(Кон „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Разван Мурешан во продукција на Народниот театар од Клуж Напока, Романија. Главни улоги: Ирина Винце, Санциана Тарца, Дијана Булуга, Космин Станила, Максим Мирон)
На самиот почеток од дваесеттиот век, Антон Павловвич Чехов ја подарува на светот неговата претпоследна пиеса, „Три сестри“, пиеса густа со текст, со комплексни ситуации и многу силни ликови.
Пиесата посветена на очајот и неснаоѓањето е една од најактуелните пиеси дури повеќе од век подоцна од нејзиното создавање, но е и пиеса за невербата во љубовта и бракот. Чехов исткаил дејствие кое ја мултиплицира тагата и недоразбирањето и кое води скоро до дистописки елементи. Трите сестри се и жртви, но се и светици затоа што во неговиот свет на безбожност и игнорантност, љубовта е слепа надеж која се чувствува во паузите меѓу репликите. Легендарната изведба во 1901 година на Константин Станиславски во својот кастинг ја имала и сопругата на Чехов Олга Книпер како Маша (улога што тој ја пишувал за неа), додека во улогата на Тузенбах се појавува уште едно големо име на современиот Руски театар Всеволд Мејерхолд. Чехов секогаш пишува за дисфункционалноста на семејството која е секогаш предизвикана од безидејноста на времето во коешто живеел, но и времето кое ќе дојде по него. Актуелноста на неговите пиеси е секогаш во неговата иронична глазура и во универзалноста на јазикот и стилот. Се чини дека тука некаде младиот романски режисер Разван Мурешан ја наоѓа својата концепција за оваа пиеса на Чехов. Сместувајќи ја во денешно време и засидрувајќи ја во раскошниот дом на Прозорови, оваа пиеса звучи по малку Јонесковски. Мурешан ги остава ликовите и ситуациите да оттрајат, да се случат и да одекнат во главите на гледачот и претпоставувам дека тоа е најголемиот квалитет на ова видување на „Три сестри“.
Безидејноста во овој концепт доаѓа од а приори нерешената семејна состојба која постојано се комплицира, но за разлика од драмската предлошка, во претставата се повеќе се разгорува покажувајќи ја на некој начин динамиката на овој грешен дваесет и први век. И покрај тоа што јазикот на Чехов звучи автентично, релациите меѓу ликовите во ова режисерско видување се интензивираат и нивната слаткоречивост го губи својот интензитет, а ситуациите стануваат се позатегнати. Поместувајќи се за чекор од драматска рамка, Мурешан гради претстава чие оттрајување е тензично и напнато, а ликовите не се жртви на очајот и резигнацијата, туку на неодлучноста. Токму затоа оваа пиеса на Чехов во овие рамки и тенденции звучи многу автентично и вистинито. Мобилните телефони, модерните визуелни решенија и естетиката на лицемерност се главните катактеристики на опкружувањето што го нуди безидејноста и бесмисленоста на празните ветувања.
Ирина Винце (Олга), Санцијана Тарца (Маша) и Дијана Булуга ( Ирина) се трите столба на оваа претстава. Ирина Винце својата Олга ја одигрува со голема стаменост која е сепак лажна, со една ирониска поставеност на ликот и е дијаметрслно различна од разиграната Маша на Санцијана Тарца која од друга страна носи живост која во секој момент се задушува. Оваа актерка импонира со честите и многу интересни пресврти на својот лик, додека Ирина на Дијана Булуга е тајновитата сестра чија емоција е тивка, но многу значајна. Покрај овие три различни и одлично донесени ролји, тука се наметнува и прекрасната улога на вљубениот и многу неодлучен офицер Вершинин на Космин Станила. Станила го следи секој дамар на овој лик и исклучително умешно го прекршува во одлучниот момент. Како актер со голем дијапазон, Космин Станила создава ли на модерен млад офицер чија дисциплина се прекршува низ призмата на неодлучноста. Тузенбах на Мирон Максим е грамаден човек кој многу скапо ја плаќа својата одлучност и нетрпеливост. Мирон Максим на овој лик му ја предава целата своја актерска умешност и големина, а секако и целиот свој талент. Одлично воден и почувствуван, овој Тузенбах не е тврда личност во чија стаменост се вљубува Ирина, туку е емотивен човек кој својата емоција ја сокрива под робусноста на својата личност. Андреј Прозоров на Матеи Ротару е најслабата карика во целото семејство, но што се однесува до овој многу талентиран актер, во многу позитивна насока. Матеи Ротару го обликува несреќниот и оставен Андреј, единствениот машки примерок на Прозорови, во едно многу драматично расположение, но со блага иронија која говори за неговиот нескротлив нагон за преживување. Динамичниот лик на Ротару е Андреј каков што досега не сме виделе, растреперен и секогаш енергичен иако крајно несфатен и несреќен.
Визуелниот момент на ова видување на „Три сестри“ не носи во денешните денови и тој колорит на раскошна соба во куќата на Прозорови е дело на сценографката Илона Алјамани Леринц, додека во тој колорит се вклопуваат и костимите кои исто така кореспондираат со денешното визуелно милје.
„Три сестри“ е драма за интимното пропаѓање како почеток на глобалното рушење на етиката и моралот. Семејната среќа не е дел од обврските на секој член од семејството, таа е дел од внатрешното убедување и одлучност. Токму затоа оваа верзија на Разван Мурешан и на Народниот театар од Клуж Напока не одведува во еден свет кој го препознаваме во себе, но се обидуваме да го отфрлиме од себе. Токму затоа Чехов во оваа инсценација делува многу автентично и директно, без да се потпираме на авторовите индикации за почетокот на дваесет и првиот век. Овие „Три сестри“ говорат за пропаста и безидејноста на овој, дваесет и први век.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…