(Кон „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ од Рајнер Вернер Фасбиндер во продукција на Народниот театар на Клуж-Напока, Романија. Режија: Еуџен Жебелеану. Глaвни улоги: Рамона Думитреан, Санциана Тарца, Анжелика Ничоара, Елена Иванча, Миријам Чуибус и Дијана Булуга)
Зборувајќи за нарцизмот, секогаш се посегнува по колоритноста како подлога за илустрација, а понекогаш и за оправдување. Томас Стернс Елиот во една прилика ќе каже: „Половина од штетата што се прави на овој свет се должи на луѓе кои сакаат да се чувствуваат важни. Тие не сакаат да направат штета, но штетата (што тие ја предизвикуваат) не ги интересира. Или не го гледаат, или го оправдуваат тоа затоа што се опседнати со бескрајната борба да мислат добро за себе.“ Фасбиндер во неговата најмаркантна пиеса зборува за нешто што некои дваесетина години по неговата смрт ќе стане секојдневен начин на живот, а тоа е интимната дезориентација. Неговата Петра фон Кант е нарцисоидна модна дозајнерка која својата неусогласеност со реалниот свет ја проектира врз сите други, а најмногу врз своите најблиски. Она што оваа пиеса ја прави релевантна и актуелна е токму токсичната интерпретација на колоритот кој во светот на нарцистосоидната дезориентираност има двојна функција: да обелзичи и да го делигитимира човекот. Во режискиот концепт на Жебелену оваа дискрепанција станува совршено застрашувачка и тој успева оваа исклучително интимна пиеса на Фасбиндер да ја актуелизира во едно генерално согледување на сексуалната и интимна ориентација. Оваа негова интерпретација на Фасбиндеровиот текст е раширена во анахроноста на горливите проблеми со идентитетската еднаквост, но во исто време е и лична драма на жена кој се занимава со модно дизајнирање. Жебелеану прави претстава која се загледува од двете страни: и од онаа интимната која кај Фасбиндер има судбински предзнак и од онаа слободоумната која во дваесет и првиот век е многу погрешно толкувана. Фасбиндеровиот критички однос и слободоумност и во неговиоте драми и во неговите филмови е еклатантен, додека во концептот на Жебелеану се насетува извесна документрност која е плодотворна најмногу заради пронаоѓањето на новите аспекти на овој драмски тест. Дијалогот на Фасбиндер е остар, но на извесни наврати и многу поетичен, додека концептот на Жебелеану внесува многу интересна глазура на епика проследувајќи ја судбината на Петра во политички и општествени размери.
Актерскиот сензибилитет на оваа верзија на драмата на Фасбиндер е круцијален и би рекол дека е восхитувачки. Овде би ја истакнал прекрасната актерска креација на Рамона Думитреан која од Петра фон Кант прави вистинска актерска бравура. Таа сјајно ја одвоила амбивалентноста на овој лик од нејзиниата вистинска болка: осаменоста. Нејзината Петра е и емотивна, а е и сурова, нејзината интерпретација плени со комплексноста на изговорениот текст, со органиката на ликот и со емотивната партитура која е исклучително фасцинантна. Тука се придружува и Марлене на Анжелика Ничоара која е дијаметрално различна од неа, со наивност и искреност која совршено точно се согледува во интегритетот на нејзината интерпретација, а не можеме а да не ја споменеме Дијана Булуга во улогата ан Габриеле фон Кант, актерка со извонреден изразен регистар. Карин на Санцијана Тарца и Сидони на Елена Иванча носат една наивност во целата драматика и се актерски партии кои го држат тој еквилибриум на несфатеност и недоразбирање во целата драматика на Петра. Секако во целиот овој конломерат од одлично одиграни ликови влегува и оној на Валери во толкување на Миријам Чуибус кој исто така плени со својата специфика.
Во вителот на недоразбирањето и во широкото интерпретирање на интимистичката дезириентираност, визуелниот момент е совршено доминантен. Така овој круцијален драмски текст на Фасбиндер се одигрува во прекрасната сцена и костими на Велича Пандуру чие заслепувачко белило е метафора за задушениот колорит на уметноста на модата, еден уметнички колосеум во којшто вештачката шума на себеосознавањето како да излегла од Петра и се раширила по целата сцена. Костимите на Пандуру говорат со модниот јазик кој подразбира варијанти и недовршености исто онака како што се недовршени и сите наши процеси до крајот на животот. Овде ќе ја споменеме и одличната музичка илустрација на Овидиу Зимчеа која како да се вовлекла во целото дејствие на најдобар можен начин поттикнувајќи ја неговата значенска вредност.
Еуџен Жебелеану е режисер кој знае да го промислува театарот од другата страна, да ги преиспита причините и последиците од движењата во време кога не можеме да донесеме самите одлуки, а тие да не бидат контролирани од некој што не е повикан да го направи тоа. Неговата режија носи силна порака, а тоа можевме да го видиме и од видеото на крајот на претставата, порака која е неодвоива од нашите персоналитети. Она што Жебелеану сака да ни го каже, а и Фасбиндер се обидувал, е дека недоразбирањето е плод на колективната осаменост, а осаменоста е плод на тактичното отуѓување кое во овој грешен дваесет и први век се вовлекува во нашите животи под лагата на „зближувањето.“
„Горчливите солзи на Петра фон Кант“ Еуџен Жебелеану направи да ги почувствуваме во своето грло носејќи на сцената исклучителен цивилизациски важен синдром: дезориентацијата која зема се поголем замав и во политичка и во општествена смисла. Неговиот режисерски ракопис не наведува да се соочиме со прашањата кои за жал се уште се поттурнуваат под тепих, а пораката е многу јасна и алармантна и без исклучок се однесува на интегритетот на човековиот вид.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…