на музичката македонска сцена. Тој е и најплоден автор на балетската музика кај нас. Автор е на забавни мелодии и на детски песни. Творец кој се јавува во речиси сите музички жанрови. Тој е меѓу првите кој успеа да ги спои модерните хармонии со класичните хармонии и внесе нова свежина на тогашната сцена“, се вели на неговата дигитална платформа.
„Големо влијание врз моето творештво изврши Гершвин. Јас бев вљубен во него, па и моите композиции ги насловував по неговите, правев некоја своја варијанта
„Љубовта кон музиката беше присутна во моето семејство уште од најрано детство… Затоа моите родители ме упатија да учам пијано. Тоа и посетите на концертите во Дубровник, каде што тогаш живеевме, се моите први сеќавања за музиката…“ (Бранѓолица, Радио Скопје, 18.03.1977).
Бранѓолица е роден на 19 август 1932 во Херцег Нови, а во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование го завршува во Риека. Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Од 1957 е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966, кога се вработува во Македонската радиотелевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар. ако автор на филмска музика, дебитира во 1964, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови. На 18 март 2006 ја доби и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.
Љубомир Бранѓолица
и неговата сопсуга, балерината, Вера Бранѓолица (од аргивата на Бужаровски ИРИМ)
Лани, Андреј Блажевски постави дела од Бранѓолица во дигитална форма на онлајн платформата ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica, заради евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат.
Од проектот произлекаталогсо список на дела од Бранѓолица, групирани во категории, во зависност од инструменталниот состав (инструментариум) за кои се наменети.
„Постојат дела од авторот Бранѓолица, за кои знаеме дека се создадени и изведени, но за сега не успеавме да пронајдеме нотен запис од нив. Оваа интернет архива содржи евидентирани и дигитализрани дела кои ги најдовме и се во домашниот архив на композиторот Бранѓолица. Во оваа фаза беа вклучени сите податоци кои беа познати, впишани на самата партитура како на пример, автор на текст, година на создавање итн. За преостанатите податоци и дополнување потребни се дополнителни музиколошки истражувања и анализи, кои верувам дека би резултирале со создавање на еден обединет сеопфатен музиколошки труд за ликот и делото на композиторот Бранѓолица“, изјави Андреј Блажевски.
ако автор на филмска музика, дебитира во 1964, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови. На 18 март 2006 ја доби и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.
Лани, Андреј Блажевски постави дела од Бранѓолица во дигитална форма на онлајн платформата ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica, заради евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат.
Од проектот произлекаталогсо список на дела од Бранѓолица, групирани во категории, во зависност од инструменталниот состав (инструментариум) за кои се наменети.
„Постојат дела од авторот Бранѓолица, за кои знаеме дека се создадени и изведени, но за сега не успеавме да пронајдеме нотен запис од нив. Оваа интернет архива содржи евидентирани и дигитализрани дела кои ги најдовме и се во домашниот архив на композиторот Бранѓолица. Во оваа фаза беа вклучени сите податоци кои беа познати, впишани на самата партитура како на пример, автор на текст, година на создавање итн. За преостанатите податоци и дополнување потребни се дополнителни музиколошки истражувања и анализи, кои верувам дека би резултирале со создавање на еден обединет сеопфатен музиколошки труд за ликот и делото на композиторот Бранѓолица“, изјави Андреј Блажевски.
Тој во своите балети внесува новини што тогашната музичка критика го забележува уште веднаш. По премиерата на „Велеградски варијации“ рецензентот Тихомир Титизов (Нова Македонија, 18.04.1959) напиша: „… Изненадување, новина и свежина. Изненадување е тоа што музиката од овој вид е новина за балетската сцена, но секако пријатна новина што елементите на џез- музиката ненаметливо (Олга Милосавлева) ги пренела на сцената. Балетот „Одблесок“ е еден од еклатантните примери во кои тој користи елементи од македонскиот фолклор, а самиот автор во врска со тоа вели: „ … Балетот Одблесок е мој пристап кон македонскиот фолклор, кој е неисцрпна ризница на најчувствителни мелодии. Тоа ме поттикна да ги транскрибирам и да се обидам да создадам симбиоза со современите хармонии и ритми…“ (Свртување кон поезијата и историјата“ во Монографски студии за балетската уметноствоМакедонија 1948-2007, Скопје 2008). Со балетот „Одблесок“ балетскиот ансамбл при МНТ гостуваше во повеќе земји во светот – Бугарија, Франција, Канада,
Последното збогување со Љубомир Бранѓолица е утре, на 25 јули, на Градските гробишта во Бутел (од 08:00 часот телото ќе биде изложено во капела, а погребот е од 09:00 часот)
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…