Почетна / Настани / Став / СТРИПОВСКИ ТРАКТАТ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА НЕВРАЛГИЧНОСТ
СТРИПОВСКИ ТРАКТАТ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА НЕВРАЛГИЧНОСТ
— 16 ноември, 2022
(Кон претставата „Протекција“ на Народниот театар од Сараево во режија на Кокан Младеновиќ. Гл. улоги: Дино Бајровиќ, Ермин Сијамија, Белма Салкуниќ, Мерима Лепиќ Реџеповиќ, Мирвад Куриќ)
„Протекција“ е пиеса која Бранислав Нушиќ ја пишува во затвор и токму затоа оваа комедија е, се чини најцрна од сите други комедии. Се чини дека во неа е истурена целата жолч на овој голем комедиограф против општествените аномалии чија поврзаност и со денешните општествени констелации е еклатантна и длабоко препознатлива. Имено, сите релации, прототипови и ситуации за кои зборува и ги опишува Нушиќ се само денешен рецидивв што говори за еден долго провлекуван социјален очај на обичниот човек чија одредница е матна, неодредена, а неговата состојба во општеството фрагилна и полна со неизвесности. Во оваа постановка на „Протекција“ една од најглавните чинители е токму адаптацијата на текстот која ја потпишува Милена Богавац, а која е и авторка на текстовите за сонговите во претставата. Секако, во текстовниот материјал се гледа дека Нушиќ е радикално скратен, но за сметка на актуеализацијата на самиот проблем кој се третира и, сепак грижејќи се за доследноста и компактноста на претставата Милена Богавац направила многу органично и интересно осовременување додавајќи и зачини на директно пласирана фактографија што алудира на денешните коруптивни афери и состојби.
Кокан Младеновиќ се одлучил за една стриповска рамка која инсистира на релацијата на човекот кон општествениот апарат, но со една ригидна гротескност која импонира најмногу заради естетската дистанцираност кој пак, од друга страна му овозможила својата режисерска концепција да ја потрпе токму на коментарите и ирониската глазираност. Како и во неговата претстава „Последните двојчиња“, така и во оваа имаме жива музика на сцена која допринесува тој естетизиран цинизам да достигне до гледачите на еден многу жесток начин оставајќи им многу малку време да размислуваат од каде доаѓа и каде оди корупцијата која совршено добро ја „обогати“ транзицијата со дебела и несовладлива олигархија. Кокан Младеновиќ е сосема посветен на ова вехементно третирање на Нушиќевите мотиви и сите визуелни и актерски пренагласености се вистинското ткиво и на режисерскиот и на актерскиот израз. Да, претставата има еден стриповски налик и се движи од ноар констелациите на изместениот реализам па се до карикатуралноста која и од ликовите прави гротескни појави. Младеновиќ сепак ја задржува таа брза динамика и вовлекувајќи го списокот на ововременските коруптивни скандали прави една многу остра паралела на Нушиќевото со сегашното време, една синтеза на црната општествена поврзаност длабоко навлезена во калта на политичките равенства.
Оваа претстава наликува на фуга во која брзите поместувања и во драматуршка и во режисерска смисла се должат токму на таа оптика на Младеновиќ од која се извлекуваат сјајни актерски партии. Овде прво мислиме на младиот Дино Бајровиќ кој од својот Светислав, младата жртва на коруптивните превирања прави вистинска бравура развивајќи еден сосема амбивалентен лик на млад човек кој во она време кога престанува да биде жртва, станува нејзин креатор. Младиот Дино Бајровиќ со својот комплексен актерски израз создава лик за паметење користејќи го и музичкиот аспект како инспирација за извонредно да го одигра иронискиот контекст на ликот. Младиот актер го живее ликот од почетокот до крајот на претставата со совршено добро канализирана енергија мошне мудро користејќи го својот талент кој по овој лик се гледа дека е раскошен. Од големата поделба тука се наметнува и Мерима Лепиќ – Реџеповиќ, која ја игра улогата на Јулка, ќерката на претседателот на судот Аким Кукиќ, актерка која формира лик со широка лепеза на хуморни делници, лик кој како во себе да ја насобрал целата извитопереност на малограѓанштината и од Нушиќевото и од денешното време, актерка чија виртуозност и фантастична говорна умешност воодушевува. Овој лик, како и ликот на Дино Бајровиќ импресионираат со својата компактност и органика. Александар Сексан исто така се наметнува со гротескниот лик на Аким Кукиќ со тежина на еден Гогољевски великодостојник, тешка и трдоглава појава која овој актер ја одигрува мошне умешно и со исклучително препознатлив израз.
Од останатите улоги би можеле да ги споменеме: Ермин Сијамија како Министерот, Амра Капиџиќ како Савета, Мирвад Куриќ как Манојло, Емина Минка Муфтиќ како Мадам Ѕвездана и Амина Беговиќ како Персида, креации кои во своите простори направија вистински актерски бисери.
Она што импонираше во ова мошне интересно видување на овој црнохуморен текст на Нушиќ е токму сценографијата која беше мотивирана од затворскиот простор и во која се вовлекуваат и извлекуваат сите ликови. Сценографијата на Мариела Хашимбеговиќ со своето сивило донесе една чадлива атмосфера на гнило општество, на опркужување кое, за жал, се уште го има во транзитивните земји, додека костимографијата на Лејла Хоџиќ беше разлеана низ еден дречлив колорит и токму таа визуелна констелација заедно со шминката ја потенцираше малограѓанската лакомост и деструктивност. Секако, музиката на Ирена Поповиќ Драговиќ донесе многу персифлажа, многу гротеска и многу црна треперливост и токму таа остра стилска променливост го позиционира стриповскиот предзнак на целата претстава.
Но, како што во една прилика Нушиќ рекол дека „правдата им е на луѓето често пати потешка од неправдата“, така и ние би рекле дека „Протекција“ е претстава за темните интерпретации на правдата. Конечно, овој стриповски призвук на целиот транзитивен карусел не потсетува на тоа дека театарот секогаш предупредува, а никогаш не носи решение. Актерскиот сензибилитет во оваа претстава е оној кој ја носи целата порака, додека режисерскиот концепт е преокупиран со човечноста. Комедиите на Бранислав Нушиќ имаат хумор кој е секогаш оригинален. Во ова видување на Кокан Младеновиќ тој мудар, но априорен хумор ја истакнува целата девастираност н аполитчките вриежи и општествените недоразбирања на начин на којшто тектониката на цинизмот ја излачува правдата како невина девојка од бордел.
„Протекција“ ни донесе едно сосема поинакво согледување на реалитетот кој за жал, се помалку се рационализира, барем на овие простори. Сите предупредувања што ги носат овие актери и режисерскиот концепт си ги кажуваме сите ние што излегуваме од салата. Но, се чини дека, за жал, се завршува со новиот ден кој не е поинаков од претходниот. И тоа повторно го вели големиот комедиограф Нушиќ кому Кокан Младеновиќ на крајот на претставата учтиво му се извинува: „Кариеристите не оставаат никаква трага по себе, освен поранешните пријатели!“
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…