Почетна / Насловна / Настани / Почина композиторот Љубомир Бранѓолица, еден од најзначајните автори на 20. век во македонската музика
Почина композиторот Љубомир Бранѓолица, еден од најзначајните автори на 20. век во македонската музика
— 24 јули, 2023
„
Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и најзначајни автори на 20.век во македонската музика, не само во класичната, туку и во сите останати музички жанрови. Тој е автор кој по својот опус на создадени дела се вбројува меѓу најплодните автори на музичката македонска сцена. Тој е и најплоден автор на балетската музика кај нас. Автор е на забавни мелодии и на детски песни. Творец кој се јавува во речиси сите музички жанрови. Тој е меѓу првите кој успеа да ги спои модерните хармонии со класичните хармонии и внесе нова свежина на тогашната сцена“, се вели на неговата дигитална платформа.
„Големо влијание врз моето творештво изврши Гершвин. Јас бев вљубен во него, па и моите композиции ги насловував по неговите, правев некоја своја варијанта
„Љубовта кон музиката беше присутна во моето семејство уште од најрано детство… Затоа моите родители ме упатија да учам пијано. Тоа и посетите на концертите во Дубровник, каде што тогаш живеевме, се моите први сеќавања за музиката…“ (Бранѓолица, Радио Скопје, 18.03.1977).
Бранѓолица е роден на 19 август 1932 во Херцег Нови, а во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование го завршува во Риека. Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Од 1957 е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966, кога се вработува во Македонската радиотелевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар.
Како автор на филмска музика, дебитира во 1964, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови. На 18 март 2006 ја доби и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.
Лани, Андреј Блажевски постави дела од Бранѓолица во дигитална форма на онлајн платформата ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica, заради евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат.
Од проектот произлекаталогсо список на дела од Бранѓолица, групирани во категории, во зависност од инструменталниот состав (инструментариум) за кои се наменети.
„Постојат дела од авторот Бранѓолица, за кои знаеме дека се создадени и изведени, но за сега не успеавме да пронајдеме нотен запис од нив. Оваа интернет архива содржи евидентирани и дигитализрани дела кои ги најдовме и се во домашниот архив на композиторот Бранѓолица. Во оваа фаза беа вклучени сите податоци кои беа познати, впишани на самата партитура како на пример, автор на текст, година на создавање итн. За преостанатите податоци и дополнување потребни се дополнителни музиколошки истражувања и анализи, кои верувам дека би резултирале со создавање на еден обединет сеопфатен музиколошки труд за ликот и делото на композиторот Бранѓолица“, изјави Андреј Блажевски.
Иако е разновидно и многубројно, сепак, не е тешко да се издвои магистралниот правец во неговиот творечки пат и клучниот неодминлив придонес за македонската музичка култура. Тоа е балетскиот опус на авторот што опфаќа 18 целовечерни балети. Сите тие (освен една „Бајазит и Оливера“) се изведени на сцената на Македонската опера и балет (порано МНТ) во периодот од 1959 („Велеградски варијации“) до 2013 година („Александар Македонски“). Таа, од денешна гледна точка – судбинска и исконска врска со балетската уметност Бранѓолица ја објаснува вака: „…Не се знае кога започнува интересот кон некоја уметност, недоловливо е сознанието за тој миг … Не знам дали тоа мене ми се случи кон балетот во почетоците на педесеттите години, гледајќи ја работата на балетскиот ансамбл при Домот на ЈНА во Белград, или при средбата со Олга Милосавлева, кога гостуваше во Куманово, каде што служев војска и ја повикав да ѝ ги отсвирам моите ’Велеградски варијации’, за кои таа го даде коментарот: „Тоа би била добра музика за балет“ што во 1959 година се оствари и, што е најчудно, со неа како кореограф“ (Бранѓолица, Балет, Скопје, 1994, стр. 13). За инспирациите, творечките предизвици и решенија во едно интервју (Утрински весник, 10.02.2012) напиша: „ … Додека пишував, влијанијата ги црпев и од џезот, па затоа во моите дела се чувствува и еден полежерен дух во хармонска смисла, иако пишувам во духот на класичниот израз. Но, да, големо влијание врз моето творештво изврши Гершвин. Јас бев вљубен во него, па и моите композиции ги насловував по неговите, правев некоја своја варијанта. Неговата бродвејска хармонија ми беше поттик. Но, јас не го копирав, тој ми беше, на некој начин, духовен водич“.
Иако со поглед во минатото, тој во своите балети внесува новини што тогашната музичка критика го забележува уште веднаш. По премиерата на „Велеградски варијации“ рецензентот Тихомир Титизов (Нова Македонија, 18.04.1959) напиша: „… Изненадување, новина и свежина. Изненадување е тоа што музиката од овој вид е новина за балетската сцена, но секако пријатна новина што елементите на џез- музиката ненаметливо (Олга Милосавлева) ги пренела на сцената. Балетот „Одблесок“ е еден од еклатантните примери во кои тој користи елементи од македонскиот фолклор, а самиот автор во врска со тоа вели: „ … Балетот Одблесок е мој пристап кон македонскиот фолклор, кој е неисцрпна ризница на најчувствителни мелодии. Тоа ме поттикна да ги транскрибирам и да се обидам да создадам симбиоза со современите хармонии и ритми…“ (Свртување кон поезијата и историјата“ во Монографски студии за балетската уметноствоМакедонија 1948-2007, Скопје 2008). Со балетот „Одблесок“ балетскиот ансамбл при МНТ гостуваше во повеќе земји во светот – Бугарија, Франција, Канада, Кина, како и во републиките на поранешна Југославија. Фолклорни елементи, не само од македонското поднебје, се среќаваат и во другите балетски дела од Бранѓолица („Карамита“, „Дубровничка легенда“ итн.).
Последното збогување со Љубомир Бранѓолица е утре, на 25 јули, на Градските гробишта во Бутел (од 08:00 часот телото ќе биде изложено во капела, а погребот е од 09:00 часот)
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…