(Кон шестото издание на театарскиот фестивал Полис во Равена одржан од 2-7 мај 2023 година во Равена, Италија)
Театарскиот феномен има само една иднина, а тоа е неговиот израз. Сценската уметност не разликува народи и места, таа разликува пораки и ставови, отвора нови начини на мислење и делува прагматично, но совршено импактно.
Театарскиот фестивал Полис од Равена говори со јазикот на иднината на театарската уметност: храбро и инспиративно. Веќе шест години овој совршено интересен театарски фестивал се движи по тенката патека на истражувањето и фокусирањето на одредени театарски движења на нашата планета. Имено, Давиде Сако и Агата Томшич, основачите и уметнички директори на театарската куќа ErosAntEros од јануари 2010 година го следат ангажираниот театар кој не се откажува од естетската вредност на формата, а нивното истражување е во силна врска со историјата, сегашноста и териториите во кои е создаден тој театар, со цел да се поврзе театарот со животот, а имагинацијата да биде алатка за трансформирање на реалноста. Тие биле дел од продукциите на значајни театарски институции, вклучувајќи ги ЕРТ – Театро Емилија Ромања, Фестивалот во Равена, ТНЛ – Националниот театар на Луксембург, Театро дела Тоскана, Театро Пиемонте Европа, Театро дела Тосе, Театро фестивалот во Кампанија.
Уште од почетокот на својата работа се вклучени во значајни меѓународни проекти на: фестивалот Авињон (во 2022 година заедно со Европската театарска конвенција; во 2018 година со ПроХелвеција и MiBACT); Ф.И.Н.Д. плус фестивал на Шаубине во Берлин (во 2015 година, со ЕРТ – Емилија Ромања Театро и Просперо Проект); Институтот Гротовски од Вроцлав и Один Театарот / Нордиск Театерлабораториум од Холстебро (помеѓу 2014 и 2017 година). Во 2018 година, тие го основаа POLIS Teatro Festival кој под нивна диригентска палка е домаќин на уметници од меѓународно значење и спроведува партиципативни проекти со силно вклучување на граѓаните со цел да се подигне свеста за итните прашања на сегашноста и нивно зајакнување како активни и свесни гледачи. Ова, шесто издание на овој фестивал е фокусирано на Балканскиот театар, на тематските движења и мотивации на местото кое секогаш постанува буре барут и каде што влијанијата и историските недоумици се многу присутни.
Покрај Балканскиот фокус фестивалот Полис на ова издание понуди многу интересни театарски збиднувања на уметници во т.н. селекција Визионери каде што со свои театарски проекти и уметнички инсталации настапија: театарската дружина Лумен со проектот „Како камен, вода, снег“ во режија на Елизабета Карозио и во изведба на актерот Габриеле Џеновезе, со проектот „Приказна за Еврдика“ на Кјара Орефиче по текст и во режија на Луиза Гваро, како и претставите: „Умри како земја“ базирана на книгата „Умирам какоз емја“ на Димитрис Димитријадис во режија и изведба на Џема Хенсон Карбоне, претстава – театарски експеримент која својата премиера ја имаше токму на овој фестивал, самостојниот проект на Роберта Бјаџиарели „Сребреница“ во режија на Симона Гонела, како и претставата „Ова прекрасно невоинство“ во изведба на Театро ди Рома во режија на Марко Чекоти, претстава која е во т.н. селекција „Инбокс“. Секако, една од најблагородните сегменти на овој фестивал се и средбите со уметниците на самите претстави по нивното изведување и разменувањето на мислењата и ставовите со модераторите и театарските критичари, што пак, од друга страна ја зајакнува рецепцијата на самите уметнички дела на фестивалот.
Балканскиот сегмент на овој фестивал го сочинуваа претставите на Косово и Словенија, како и перформансот „Хусинскиот рудар“ на босанскиот уметник Бранко Шимиќ, а секако и дебатата за состојбите на балканскиот театар. Имено, по премиерата на претставата „Либија“ во продукција на Ерос Антерос, во режија на Давиде Сако и во изведба на Агата Томшиќ и Јунес Елбузари со музичка придружба на Бруно Дорела, по книгата на Франческа Маноки, претстава која беше совршено импресивна, балканскиот сегмент го сочинуваа: претставата „Бурнеша“ (Заколната девица), во продукција на Ќендра Мултимедија, по текст на Јетон Незирај, а во режија на Ерсон Зимбери, претстава која зборува за една многу интересна појава на жени кои одлучиле својот живот да го поминат како мажи, т.е. една перформативна анализа на она што значи „цивилизација“ и “нецизвилизација“ т.е., свет креиран од традицијата и верувањата во родовите струења. Моќните актерски изведби на Тринга Хасани, Семира Латифи и Куштрим Ќерими ја инспирираа дебатата која потоа следеше со театарската критичарка Ана Марија Монтеверди и уметниците, а која отвори многу дилеми околу антрополошкот аспект на оваа многу деликатна, но совршено трансформативна појава.
Дебатата за состојбите во балканскиот театар под модераторство на театарската аналитичарка и критичарка Наташа Трипни ја водеа Иван Меденица, театролог и професор на белградскиот факултет за драмски уметности во Белград, поранешен уметнички директор на фестивалот БИТЕФ и на Стериното позорје, Дубравка Вргоч, театарска критичарка, поранешна уметничка директорка на Хрватско народно казалиште и на Фестивалот на светскиот театар во Загреб и Сашо Огненовски, театарски критичар и аналитичар од Северна Македонија. На оваа мошне интересна дебата се отворија раните и инспиративните гами на балканскиот театар, се говореше за персперкивите на театарот кој е континуирано инспириран од националните и политички турбуленции и недоразбирања не занемарувајќи ги и продукциските и сите други прагматични дисторзии кои го погодуваат уметничкиот порив и динамичката театарска промена на ова тло.
Значаен дел од Балканскиот фокус на фестивалот Полис беа двете претстави на Словенскиот младински театар од Љубљана „Проклет да биде предатавникот на својата татковина“ во режија на Оливер Фрљиќ и „The Game” на младиот режисер Жига Дивјак. Отворајќи ги постјугословенскиот синдром и емигрантските страдања по границите на Словенија и Хрватска, овие претстави ги отворија и канцерите на земјите кои само што се извлекле (Словенија, Хрватска) или се уште се дават во предрасудите на транзиискиот период (Македонија, Србија). Осоебно во овој дел од фестивалот беа исклучително интересни и дебатите кои се водеа со театарскиот критичар Џани Манзела, а еден од особено интересните инсталации или поточно перформанси беше „Хусинскиот рудар“ на концептуалниот уметник Бранко Шимиќ во продукција на Музејот на источна Босна во Тузла и Култур Краш и Кампнагел фестивалот во Хамбург, перформанс кој прави една историска паралела на емигрантите од почетокот на дваесеттипт век со емигранстата Одисеја на дваесет и првиот век, а кога сме веќе кај емигрантите тука би ја истакнале и одличната монодрама на Клаус Мартини „ППП, ти ја претставувам Албанија“, импресивен монолошки настап кој во копродукција со Мителфест зборува од еден автиобиографски аспект за синдромот на емигрирањето, а кој од друга страна е инспириран од делата на Пазолини. Се на се настап кој емигрантството го претставува како вечна достага каде што семејната традиција е она најнераскинливо ткиво кое секогаш боли, но и инспирира.
Поранешна Југославија е инспирација за многу театарски проекти, а транзитивниот период е секогаш историска магма која е подложна на истражување. Така, претставата „Непријател (минување низ Балканот)“ по концепт на Мелоди Ласелин и Симон Капел по текст на Симон Капел и во продукција на „Зона“ и копродукција на Ерос Антерос, изведена во градскиот музеј на Равена ни понуди пресек на триесетгодишните трауми на земјите продукти од крвавото расцепување на Југосалвија. Камиј Даген, Мелоди Ласелин и Леа Пера со исклучително сигнификантна игра се нурнаа во таа националистичка кал за да ги исфрлат тие талози на крвавото недоразбирање кое се уште тлее на просторите што лежат врз гробовите од невините пострадани за време на војната од деведесеттите години.
Полис е фестивал кој на публиката и нуди дилеми и пораки што нема да ја остават мирна и релаксирана. Полис е театарски фестивал чии истражувања во блиска иднина ќе донесат нови промислувања во театарскиот израз со актуелност која не остава никого рамнодушен. Кога сме веќе кај актуелноста би истакнал дека овие театарски проекти пулсираат со својата комплексност и ангажман, со уметници чија мисла е транспарентна и извонредно моќна. Очекувајќи го седмото издание, Полис веќе следниот месец ќе ја возбуди публиката со својот следен проект кој е исто така во рамките на овој фестивал насловен како „Гаја“. Се чини дека иднината на театарот лежи во мали, но многу таинствени и мудро изградени гнезда како што е овој фестивал. Откривајќи ги нив, ја откриваме есенцијата на уметноста на иднината.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…