Култура

Во Македонија се снима „Мојата мајка е космонаут“ со холивудската ѕвезда Вилијам Болдвин

Македонија полека но сигурно го гради патот кон соработка со холивудските филмски ѕвезди. Започна првиот дел од снимањето на проектот „Мојата мајка е космонаут’ по сценарио и во режија на Енди Делиана. Во проектот една од главните улоги ја игра Вилијам (Били) Балдвин, една од големите холвудски ѕвезди (Sliver, Internal affair, Fair game), заедно со Наталија Санчез, една од најпознатите актерки во моментов во Шпанија, особено со серијата Лос Серано, како и Стеф Досон, Џон Гросман и Мајк Хофман. Вилијам Болдвин е познат и како брат на Алек Болдвин, но и по неговите улоги во филмовите „Сливер“, „Фер игра“, „Внатрешни работи“. 

„Растејќи во Њујорк во 70-тите со “Thousand Crazy Brothers”, повеќето од вас треба да ги познаваат браќата Болдвин. Сакам да покажам што се сметаше за нормално во начинот на кој тато не воспита и како мама управуваше со семејството. На Инстаграм ги пишувам приказните и искуствата што ги доживеавме низ начинот на кој нашите родители се однесуваа и не воспитуваа нас, да бидеме тука каде што сме сега“, ни кажа во паузите од снимањето Болдвин.

Проектот се снима во Албанија, Франција и Македонија, бидејќи тука се случува дел од приказната.

“Мојата улога е на Дори, девојка која се обидува да го открие минатото на своите родители и да дознае некои лоши работиод времето на комунизмот“, изјави Наталија Санчез.

Сценографијата во филмот ја потпишува Влатко Зафирковски, додека костимограф е Жаклина Крстевска, снимател на звук е Дарко Спасевски, како дел од македонската екипа која што работи на проектот. Филмот е во копродукција помеѓу Албанија и Македонија, финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Р.Македонија и европскиот фонд Еуримаж, и тоа помеѓу филмските компании, Ред Хеликоптер филм и ДРИМ ФЕКТОРИ од Македонија, а продуценти на филмот се Енди Делиана, Ана Каролина Делвекио, Стојан Вујичиќ и Огнен Антов.

 Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади режисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Од бројните филмски остварувања на ДРИМ ФЕКТОРИ е играниот филм “ЏГАН“ во режија на Вардан Тозија, добитник на повеќе награди и учесник на преку триесетина филмски фестивали ширум светот, потоа копродукциите “Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Миљковиќ (Кој својата Светска премиера ја имаше во рамките на светскиот фестивал од А категорија ТОРОНТО интернационален филмски фестивал- каде што доби награда од публиката, а до сега е прикажан на педесетина фестивали меќу кои е и САНДЕНС филмскиот фестивал основан од Роберт Редфорд), или “Вера сонува за морето“ во режија на Калтрина Красниќи со кој учестуваваа на еден од најстарите филмски фестивали на светот Интернационален филмски фестивал во ВЕНЕЦИЈА, Италија , од каде што се вратија со две освоени награди..

Автор: