Почетна / Арт и дизајн / Насловна / Модни дизајни со вештачка интелигенција, на холандската модна дизајнерка Анук Випрехво МНТ (видео и галерија)
Модни дизајни со вештачка интелигенција, на холандската модна дизајнерка Анук Випрехво МНТ (видео и галерија)
— 12 декември, 2022
Синоќа, во фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен„Осветлено“ (Into the light). Специјална гостинка на вечерта беше светски познатата холандска модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht). Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.
Модниот настан беше заокружување на поголем проект, кој се одвиваше во неколку фази. На почетокот, Анук Випрехт одржа неколку мастеркласови со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека. На овие презентации студентите добија конкретни насоки како да ја користат современата технологија во модниот дизајн. Потоа, холандската дизајнерка заедно со професорката Георгиева одржаа и неколку работилници на кои студентите создадоа оригинални модни дизајни, кои беа претставени на модниот настан. Гостите, помеѓу кои беа присутни истакнати дипломати, политичари, луѓе од јавниот живот во Скопје и претставници на медиумите, имаа ретка можност да погледнат и дел од оригиналните високотехнолошки модни дизајни на Анук.
Настанот го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп: „Холандија е еден од светските лидери кога станува збор за иновации и висока технологија. Дизајните на Анук Випрехт презентирани во првиот дел на вечерта ни покажаа што може да направи холандската високотехнолошка мода. Вториот дел и делата на студентите ни покажаа што можеме да направиме заедно. Северна Македонија е наш партнер и се надеваме дека наскоро ќе имаме уште поблиска соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и модната индустрија, во рамките на отворениот европски пазар“, истакна Јан Коп.
„Голема благодарност до Амбасадата на Кралството на Холандија за укажаната доверба и иницијативата за соработка. Искуството низ кое поминаа студентите е значајно за нивниот понатамошен развој. Имавме ретка можност да уживаме во креативниот процес и во соработката со Анук“, вели професорката Лидија Георгиева, која неодамна, заедно со „Завар дизајн“ земаа учество на Модната недела во Белград, а на синоќешниот настан беа претставени и овие дизајни.
Анук Випрехт е иновативна дизајнерка, приврзаник на модната технологија (FashionTech) и создава раритетна комбинација на модни парчиња, кои се комбинација на инженерство, наука и дизајн. На автентичен начин ја спојува модата и технологијата, а нејзините дизајни се стремат кон вештачка интелигенција, како своевидни системи „домаќини“, и делуваат како да дишат заедно со човечкото тело и реагираат на непосредната околина. Сензорите вградени во дизајнот го следат просторот околу оној што го носи, а сензорите за телото го детектираат нивото на стрес како удобност или вознемиреност. Нејзиниот најпознат „Spider Dress“ базиран на модулот Intel-Edison е совршен пример за оваа естетика, каде што сензорите и подвижните раце на фустанот помагаат да се создаде подефинирана граница на личниот простор.
„Овој роботски фустан напаѓа доколку некој премногу ви се приближи“, вели Випрехт. Освен рачни уреди, дизајнерката истражува како можеме на нови начини, преку нашата облека да комуницираме со светот околу нас. Таа активно соработува со Интел, АутоДеск, Гугл, Мајкрософт, Самсунг, Адидас, Дизни, Сваровски, Ауди, со најпознатиот циркус „Сирк де Солеј“ и со компаниите за 3Д печатење, додека истражува како би изгледала нашата иднина доколку продолжиме да ја вградуваме технологијата во она што го носиме. Таа работи и живее на релација помеѓу Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами и Амстердам.
Дизајните изработени од студентите ќе бидат изложени во просториите на Млади Хаб од понеделник 12 декември.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…