Филмскиот проект „Генералот и пеперугата“ е селектиран на ФЕСТ во Еспињо, Португалија
— 27 мај, 2023
Филмскиот проект „Генералот и пеперугата“ се најде меѓу 24 селектирани проекти од вкупно 225 пристигнати на ФЕСТ Пичинг форумот, кој ќе се одржи во рамките на 19-тото издание на ФЕСТ од 19-ти до 26-ти јуни 2023 година во Еспињо, Португалија. Сценариото е на Венко Андоновски и Антонио Митриќески и е работено според истоимениот роман на Луан Старова, , режисер на филмот е Антонио Митриќески. Проектот е во продукција на „Авард филм и видео“ (https://www.award-film.com/), во соработка со „Трипл С Продукција“ и е поддржан од Агенцијата за филм, а се очекува да се вклучат и ко-продуценти од Албанија, Франција, Германија и Полска.
Филмот е базиран на вистинска приказна од Првата светска војна во 1918 година, во Македонија и Албанија. Генералот Фриц Дагмар (вистинско име: Франц Теодор Дофлеин) е воен лекар и светски познат биолог, специјалист за пеперутки (ентомолог). Тој живее во Берлин со неговата сопруга, ботаничарката Фелисија. Тој сонува да ја пополни празнината во неговиот „Систем на Менделеев“ на пеперутки. Пеперутката што ја нема, според претпоставките би можела да живее само на планината Галичица, во Македонија. Војната беснее, но маларијата станува посмртоносна од куршумите на фронтот. Дагмар е регрутиран во тим од лекари за да се справи со болеста. Го праќаат во Македонија, во Охрид, на само десет километри од местото каде што би можела да живее неговата пеперутка од соништата. Тајно, на работ на дезертирање, Дагмар се искачува на Галичица. Тој ја гледа уникатната пеперутка на бодликавата жица што ја означува предната граница меѓу Французите и Германците. Тргнува по пеперутката што прелетала на француската страна и ја фаќа, но и тој е заробен! Тој е обвинет дека е шпион и треба да биде застрелан без судење. Фактот дека студирал во Франција и одлично зборува француски дополнително го подгрева сомнежот кај мајорот Бувар кој го испрашувал. За среќа, мајор Бувар (вистинско име: Жак Буркард) е француска „копија“ на Дагмар. За да не пука во таков светски ум, Бувар го чува тајно, во цивилна облека и со лажни документи. Заедно со Бувар, Фриц мора да бара лек против маларија…
ФЕСТ се вбројува во листата на најзначајните европски филмски фестивали, и освен проекции на врвни филмски остварувања од новата продукција, вклучува и филмови за млада публика, изложби и концерти на уметници поврзани со филмот, сесии со авторите, мастеркласи, работилници, дебати, конференции, презентации на проекти во развој и церемонии на доделување награди. ФЕСТ бил домаќин на гости како што се Асгар Фархади, Бела Тар, Гаспар Ное, Фернандо Труеба, Мелиса Лео, Роман Копола, Џо Вокер, Гема Џексон, Ед Лахман, Том Стерн, Финола Двајер, Ирвин Велш, Алан Старски , Еугенио Кабаљеро, Анџела Ален, Иан Смит итн.
Секцијата ФЕСТ ПРО е водечка платформа за филмските професионалци преку која тие можат да се поврзат и да комуницираат, да го подобрат своето филмско знаење и да ги развијат своите проекти.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…