Почетна / Насловна / Настани / Доделување на наградените уметници на ,,Остен”- Биенале на цртеж Скопје 2022
Доделување на наградените уметници на ,,Остен”- Биенале на цртеж Скопје 2022
— 21 февруари, 2023
Годинешното доделување на наградите Остен – Биенале на цртеж Скопје/2022, ќе се одржи на 22 февруари во Чифте Амам. Во истата вечер, ќе бидат отворени изложбите, „Остен Арт Фесативал“ и 54. Светска галерија на карикатури 2021/22.
На Биеналето ќе бидат презентирани дела од 200 меѓународни уметници од 40 земји. Поради голем број на пристигнати дела, оваа година се пристапи кон селекција и жирирање од страна на Меѓународно жири.
Советот на амбасадори при “Остен” на ‘Биеналето на цртеж Скопје 2022’, одлучи годинешниот добитник на Гран-при за животно дело да му се додели на американскиот уметник и теоретичар Јозеф Кошут, еден од пионерите на концептуалната уметност. Наградата за Светско културно наследство ќе му се додели на Харменсон фон Ријн Рембрант од Холандија, и спаѓа во најзначајните сликарски имиња во историјата на уметноста на Холандија, но, и на светската уметност.
Американскиот уметник и теоретичар Јозеф Кошут, еден од пионерите на концептуалната уметност.
Џозеф Кошут е еден од зачетниците на концептуалната уметност, којашто се појави во средината на 1960-тите, и стана едно од позначајните движења кое напредуваше во 1970-тите и остана влијателно до ден денес. Тој е пионер во употребата на зборови наместо визуелни слики од секаков вид и ја истражуваше врската помеѓу идеите и сликите и зборовите што се користат за нивно пренесување. Неговата серија од една и три инсталации (1965), во која тој состави предмет, фотографија од тој објект и зголемена фотографска копија од дефиницијата на речникот за него, директно ги истражуваше овие односи.
Покрај изложбата на наградени и селектирани уметници на “Остен” Биенале на цртеж Скопје 2022, во истовреме ќе се отвори изложбата на селектирани-(наградени) карикатуристи на 54-та Светска галерија на карикатури Скопје 2022, на која ќе бидат доделени плакети на наградените уметници и карикатуристи, и признанија на соработници на “Остен”. Со посебни Гран-при награди од Советот на амбасадори на “Остен” ќе бидат закитени сликарите Свето Манев (С Македонија) и Павле Пејовиќ (Црна Гора).
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…