Почетна / Насловна / Став / НЕИСТРАЖЕНОТО И НЕВИДЕНОТО НА НЕПРИКОСНОВЕНИОТ ВЛАДЕТЕЛ
НЕИСТРАЖЕНОТО И НЕВИДЕНОТО НА НЕПРИКОСНОВЕНИОТ ВЛАДЕТЕЛ
— 12 декември, 2022
(Кон „Едип“ на Софокле во режија на Вито Тауфер и во продукција на Југословенскиот Драмски Театар од Белград. Главни улоги: Милан Мариќ, Наташа Нинковиќ, Срѓан Тимаров, Бојан Димитриевиќ, Зоран Цвијановиќ и др.)
Озаглавена едноставно како „Едип“, оваа како сечило концизна претстава говори за една наследена и политички инстинктивна „тиранија“ која во принцип кај Софокле ја има и во насловот. Софокле во своите реплики ја има есенцијалната интерпретација на митот за владетелот кој барајќи го проклетникот во кралството наидува на себе, родоскверник и убиец. Во таа констелација, се чини дека театарски нема многу место за интервенции со оглед на цврстата органика на елинските трагедии, но има огромен простор за трансформации и транспонирања кога ќе земеме во предвид дека референтноста на оваа трагедија и во политичка и во општествена смисла е мултизначна. Режисерскиот концепт на Вито Тауфер се движи низ транзитивните политички ганглии дислоцирајќи го дејствието тука, покрај нас инволвирајќи го и свештенството, но низ текстот на хорот и хороводецот, а не низ ликот на пророкот Тиресија чиј аспект е посебна аналитичка целина. Имено, оваа режисерска визура на прв поглед„ строго на земја“ не импонира толку со својата атипичност, колку со својот исконструиран реализам кој зафаќа временски период многу близок до нас занимавајќи се со остатоците од мината општествена консталација која, од друга страна влегува на мала врата во демократските процеси.
„Едип“ на Тауфер своето недоразбирање го мултиплицира не само низ разрушените семејни релации, туку и низ системските хиерархии кои низ една совршена „квир“ варијанта му ги воочува и Тиресија, а и свештеникот во првата сцена од претставата. Но, сеедно, во оваа констелација овој режисер мудро ја одбрал меаната за вообичаено разрешување на сите политички недоразбирања како тоа обично бидува во транзитивните земјички и каде што привидот на тие разрешени недоразбирања отвора нови и покомплексни. Освен првата сцена, целата претстава се случува во т.н. Ресторант Агора со музиката „за душа“ на бендот, во чадлива атмосфера и невреме со пороен дожд и повремени грмотевици. Во оваа густа и напната атмосфера се раѓа конфликт кој има далекусежни последици, а интимната драма станува јадро на едно општествено пресоблекување во кое новото руво нема да промени ништо суштествено како тоа обично се случува во „демократските“ турбуленции во секоја држава по распадот на, да речеме, Југословенската федерација. Едип на Тауфер се враќа таму од каде што дошол, од толпата каде што никој не го препознава за да ја отстрада својата накажаност која „ниту ја видел ниту ја истражил“, обичен човек кој постанува жртва на околностите како што денешните општествени формации се жртви на случајностите и склоповите на околности. Во целата оваа застрашувачка околност во концептот на Тауфер значајна улога игра пророкот Тиресија кој е донесен во една „квир“ варијанта и изговорувајќи ја начелната трагична судбина на Едип мошне успешно се прилагодува на традиционалниот ентериер довикувајќи се на своите инстинкти кои Едип, владетелот не ги препознава. Во овој осовременет контекст актерската енергија е бесценета најмногу заради совршената вклопеност на Софоклеовите ликови. Едип на Милан Мариќ е комплексен лик со силна емотивна гама. Имено, овој млад актер има огромен актерски регистар и талент со голема длабочина, па го носи својот Едип со сигурно, егзактно и цврсто оцртување кое воодушевува. Мариќ со оваа брилјантна креација не потсетува на бесмртните креации на младите Лоренс Оливие и Џон Гилгуд кои својата младост ја подаруваат на театарскиот прав за неговите честички да ги склопат во незаборавен лик. Едип на Мариќ се движи низ задушенот коридор на недоразбирањето и низ сите недоумици успева да го прежиее и самоказнувањето. Едип на овој фантастичен актерски сензибилитет тлее полека, не се расфрлува со емотивни пасажи, а Мариќ ја чувствува каденцата на Едиповото страдање и ја наслојува со емотивна колоратура која на крајот во своите дамари ја впива целата катарза на овој лик. Младиот Милан Мариќ е мудар актер кој одлично владее и со својата реторичност на суверен и знае како таа кула од карти да ја сруши и од тој човек да ја извлече неизбежната немоќ. Едип во неговиот духовен хабитус како драматуршка парадигма добива уште едно значење најмногу заради тоа што Милан Мариќ во многу суптилни моменти го осовременува, го прекрива со темпераментот на дваесет и првиот век откривајќи состојки на овој лик кои досега не сме ги виделе. Во „Едип на Колон“, Едип вели: „И ако кога се родив во беда, како што бев роден, го сретнав мојот родител, не знаејќи кого сретнав или што направив, и го убив, како можеш со правда да ја обвиниш несвесната рака?“, дилема низ која Мариќ ја води својата креација насетувајќи го проклетството на овој грешен дваесет и први век. Јокаста на Наташа Нинковиќ ја испреплетува огромната тага со страста која во нејзиниот поглед се насетува уште во првата сцена. Имено, оваа сјајна актерка ја соѕидува својата мајка/сопруга во уште едно недоразбирање кое е женско и со себе ја носи сета суровост и бескомпрмисност. Низ прекрасниот монолог таа ја превртува ракавицата на својат судбина и се повлекува под налетот на срамот во мракот кој го најавува со миговниот презир како кода на својата одлична актерска креација. Некаде меѓу нив е остриот и студен Креонт на Срѓан Тимаров, лик кој овој актер многу умешно го обликува во студен, рационален, амбициозен претендент кој како „следниот“ знае како треба да се исчисти крвта по пресметката на неподобните. Креонт наСрѓан Тимаров е безобразен и крајно суров, лик кој во својата „праведност“ го крие она што ќе дојде по Едип, а тоа е продлабочувањето на родовата и политилка омраза. Сјајна актерска партиј која е оној „другиот“ антипод во политичката “коректност“ која во главата на Едип е срчана, а во носот на Креонт измамничка. Од другите ликови секако би го споменале одличниот Тиресија на Бојан Димитриевиќ кој својата андрогина функција ја подава на околностите во кои режисерот со право и сосема еклатантно го фрла овој мит. Бојан Димитриевиќ овој ли го одигрува во манир на лесна загатливост и смиреност, со фантастична реторичка моќ и блага иронија која станува фатална во осознавањето на Едип. Овој лик во концептот на Тауфер не е религиски поставена икона, тоа е лик кој доаѓа од врутокот на недофатливото каде што се и Сфингата, а и мистеријата за Лај, Едиповиот татко која делумно му ја прераскажува Гласникот од Коринт во одлична актерска интерпретција на Зоран Цвијановиќ кој во таа меана доаѓа како патник намерник за да го донесе она што Едип никако не сака да го слушне.
Точно е дека ниеден од ликовите во оваа парадигматична трагедија на Софокле не сака да ја слушне вистината и тоа е уште еден столб на ова нејзино принесување во ова време. Вистинта е тежок оков и во пиесите на современите драматурзи, а во оваа трагедија е затвор од кој нема да излезат ниту Едиповите ќерки Антигона и Исмена. Во стуштеноста на меаната се крие и темната сценографска креација на Лазар Бодрожа која совршено го отсликува времето на одлуките низ песна и пијачка, додека во оделата со темна боја на Марија Марковиќ Милоев се крие лажната конструктивност на јавните личности на времето кое постојано се повторува. Оваа органична визуелна вклопеност ја поддржува и музиката на Роберт Пешут Мањифико и Александер Пешут Шац!, чија дисторзирана веселост навлекува еден многу продуктивен цинизам како точка на „и“ во целиот начин на промислување.
Во „Едип на Колон“ хорот изговорува многу пророчки: „Зашто, кога младоста ќе помине со својот вртоглав воз, следат неволји по неволји, маки на маки, болка, болка за вечна болка, и никој не бега од животните вртежи. Зависта, бунтот, расправиите, масакрот и војната ја сочинуваат приказната за животот. Најнакрај доаѓа најлошата и најодвратната состојба на незабележителната возраст, без радост, без придружба, бавна“, додека Едип се сомнева дека во мракот на неговтот слепило ќе останат надежта и љубовта. Таа и во оваа претстава е недостижна како што е недостижна и утопијата, додека дистопијта чука на вратата на ресторанот кој не потсетува дека на тоа место некогаш имало плоштад и град.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…