Култура

За „францускиот Оскар“ нема да можат да бидат номинирани осомничени за сексуално насилство

На сите оние на кои им се заканува потенцијална затворска казна за сексуално насилство ќе им биде забрането да присуствуваат на церемонијата на доделување на најважните француски филмски награди Цезар, што ќе се одржи следниот месец, соопшти тамошната Академија за кинематографски уметности.

Одлуката на шефот на Француската академија, во пресрет на 48. церемонија на доделување на наградата, да го забрани пристапот до церемонијата за обвинетите за сексуален престап или кои веќе се осудени за такво дело, значи дека на церемонијата нема да може да присуствуваат, на пример, францускиот актер Софијан Бенасе, кој е под истрага поради обвинувања за силување.

25-годишниот актер прво беше номиниран за Цезар за неговата улога во „Les Amandiers“, но обвинителството оттогаш започна истрага против Бенасе поради наводите за силување и сексуален напад. И Академијата го „избриша“ од листата на номинирани. Актерот ги отфрли сите обвинувања, а режисерката на филмот, Валери Бруни Тедески изјави дека Бенасе била жртва на „медиумски линч“.

– Пред да го изберам за улогата во филмот, бев свесна за обвинувањата, но тие шпекулации не можеа да ме спречат, бидејќи ова достигнување е незамисливо без него. За овој случај се огласи и сестрата на режисерот, поранешната француска прва дама Карла Бруни, која рече дека односот кон актерот во јавноста ја нарушува „презумпцијата на невиност, еден од темелите на демократијата“, пренесе Би-Би-Си.

Оваа одлука на првиот човек на Академијата за филмска уметност се објаснува како „чин на почит кон сите можни жртви на сексуално насилство“, а на некој начин е резултат на она што се случи пред две години на Цезар наградите, кои многумина го нарекуваат „француската верзија на Оскарите“. Тогаш режисерот Роман Полански, кој со децении беше на листата на американски барани лица за силување на 13-годишно девојче, првпат беше номиниран за наградата Цезар за најдобар режисер, што предизвика огромни контроверзии во француската јавност. Кога на крајот се закити со три награди за филмот „Офицер и шпион“, некои актерки демонстративно ја напуштија церемонијата, а сите членови на Управниот одбор на Француската академија поднесоа оставки.

Слични статии