Почетна / Насловна / Настани / Родовата еднаквост е борба за слободно и рамноправно општество
Родовата еднаквост е борба за слободно и рамноправно општество
— 20 април, 2023
Платформата за креативен дијалог и критичко размислување „Книжевни рефлексии“ ја продолжува својата мисија за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со втората дебата на тема „Родовата нарација во британската книжевност и култура“ која се одржа во Институтот за македонска литература во соработка со Британската амбасада во Скопје.
Адресирајќи горливи општествени прашања како: родова еднаквост, слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот на маргинализираните, медиумска писменост и друго, авторката и раководителка на проектот, Ана Јовковска, вели дека целта на „Книжевни рефлексии“ е преку културна репрезентација, дијалог и едукација да се раздвижи културата на дебата во локалната средина.
Панелисти во дебатата која ја модерираше Јовковска беа министерката за култура на РСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и универзитетските професорки и писателки Ана Мартиноска и Калина Малеска.
„Унапредувањето на родовата еднаквост, спречувањето на родово базираното насилство, промовирањето на правата и слободите на жените не се само вистинските работи што треба да се направат – тоа е политика од која сите имаат придобивки. Тоа неодамна го направивме и со објавувањето на „Меѓународна стратегија за жените и девојките 2023-2030“, која се фокусира на справувањето со родовата нееднаквост низ светот и на спротивставувањето на какво било уназадување на правата и слободите на жените“, рече амбасадорот Лосон.
„Разговорот за родовата нарација мора да започне со потрага по претходничките. Вирџинија Вулф е подеднакво значајна и за книжевноста и за феминизмот. Во нејзиниот култен есеј Сопствена соба не само што ги анализира неопходните предуслови за една жена да се занимава со книжевност и тврди дека „жената мора да има пари и сопствена соба за да може да пишува романи“, туку ги отвора и сè уште актуелните прашања за пристапот на жените до образование, машките канони во историјата на книжевноста и немањето традиција на која жените можат да се угледаат, па токму затоа и ги слави првите писателки во англиската книжевност како Џејн Остин, Џорџ Елиот и сестрите Бронте“, рече проф. д-р Ана Мартиноска.
„Приказната за Франкенштајн е многу повеќе од хорор-приказна. Некои ја нарекуваат и Химна на отфрлените толкувајќи дека тоа чудовиште сепак има потреба за нежност, за љубов, за блискост. И веројатно затоа ќе го поттикнеме прашањето: дали оние кои денеска експериментираат со емоциите „вбризгувајќи ги“ во т.н. хуманоидни роботи го прочитале ова ремек-дело на Мери Шели? Дали Франкенштајн од 19 век станува Сајберштајн во 21 век? Премногу сличности за да можат да се игнорираат. Стравувам дека на тенкиот мраз на животот можеме да се најдеме сите на оваа планета. Доволен е само еден вирус и една молња“, изјави Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура на РСМ.
„Традиционално се претпоставуваше дека книгите од мажи писатели се од интерес за сите, а книгите од жени писателки се повеќе од интерес само за жените. Не само што не е така, туку и книгите кои застапуваат патријархални гледишта, па дури и да се напишани од еминентни писатели, стануваат сè помалку релевантни. Приказните на Зејди Смит, пак, се често приказни за миграции, за трагите од колонијализмот, за внатрешниот конфликт на ликови дојдени во Британија од други култури, кои постојано преиспитуваат колку можат да инкорпорираат делови од својата култура, а сепак да припаѓаат и на културата во која дошле да живеат, рече проф. д-р Калина Малеска.
Во интерактивната дебата учествуваа и голем број писатели, уредници, издавачи, уметници и професори меѓу кои: Наташа Аврамовска, Елена Јованова Ѓуровска, Анастасија Ѓурчинова, Дита Старова Ќерими, Гоце Смилевски, Соња Стојменска-Елзесер, Лидија Капушевска-Дракулевска, Маја Јакимовска-Тошиќ, Кристина Хаџи-Василева, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Лени Фрчковска, Ана Василева, Милан Дамјановски, и други.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…