Култура

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможува бесплатни документарци до 20 јануари

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од фестивалот.

Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови.

Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc Around Europe“ може бесплатно да се гледаат 30 дена, на Gley.TV – https://gley.mk/, заклучно со 20 јануари 2023 година. Притоа, пристап до филмовите е возможен без активна претплата на платформата „Глеј (Gley)“.

Достапни за онлајн гледање се документарните филмови „Ќерките на Зухур“ (2021 / 89’ / Германија) во режија на Лауренција Генске и Робин Хумболт (победник на „ДОК.фест Минхен“), „Господарките на шумата“ (2021 / 90’ / Франција) во режија на Клаус Дрексел (победник на „ФИПАдок“), „Тајната на доктор Гринбер“ (2020 / 91’ / Шпанија) во режија на Ида Куеља (победник на „ДоксБарселона“) и „Дида“ (2021 / 78’ / Швајцарија) во режија на Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (победник на „МакеДокс“).

Основачи на мрежата на фестивали на документарни филмови „Doc Around Europe“ се: „ДОК.фест Минхен“ (Германија), „ФИПАдок“ (Франција), „ДоксБарселона“ (Шпанија) и „МакеДокс“ (Северна Македонија), а годинава на мрежата се приклучи и фестивалот „Верзио“ (Унгарија).

Tagged with:

Автор:

Слични статии