(Кон претставата “Зошто спиеш на подот“ по романот на Дарко Цвијетиќ во режија на Кокан Младеновиќ и во продукција на Народниот театар од Сараево, Драмскиот театар „Гавела“ од Загреб, Српскиот народен театар од Нови Сад и Фестивалот МЕСС од Сараево. Гл. Улоги: Дарко Цвијетиќ, Дарко Радоевиќ, Мерима Лепиќ Реџеповиќ, Свен Шестак, Алдин Омеровиќ)
Војнаата е во принцип колективна траума и со себе носи долготрајни, неизлечиви рани. Босанската војна во цивилвизациски рамки ја чувствуваме многу блиску до својата колективна меморија, додека поодделните судбини ги доживуваме како свои трауми, или барем се залепуваме со нив во едно страдање кое ни го понуди транзицијата како ехо од она што значи ирационална омраза и национална неосвестеност. „Зошто спиеш на подот“ е втор роман на Дарко Цвијетиќ кој овојпат се занимава со раните на своето потесно семејство за време на босанската војна, поточно од нејзиното започнување и ужасните недоумици кои ги донесува прекршувањето на тогашната ЈНА низ вителот на надоаѓачката војна.
Она што фасцинира во оваа инспиративна и исклучително компактна претстава на Кокан Младеновиќ е самото присуство на Дарко Цвијетиќ како актер и автор на текстот. Вовлекувајќи се во ликот кој го толкува самиот, повикувајќи се на своите лични трауми и принесувајќи го своето страотно животно искуство од Босанската војна, Дарко Цвијетиќ создава едно иновативно дело во кое театарската дистанца е само елемент во пронаоѓањето на вистината која долго ќе се пребарува за оваа војна исто како што скоро осумдесет години се пребарува за Втората светска војна. За тоа бескрајно и маченичко пребарување големиот драматичар Луиџи Пирандело вели: „Јас лично не давам ни паричка за документите; зашто вистината во моите очи не е во нив, туку во умот.“ „Зошто спиеш на подот“ е приказна за братот на Дарко Цвијетиќ кој заминува во војска токму во таа преломна 1992 година, за црните бездни на недорзбирањето во кое е вклучено целото негово семејство и за мултинационалноста и мултирелигиозноста на таа многу изжалена и многу омразена Југославија. Кокан Младеновиќ ја дислоцира оваа траума во студените соби на мртвите тела од чии лимени фиоки излегуваат судбините на една војна која има едно феноменолошко ехо и води кон ововременскат отуѓеност од која не можеме или не сакаме да се излечиме. Неговиот режисерски концепт има една многу суптилна симболична гама која и пккрај тоа што делува исповедно, таа е совршено динамична. Дарко Цвијетиќ во својат актерска креација внесува документаризам кој е бесценет и кој е на некој начин органичен елемент на режијата генерално, и кој, додатно делува поттикнувачки во актерската креација. Токму документаристичкиот контекст на режисерската концепција ја прави оваа претстава оригинална во приодот и во аналитичноста. Коментрите што се дел од романот на Цвијетиќ ја прелеваат таа документаристика во актерскиот израз и тоа делува фасцинантно. Затоа „Зошто спиеш на подот“ е претстава што емоцијата ја сублимира како искуство, а не како обвинување, тука се работи за расчленување н траумата во ситни честички совест од кои хуманизмот заминува и како крилатица, но и како предупредување дека за скоро ќе исчезне ако човекот не се занимава со своите доблести повеќе отколку со своите маани. Оваа рамка е цврстата потпора на претставата која остава многу силен впечаток, а на свој начин е и иновативна, не само со духовното и артистично присуство на самиот автор, туку и, како што споменав со режисерскиот приод.
Покрај Дарко Цвијетиќ чија актерска бравура полна со говорна и емотивна бесценетост е од огромно значење за театарот воопшто, во оваа претставта брилјираат млади актерски персоналитети од кои се одвојуваат Дарко Радоевиќ кој извонредно посветено го одигрува братот на Дарко Цвијетиќ, актер чија суптилност во изразот и прецизност на ликот придонесува оваа претстава да ја добие својата вистинска и правилна актерска експресија и Мерима Лепиќ Реџеповиќ, исклучително талентирана млада актерка чиј горчливо-духовит лик ја отвора таа светла димензија на Сараевското милје, актерка со незапирлива актерска енергија чиј лик е незаборавен, а секако треба да се споменат и актерските бисери на Свен Шестак, Алдин Омеровиќ, Саша Крмпотиќ, Маја Изетбеговиќ, Тена Немет Бранков, Иван Грчиќ Никола Баќе, Александра Плескоњиќ, Стеван Узелац и Игор Павловиќ. Колективната игра во претставата го донесува колективното страдање во Босанската војна на ниво на фреска со актерска енергија достојна за голема почит.
Визуелниот аспект на претставата особено мудро го прават сценографката Мариела Хашимбеговиќ и костимографката Марита Ќопо каде што доминира сивилото на мртовечницата, а костимите се движат во реалистичниот простор на сивомаслинестата униформа на ЈНА и секојдневието на деведесеттите години. Музиката на Ирена Поповиќ Драговиќ е уште еден актер во оваа претстава со сите прерогативи на сеќавањето и деструктивноста на тоа време, додека еден од најзабележителните сегменти е драматизацијата и адаптацијата на романот на Мина Петриќ и Дубравко Михановиќ. Нивното како што велат тие „зачекорување во минатото на неговото семејство“ се вовлекуваат во еден свет чие болно прекршување значи цивилизациско престројување чии жртви се уште се бројат.
„Зошто спиеш на подот“ е исповед на една синтетизирана болка, на едно страдање чија порака, сега, по трисет години е далеку посилна. Претставата не води во теснецот на човековата недостојност, на неговата неверба и лицемерие. Се чини дека тука, во таа позадина се крие значенската вредност на ова уметничко дело. Враќајќи се повторно на хуманизмот и ирационалноста на војната, сигурно ќе констатираме дека документаристиката не е алатка на веродостијноста, туку е прозорец од којшто се гледа посакуваната слика, а до која очигледно дека се доаѓа мошне тешко. Секако, тука велиме дека даваме златник за тоа како Дарко Цвијетиќ се чувствува додека го игра она што поминало низ неговиот физички и духовен хабитус, но би дале цело богатство да се слушне онаа, вистинската порака што ја носи оваа претстава, за која, за жал со новите воени виори и тензии се уште е редундантна.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…