(Кон претставата „Баал“ од Бертолт Брехт во продукција на Словенскиот младински театар од Љубљана во режија на Вито Тауфер. Главни улоги: Иван Годнич, Јуре Иванушич, Урош Мачек, Роберт Пребил, Матеј Рецер)
Првата пиеса на Бертолт Брехт е особена и прецизна апотеоза на современиот антихерој чии пороци стануваат вирални и совршено привлечни. „Баал“ е пророчка пиеса за Содомата и Гомората на дваесет и првиот век, а неговата драматургија е само почеток на она што ќе следи како особен правец во театарот на дваесеттиот век.
Брехт во оваа пиеса се занимава со оној што пие, заведува и убива, оној чиј анархизам е навидум беспричински, но потоа станува одметнички. Баал е современиот отпадник кој своите пороци ги нуди како единствен спас од наездата на злото што две децении по неговото појавување ќе го девастира светот. Кога говориме за анархизмот ја имаме во предвид одговорноста на која Баал, за која Урсула ле Гвин вели дека оној што избрал да биде анархоиден тој мора да одговара за својот избор. Баал се смее на својата одговорност и ја прифаќа без многу премислување. Вито Тауфер преминувајќи преку социјалните епитети на отпадникот гради претстава која многу наликува на кабаре каде што певливоста на порокот е една од неговите форми во овој грешен дваесет и први век. Имено, радикално преместувајќи го своето читање на оваа круцијална пиеса на Брехт кон травестија, тој ја задомаќинува истата во Словенечкото опкружување и остава сите улоги да ги играат машки актери. Оваа знаковност многу наликува на Германскиот општествен илузионизам во којшто строгоста и крутоста се двата начини на промислување на системот кој фунцкионира и во реалниот, а и во измислениот свет. Ова негово режисерско видување говори за една иднолентност кон порокот кој во денешно време ја прелива чашата на општетсвената коректност и социјалната сфатливост. Баал на Тауфер е весел и крвав, диктатор без земја, човек чија анархоидност засмејува, но и загрижува. Затоа музичката подлога е многу важна карика во оваа претстава. Леснотијата на отпадништвото е заумност што власта ја смета за потребна како бактерија во организмот, додека пристојноста и коректноста е облик на незаинтересираност чија тишина застрашува. Затоа Баал во еден момент вели: „Има некои со умови и некои без умови. Тоа ја прави подобра поделбата на трудот.“ Брехтовата отнолошка позиција има многу нешта со класната „оправданост“, па така Тауфер се приближува на таа атрофија на средната класа формирајќи група на пропаднати работници без влијание и посебности. Во ова расклатено друштво се вклучува и бендот кој го оркестрира целото ова кабаретско чудо во кое повремено во стил на Боб Фос се изведуваат нумерите на порочноста и недоличноста.
Иван Годнич гради еден сосема поинаков Баал од оној што сме имале можност да го гледаме. Овој Баал не е антихерој со таинствена и мрачна насмевка, овој Баал е крупен, хедонстичен и крајно комичен. Годнич се вовлекува во кожата на еден лик кој со својата шегобијност и весела порочност ни ја донесува целата социјална беда на овој век. Неговиот Баал е неодговорен и иднолентен, а со тоа ги привлекува сите околу себе. Комичен, но не и духовит, весел, но не и безопасен, овој Баал на Иван Годнич е еден од неговите најчудни верзии. Годнич го игра со голема страст и посветеност градејќи една човечка руина која е многу актуелна. Овде се наметнува и Јуре Иванушич како Екарт одигрувајќи и други ликови, актер кој е дијаметрално различен од Баал, стамен, но претпазлив, лик кој е еден од жртвите на Баал, но кој знае и да биде под неговата кожа, лик кој овој актер го одигрува мошне мудро и умешно. Урош Мачек одлично го доловува ликот на Емилија со целата своја таинственост и недостапност, а Роберт Пребил е младата Лојзка и фантастичната келнерка која е на голема мака да го угости овој куп месо и порочен ум. Во кабаретските точки во концептот на Тауфер дефилираат гортескни ликови на академици, психолози, пијаници, полицајци, а на крајот и дрвари кои го наоѓаат вкочанетитот Баал во шумата. Целиот тој конгломерат на ликови ја формираат сликата на најпрометните општествени профили совршено актуелни и за овој дваесет и први век. Дијамтерално различен од сите ликови, па и од Баал е ликот на Матија Вастл кој повремено се одвојува од целото тоа милје носејќи го со себе предупредувањето за новото зло. Како нацист и како полицаец, но и како мајордом, овој лик е оној што стои настрана и за кого не знаеме од каде дошол, а е секогаш присутен во некои општествени констелации. Матија Вастл со целата своја сталоженост и талент прави овој лик со себеси да ја носи целата строгост на денешницата.
Во останатите ликови на лекари, курири, мајки, шверцери итн. се и Иван Рупник и Дарио Варга одигрувајќи различни карактери кои совршено добро се вклопуваат во видувањето на Тауфер. Сакако, не смееме да го заборавиме и бендот на Васко Атанасовски, Дејан Лапања и Маријан Станиќ чија музичка подлога е всушност подлогата на целата претстава.
Визуелниот момент на оваа претстава е мошне едноставен и се потпира врз минималистичката сценографија на Зора Станчиќ, како и врз не многу колоритната костимографија на Барбара Ступица. Музиката на Александар Пешут Шатци е раскошна во својата кабаретска духовитост, додека кореографијата на Наталија Манојловиќ Варга потсетува на соблазнителните кореографски партитури на горепсоменатиот Боб Фос, извртено еротична и хуморна до крај.
„Баал“ е амблематска пиеса на дваесеттиот век најмногу заради прекршувањето на ‘рбетот на стереотипите и промовирањето на антихеројот како главен лик во драмата. Бертолт Брехт бил иновативен во театарот на многу наврати. Оваа пиеса говори за порокот како искушение, а во концептт на Тауфер можеме да препознаеме еден многу духовит репетиториум на истата таа порочност чија визуелизација е веќе видена и затоа третирана на травестичен начин. Баал и во оваа претстава говори за темните длабочини на неговата душа, но на начин на кој сите го препознаваме во себе, но се плашиме да си го признаеме.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…