(Кон „Витезите на лесната девојка“, по драмската предлошка на Корнелија Голи и Тамаш Олах во режија на Андраш Урбан и во продукција на театарот Деже Костолањи од Суботица. Гл. улоги: Тимеа Филеп, Андреа Веребеш, Дина Дедовиќ Томиќ, Бланка Хорват, Габор Месарош, Борис Кучов и Давид Бубош)
Каде се актерските сензибилитети надвор од сцената и кои се патеките на нивните радости и страдања, лаги и измами? „Витезите на лесната девојка“ е на некој начин инспирирана од оперетскиот стил, но е вовлечена во темните пештери на несфатеноста на актерската професија низ фарсичните изразни отрови кои заедно со лелеавата драматургија креираат претстава со мошне духовита димензија, но и со извесна горчина дека сепак актерскиот живот е збир од неизвесности и тензии. Започнувајќи со актерскиот синдикат, режијата на Андраш Урбан се раширува во многу сегменти од општеството, но низ оперетски израз кој не сме го виделе во некои други негови режии. „Витезите на лесната девојка“ е инспирација за една сокриена фарсичност која совршено добро легнува на тој оперетски израз, но е и одличен простор за актерската компактност која за оваа претстава е и тоа како важна. Тоа значи дека Урбан не завлегува во диференцирање на персоналитети, како што е и негов режисерски обичај, туку на комплекс од ситуации кои ги поврзува органиката на драматургијата која со својата флуидност дозволува продуктивни импровизации правејќи ја симпатична и многу духовита.
Она што најмногу го свртува вниманието е цикличната иронија која не поштедува никого, но и пародискиот аспект во оперетскиот израз. Урбан е режисер кој секогаш ги жртвува ликовите за сметка на пораката и острите критики, но е и режисер кој понекогаш донесува некој нов израз каков што е оваа фарсична верзија на оперетата. Дали актерските проблеми, нивниот општествен и социјален статус се главните рамки низ кои поминува оваа „фарсична оперета“ и колку е тоа релевантно имајќи го во обѕир тоа дека актерите во оваа претстава се повеќе дел од концептот отколку ликови од извесна драматургија? Да, актерскиот бунт и образложението дека нивниот социјален живот е сведен на многу ниски гранки е почетна точка што не воведува во режисерката, прво експликација, а потоа инсценација и тоа станува легитимно најмногу кога се прекинуваат оперетските парчиња враќајќи ги актерите на нивниот „вистински“ проблем. Но, во оваа концепција (која би рекол дека е доста мудро водена) вистинскиот проблем е долготрајниот третман на актерите и идната индолентност на општството кон нив. Се чини дека токму затоа во режијата се приоѓа кон оперетскиот израз. Затоа што и персифлажата и фарсата се театарски израз кој ги извелкуваат ирониските аспекти, а оперетата е жанр/механизам од чијашто содржина се говори за лошиот театар и комерцијализираноста. Таа легитимност Урбан ја врамува во еден многу специфичен режисерски ракопис кој иако многу се разликува од сите негови други претстави е театарски јазик кој е сосема релевантен.
Кога сме кај актерската игра мора да се потенцира дека сите седум актери и актерки функционираат како едно тело. Нивните актерски сензибилитети се посветни на темата и проблемот на претставата, па во јадрото на нивните становишта како актери и во кореографските пасажи се крие и фарсичниот акспект на целиот овој проект. Тимеа Филеп, Андреа Веребеш, Дина Дедовиќ Томиќ, Бланка Хорват, Габор Месарош, Борис Кучов и Давид Бубош многу храбро, со целата своја креативност и одличната моќ за импровизација зборуваат за се она што значи несфатеност на актерската личност во сите општествени формации, не само во оваа. Нивната консеквентност и симбиотичната игра прават оваа претстава да звучи многу оригинално, додека нивниот актерски сензибилитет прави тие сепак да делуваат како различни прсоналитети. Тимеа Филеп раскошно ја отворила кореографската потцртаност на сите ликови така што и во таа смисла овие актери делуваат импозантно. Актерот со актерските средства говори за несогледливоста на своите статусни симболи од страна на општетството и тоа во оваа претстава делува мошне импактно, а актерската игра станува незаборавна.
Еден од најитересните сегменти во оваа претстава е музиката на Арпад Серда која е пишувана во оперетски стил, но со силен современ ангажман, така што сите музички партии стануваат многу важно врзно ткиво на пораката што оваа претстава ја испраќа. Костимографијата на Марија Сремац се движи од современиот начин на мислење кој подразбира дури и приватно костимирани актери па се до историските колоритни костими кои го потенцираат раскошот на боите на класиката, со мала поместеност во духот на фарсичноста. Празната сцена која повремено е поддржана со неколку големи оперни кулиси е сценографско решение на самиот режисер, а како што кажавме погоре кореографијата на актерката Тимеа Филеп говори за оригиналноста на актерскиот израз кој многу често има висока амплитуда на опишување и делување.
„Витезите на лесната девојка“ е фарсична оперетка која никогаш нема да биде забавна претстава. И тоа е нејзиниот најголем квалитет. Она што во нас како публика побудило интенција за смеа и аплауз е далеку испратената порака дека актерите се уметници и час поскоро треба да бидат третирани како такви. Дека не знаат да играат фудбал, дека не можат да бидат политичари и дека не знаат да продаваат никакви продукти освен својот талент и својот артизам.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…