МФФ „КинеНова“ ќе го отвори хрватскиот филм „Чичко“ на Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји
— 30 септември, 2022Меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“, ќе се одржи по седми пат од 7 до 14 октомври во кино салите „Милениум“ и Кинотека на Македонија. Оваа година филмските проекции ќе се одвиваат под слоганот „Првиот остава трага“. „Киненова“ ќе се отвори со хрватскиот филм „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји, инаку е еден од осумтте филма што се на листата на филмови во официјална конкуренција.
Со проекции во „Милениум“ и во Кинотека, организаторите по седми пат на домашната публика ќе и’ ги „подарат“ актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност, кои гледаат на светот со отворени и љубопитни очи, поставувајќи бројни прашања во своите филмови кои се релевантни и на овие простори.
-Октомври традиционално станува месец на „КинеНова“.Секоја година се снимаат се’ поквалитетни деби остварувања, и како селектор се соочувам со слатки маки кои филмови да влезат во конкуренција за фестивалските награди, вели програмскиот селектор Игор Анѓелков, кој на домашните филмофили им препорачува „и оваа година да не ја пропуштат „КинеНова“, затоа што овој фестивал нуди возбудливи програмски содржини низ фокусиран концепт, кој е единствен од ваков вид кај нас“.
Во петок на 7 октомври, во киното „Милениум“, со почеток во 20 часот, фестивалот ќе го отвори хрватскиот филм „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, со Мики Манојловиќ и Горан Богдан во главните ролји. Ова е еден од осумте филма кои се дел од официјалната компетиција за фестивалските награди, меѓу кои има и филмови од Романија, Полска, Србија, Италија, Турција и од Косово.
-За годинашните лауреати во официјалната, но и во селекцијата за краткометражни остварувања, ќе одлучува интернационалното жири во состав Аида Бегиќ (БиХ), Паво Маринковиќ (Хрватска), Елеонора Венинова (С. Македонија), Симоне Стараче (Италија), и претседателката на жирито Илдико Енједи, наградуваната унгарска режисерка, која воедно е добитник на Наградата за особен придонес во светската филмска уметност. Таа ќе одржи и мастерклас за публиката, споделувајќи ги нејзините филмски искуства за снимањето на победникот на Берлиналето во 2017 година, филмот „За душата и телото“, потоа финалист и за Оскарот, соопшти директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.
Од останатите фестивалски содржини, вредни за споменување се „Режисерот во фокус“, австрискиот маг Михаел Ханеке, чии први три филмови го трасираа неговиот пат до европскиот и светски врв, потоа, изборот на филмови од актуелната португалска и ирска кинематографија, како и соработката со полскиот фестивал „Вистула“, кој на домашните кино платна ќе ни ја претстави тамошната актуелна кинематографија.
Се’ на се’, „КинеНова“ #7 повторно нуди квалитетни филмски содржини, со што од година во година ја потврдува својата зацртана цел – соодветно претставување на новите филмски сили, кои претставуваат светла иднина на седмата уметност.
ФИЛМОВИ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА
ФИЛМ НА ОТВОРАЊЕ
Хрватска/2022/104’
1.ЧИЧКО (Stric/Uncle)
Сценарио и режија/Screenplay & director: Давид Капац (David Kapac) и Андрија Мардешиќ (Andrija Mardešić)
Улоги/cast: Предраг Мики Манојловиќ (Predrag Miki Manojlović), Ивана Рошчиќ (Ivana Roščić), Горан Богдан (Goran Bogdan), Роко Сикавица (Roko Sikavica), Каја Шишмановиќ (Kaja Šišmanović)
Синопсис/Synopsis
Југославија, доцни 80-ти. Семејството го пречекува својот омилен чичко кој за божиќните празници се враќа од Германија. Повторно собраното семејство ужива во празничниот ручек. Дружбата за момент ја прекинува ѕвонењето на паметниот телефон. Набргу станува јасно дека не се работи за 80-те години, а се чини и дека не се работи за Божиќ. Освен свечено испечената мисирка, изгледа дека со ножот може да се пресече и напнатоста во воздухот. Феноменално превртен филм од Балканот кој ретко се гледа.
Yugoslavia, late 1980s. A family welcomes their beloved uncle who has returned home from Germany for Christmas holidays. The reunited family enjoys the Christmas lunch until a smartphone starts ringing. It’s a sign that it is not the 1980s, it’s not quite Christmas time either, and it is not just the served turkey that can be cut with a knife – the tension can, too. A phenomenally twisted film from the Balkans that is rarely seen.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Karlovy Vary International Film Festival 2022 – Proxima competiton – Special Jury Mention
– Pula Film Festival 2022 – National competition – Award for best screenplay, Award for best costume design
– Mediterranean and European Film Festival – Trebinje Film Festival, Trebinje, B&H 2022
Биографија/Biography
Давид Капац е хрватски сценарист, режисер и креативен продуцент. Својата кариера ја започнал со студентски кратки филмови, сите редовно прикажувани на фестивали во Хрватска и во странство, вклучувајќи го и неговиот дипломски филм, среднометражниот хорор филм „Загорски специјалитет“, премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Пула во 2011 година. По дипломирањето, Дејвид се фокусира на работа во телевизијата, постигнувајќи седумцифрена гледаност во Хрватска и регионот за емисиите што ги водел или како режисер или како креативен продуцент. Во 2017 година се врати на филмот, пишувајќи го сценариото за краткиот филм „Партија“ што ја претставуваше Хрватска во 2018 година како дел од проектот „Драма за деца“ на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). „Чичко“ е негов дебитантски филм. Давид во моментов развива неколку проекти, меѓу кои и следниот игран филм со Андрија Мардешиќ.
David Kapac is a Croatian screenwriter, director and creative producer. He started his career with student short films, all regularly screened at festivals in Croatia and abroad, including his graduation film, medium-length horror film Zagorje Specialty, premiered at the Pula Film Festival in 2011. After graduating, David focuses on working in television, achieving seven-figures viewership in Croatia and the Region for the shows he ran either as director or creative producer. In 2017 he returned to film, co-writing the screenplay for a short film Party which represented Croatia in 2018 as part of the project ‘Drama for Children’ of the European Broadcasting Union (EBU). „The Uncle“ is his debut feature. David is developing several projects, including the next feature film with Andrija Mardešić.
Андрија Мардешиќ е хрватски филмски и ТВ автор. Успешно режирал проекти во различни жанрови: експериментални и музички спотови, документарни филмови и промоа. Сепак, фокусот на Андрија е филмот каде што се докажа со серија кратки филмови. „Ирис“ (2009), „Осаменици“ (2015) и „Стеска лисица“ (2019) се истакнаа на фестивалите во Хрватска и во странство. Со Хана Јушиќ и Дарио Јуричан тој го режираше омнибусот „Кратки кола“ за ХРТ во 2013 година, за која ја режираше и ТВ драмата „Не кажувај никому“. „Чичко“ е негов дебитантски филм. Андрија развива неколку проекти, меѓу кои и следниот долгометражен филм со Давид Капац.
Andrija Mardešić is a Croatian film and TV author. He has successfully directed projects in various genres: experimental and music videos, documentaries and promos. Still, Andrija’s focus is cinema where he proved himself with a series of short films. Iris (2009), Two All Alone (2015) and Steppe Fox (2019) stood out at festivals in Croatia and abroad. With Hana Jušić and Dario Juričan he directed the omnibus Short Circuits for Croatian national broadcaster HRT in 2013. As a screenwriter, Andrija co-wrote the medium-length horror film Zagorje Specialty (directed by David Kapac) and the short children’s drama Party, which he co-wrote with David Kapac for HRT, where he also directed a TV drama „Don’t Tell Anyone“. The Uncle is his debut feature. Andrija is developing several projects, including the next feature film with David Kapac.
Полска/2021/113’
2.ТИВКА ЗЕМЈА (Cicha ziemia/Silent land)
Режија/Director: Ага Вошинска (Aga Woszczyńska)
Сценарио/Screenplay: Ага Вошинска (Aga Woszczyńska) & Пјотр Јакса Литвин (Piotr Jaksa Litwin)
Улоги/cast: Добромир Димецки (Dobromir Dymecki), Агњешка Жулевска (Agnieszka Żulewska), Жан Марк Бар (Jean Marc Barr)
Синопсис/Synopsis
Совршен пар изнајмува викендица на еден сончев италијански остров. Реалноста не ги оправдува нивните очекувања кога ќе дознаат дека базенот во куќата не е во функција. Не знаејќи дека островот се соочува со недостиг на вода, тие бараат некој да го поправи. Постојаното присуство на странец во дворот ја напаѓа нивната претстава за безбедност, и така започнуваат низа настани кои ќе ги натераат да дејствуваат инстинктивно и ирационално, соочувајќи се со најтемните нешта во нивната врска. Ова е филм после чие гледање сигурно ќе ги преиспитате и сопствените постапки во слични животни ситуации.
A perfect couple rents a holiday home on a sunny Italian island. The reality does not live up to their expectations when they find out that the pool in the house is broken. Ignorant of the fact that the island faces water shortage, they ask for someone to fix it. The constant presence of a stranger invades the couple’s idea of safety and starts a chain of events, which makes them act instinctively and irrationally, heading to the darkest place in their relationship. After watching the film, you will surely reconsider your own actions in similar life situations.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Toronto Film Festival 2021 – World premiere
– Crossing Europe Filmfestival 2022 – Crossing Europe Award
– Polish Film Festival 2022 – Nominee Golden Lions
Биографија/Biography
Ага Вошинска (1984) е режисерка, сценаристка и антрополог. Таа дипломирала во 2008 на отсекот „Социјална наука“, а во 2014 ја завршува славната Филмска школа во Лоѓ, насока „режија“. Многу години работела како асистент режисер во Полска и надвор од неа. Нејзините кратки остварувања се прикажани на бројни светски фестивали, вклучувајќи го и Филмскиот фестивал во Кан, каде дебитираше со „Фрагменти“, нејзиниот дипломски краток филм. Во селекцијата „Ноќ на реќисерите“. „Тивка земја“, кој премиерно беше прикажан на фестивалот во Торонто, е нејзин дебитантски долгометражен филм. Во моментов работи на вториот филм насловен „Црна вода“.
Born in 1984. Director, scriptwriter, anthropologist. Aga graduated from Applied Social Science (2008) and The Polish National Film School in Lodz – Directing Department (2014). For many years she has been working as Assistant Director in Poland and abroad. Her short films were presented and won awards at numerous film festivals, including Cannes Film Festival. Her graduation short film “Fragments” had its international Premiere at Cannes Film Festival in Directors’ Fortnight. „Silent Land”, which premiered in Toronto IFF Platform Competition is her first feature film. She is currently working on her second feature „Black Water”.
Романија/2021/114’
3.Беспрекорен (Imaculat/Immaculate)
Режија/Director: Моника Стан (Monica Stan), Георге Кипер (George Chiper)
Сценарио/Screenplay: Моника Стан (Monica Stan)
Улоги/cast: Ана Думитраску (Ana Dumitrașcu), Василе Павел (Vasile Pavel), Цезар Грумажеску(Cezar Grumăzescu)
Синопсис/Synopsis
Кога младата Дарија оди на рехабилитација, нејзината невиност добива заштита од претежно машките зависници во болницата, но набрзо таа дознава дека овој посебен третман има и своја цена. Ова е уште едно ремек-дело од возбудливата романска кинематографија, филм-лауреат на најстариот филмски фестивал во светот, венециската Мостра.
When young Daria enters rehab, her perceived innocence gains her the protection of the mostly male junkies inside, but she soon finds out that this special treatment comes at a great price. This is another masterpiece of exciting Roman cinema, a laureate film at the oldest film festival in the world, Venice Mostra.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Venice Film Festival 2021 – GdA Director’s Award, Giornate degli Autori – Award for Women Screenwriters Under 40, Luigi De Laurentis Award
– Transilvania International Film Festival 2022 – FIPRESCI Prize
– FEST New Directors/New Films Festival 2022 – Golden Lynx for Best Feature film
Биографија/Biography
Моника Стан е романска сценаристка и режисерка. Нејзината филмографија вклучува неколку кратки филмови прикажани на безброј светски фестивали. Таа присуствувала на неколку програми за развој на играни филмови (Torino Film Lab, Script and Pitch 2011; Binger Film Lab, 2012; Venice Bienale College, 2014) и исто така учествуваше во „Лабораторијата за таленти“ во Рејкјавик 2009 година, кампусот за таленти во Сараево 2010 година, каде што беше дел и на програмата Pack & Pitch, како и на Berlinale talent campus во 2011, како еден од талентите во Script Station.
Monica Stan is a Romanian screenwriter and director. Her filmography includes several short films screened at countless world festivals. She attended several feature film development programs (Torino Film Lab, Script and Pitch 2011; Binger Film Lab, 2012; Venice Bienale College, 2014) and also participated in the “Talent Lab” in Reykjavík 2009, Talent Campus in Sarajevo in 2010, where he was part of the Pack & Pitch program, as well as the Berlinale talent campus in 2011, as one of the talents at Script Station.
Георге Кипер е роден на 12.09.1979 година во Фоскани, Романија. Тој е кинематографер и режисер, познат по филмовите „Беспрекорен“ (2021) и „Човекот кој ќе стане слободен“ (2019)
George Chiper was born on September 12, 1979 in Focsani, Romania. He is a cinematographer and director, known for Immaculate (2021) and The Man Who Would Be Free (2019).
Србија/2022/85’
4.Херои на работничката класа (Heroji radničke klase/Working Class Heroes)
Режија/Director: Милош Пушиќ (Miloš Pušić)
Сценарио/Screenplay: Душан Спасојевиќ (Dušan Spasojević), Иван Кнежевиќ (Ivan Knežević), Милош Пушиќ (Miloš Pušić)
Улоги/cast: Јасна Ѓуричиќ (Jasna Djuričić), Борис Исаковиќ (Boris Isaković), Предраг Момчиловиќ (Predrag Momčilović)
Синопсис/Synopsis
Лидија е студена деловна жена која работи кај градежен инвеститор со сомнителен морал. Кога дивите работници на градилиштето ќе решат да станат во одбрана на своите права, местото станува амбиент каде се судираат општествените класи и моралот. Сниман дури пет години, овој прекрасен филм со победничката на ЕФА (за QUO VADIS AIDA?), Јасна Ѓуричиќ во главната улога, ја разоткрива немилосрдната корупција, капитализмот и неправдата во играта „големата риба ја јаде малата риба“.
Lidija is a cold-hearted business woman working for a construction investor of dubious morals. When the illegal workers at the construction site decide to stand up for their rights, the site becomes the setting, where social classes and morals clash. Five years in the making, this wonderful movie, starring EFA winner (for QUO VADIS AIDA?), Jasna Đuričić, exposes relentless corruption, capitalism and injustice in a game of “big fish eats small fish”.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Biografilm Festival 2022 – Audience Award
– Berlin International Film Festival 2022 – Nominee Panorama Audience Award
– SOFEST Film Festival 2022 – Nominee Statueta Sloboda
Биографија/Biography
Милош Пушиќ е роден 1980 година во Сента, Србија. Работи како режисер, сценарист и продуцент. Има режирано еден краток филм, „Приспивна за момчето“ (2007), кој се прикажуваше на фестивали ширум светот, а ја продуцираше и играната „Мојата утринска смеа“ (2019) во режија на Марко Ѓорѓевиќ, кој премиерно беше прикажан на МФФ во Ротердам и беше еден од најуспешните инди филмови во Србија во последните години. Моментно снима документарен филм за Драган Стојковиќ Пикси, српската и јапонската фудбалски икона. Работи и како доцент на Академијата за уметности во Нови Сад.
Miloš Pušić is born in 1980, in Senta, Serbia. He works as a director, screenwriter and a producer. He directed one short film Lullaby for a boy (2007), which screened in festivals worldwide, and produced the feature My Morning Laughter (2019), directed by Marko Djordjevic. It premiered at Rotterdam IFF and was one of the most successful indie films in Serbia in recent years. He is currently shooting a documentary about Dragan Stojkovic Piksi, Serbian and Japanese football icon. He also works as an assistant professor at the Academy of Arts Novi Sad.
Турција/2021/113’
5. Анадолски леопард (Anadolu leopari/Anatolian leopard)
Сценарио и режија/Director&Screenwriter: Емре Кајиш (Emre Kayiş)
Улоги/cast: Тансу Бичер (Tansu Biçer), Атиџе Аслан (Hatice Aslan), Сејтан Оздемир (Seyithan Özdemir)
Синопсис/Synopsis
Во најстарата зоолошка градина во Турција, осамениот управител и повлечената офицерка влегуваат во неверојатна врска: додека ја кријат смртта на најстариот жител на зоолошката градина, анадолскиот леопард, со цел да го запрат процесот на приватизација и да го лажираат неговото бегство, тие активираат апсурдна шарада која излегува надвор од контролата. Во сивиот и тивок главен град на Турција, духот на леопардот, сепак, успева да опстои.
At Turkey’s oldest zoo, a lonely manager and a withdrawn female officer form an unlikely bond: as they hide the death of the zoo’s oldest inhabitant, an Anatolian leopard, in order to stop the privatization process and fake its escape, they set in motion an absurd charade that spins out of control. In Turkey’s grey and quiet capital, the ghost of the leopard still persists.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Ankara International Film Festival 2021 – Best Actor, Actress, Cinematography, Film
– Toronto International Film Festival 2021 – FIPRESCI prize
– Ischia Film Festival 2022 – Feature Film Competition Winner
Биографија/Biography
Роден во 1984 година, Емре Кајиш студирал право на Универзитетот во Анкара и филм на Лондонската филмска школа. Неговите кратки филмови беа прикажани на различни меѓународни филмски фестивали и освоија многу награди. Неговиот деби игран „Анадолски леопард“ беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2021 година, каде што ја доби престижната награда ФИПРЕСЦИ. Тој е член на ЕФА и на секторот „Берлинале таленти“.
Born in 1984, Emre Kayis studied law at Ankara University and film at London Film School. His short films were screened at various international film festivals and won many awards. His debut feature ‘Anatolian Leopard’ premiered at the 2021 Toronto International Film Festival, where it was named the winner of the FIPRESCI Prize. He is a member of EFA and section of Berlinale Talents.
Италија/2021/88’
6.Криенка-миженка (Nascondino/Hide and seek)
Режија/Director: Викторија Фиоре (Victoria Fiore)
Улоги/cast: Антони и Дора (Antoni & Dora)
Синопсис/Synopsis
Низ тесните улици на современиот Неапол, документарниот филм следи четири години од животот на деветгодишниот Антони и неговата баба Дора за време на критична државна акција против криминалот, која ја загрозува иднината на Антони со принудно отстранување од домот и неправедна затворска казна. Ова е филмот кој на животот му гледа директно в очи преку животната приказна на шармантниот жител на јужноиталијанскиот град, чија иднина е однапред детерминирана од маалото во кое живее и созрева.
Among the narrow streets of contemporary Naples, ‘Hide and Seek’ (‘Nascondino’) follows four years in the life of nine-year-old Entoni and his grandmother Dora during a critical state crackdown on crime that threatens Entoni’s future with forced removal and imprisonment. This is the film that looks life directly in the eyes through the life story of the charming citizen of south Italian city, which future is determined by the neighborhood in which he lives and grows up.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Moscow International Documentary Film Festival DOKer 2022 – Jury prize
– Zurich Film Festival 2022 – Nominee
– London Film Festival 2021 – Nominee
Биографија/Biography
Викторија Фиоре е италијанска режисерка која снима креативни документарни филмови. Дипломирала шпански и руски јазик и книжевност на UCL во Лондон, а магистрирала документарен филм на Универзитетот ESCAC во Барселона, како и обука за техники и алатки за кино работилници за млади и адолесценти на EICTV во Куба. Покрај ова, таа држи обуки за документарен филм и менторство за млади луѓе од обесправени средини во Неапол, Рио де Жанеиро и Лондон. Викторија моментно го развива нејзиното прво сценарио за игран филм насловен „Аида“.
Victoria Fiore is an Italian film director working with creative documentaries. Her debut feature Nascondino will have its international premiere in competition at CPH:DOX 2022. A graduate in Hispanic and Russian Language and Literature from UCL London, she has an MA in Documentary Film from ESCAC University of Barcelona as well as training in techniques and tools for cinema workshops for youth and adolescents from the EICTV, Cuba as well as a current residency at the centre of Theatre of the Oppressed in Rio de Janeiro. Besides this, she also offers documentary film training and mentorship for young people from disadvantaged backgrounds in Naples, Rio de Janeiro and London. Victoria is currently in development with her first fiction screenplay, Aida.
Косово/2021/111’
7. Во потрага по Венера (Në kërkim të Venerës/Looking for Venera)
Сценарио и режија/Director&Screenwriter: Норика Сефа (Norika Sefa)
Улоги/cast: Косоваре Красниќи (Kosovare Krasniqi), Розафа Челај (Rozafa Celaj), Тристан Халилај (Tristan Halilaj)
Синопсис/Synopsis
Тивката, молчалива тинејџерка Венера живее во мал град на Косово. Дома, каде три генерации се сместени заедно во мала куќа, таа речиси и нема никаква приватност. Ова е уште едно филмско остварување од младата косовска кинематографија, кое собира награди на филмските фестивали низ светот.
The quiet, taciturn teenager Venera lives in a small town in Kosovo. At home, where three generations are crawling together in a small house, she has hardly any privacy. This is another film made by young Kosovar cinematographer, which has won awards at film festivals around the world.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– Hong Kong International Film Festival 2021 – Best actress
– Cinema Jove – Valencia International Film Festival 2021 – Jury Prize
– Rotterdam International Film Festival 2021 – Special Jury Award
Биографија/Biography
Норика Сефа е косовска филмска режисерка, писателка и монтажерка, која живее во Прага, Чешка. Магистрирала на славната школа ФАМУ Прага. Во нејзините филмови таа често ги спојува фикцијата и документаристиката. Норика е член на Европската филмска академија. Во 2020 го сними „Десде Ариба“, хибриден документарец направен под водство на Вернер Херцог во перуанската џунгла. „Во потрага по Венера“ е нејзин дебитантски игран филм, снимен во копродукција со Македонија.
Norika Sefa is a Kosovan film director, writer and editor, living in Prague, Czech Republic. She holds a master’s degree from the FAMU Prague. In her films, she often merges fiction and documentary. Norika has been invited to join the European Film Academy. Desde Arriba (2020) is a hybrid documentary made under the guidance of Werner Herzog in the Peruvian jungle. Looking for Venera is Sefa’s debut feature film, made in co-production with Macedonia.
Романија/2021/115’
8. Сина месечина (Crai nou/Blue moon)
Сценарио и режија/Director&Screenwriter: Алина Григоре (Alina Grigore)
Улоги/cast: Јоана Читу (Ioana Chitu), Мирчеа Постелнику (Mircea Postelnicu), Мирчеа Силаѓи (Mircea Silaghi)
Синопсис/Synopsis
Млада жена се бори да добие високо образование и да избега од своето нефункционално семејство. Двосмисленото сексуално искуство со уметник ќе ја поттикне нејзината намера да се бори против насилството во семејството. Апсолутниот победник на филмскиот фестивал во Сан Себастијан уште еднаш го покажа сиот раскош на потентната романска кинематографија.
A young woman, who struggles to receive a higher education and escape her dysfunctional family. An ambiguous sexual experience with an artist will spur her intention to fight the family’s violence. The absolute winner of the film festival in San Sebastian once again showed all the splendor of the potent Romanian cinematography.
Фестивали и награди/Festivals and awards
– San Sebastián International Film Festival 2021 – Golden Seashell
– Sofia International Film Festival 2022 – Special Jury Award in Balkan Competition
– Maremetraggio International Short Film Festival 2022 – Nuove Impronte Award
Биографија/Biography
Алина Григоре е родена во Букурешт, Романија, во декември 1984 година. Се преселила во Пјатра Неамт на 7 години. Почнала да глуми на 10 години на локалните телевизија, радио, театар и во куклена група. Дипломирала на Универзитетот за театарска и филмска уметност во Букурешт во 2007 година, во класата за глума. Првата главна улога ја имаше во долгометражниот филм „Среќен крај“ (2006) на Раду Потковава. Соработувала со Театар „Комедија“ и Театар „Метрополис“. Работела со познати романски и европски филмски режисери како Кристи Пуиу, Адријан Ситару, Крег Лајнс… Доби водечки улоги во четири романски ТВ серии, играјќи во преку 500 епизоди.
Alina Grigore is born in Bucharest, Romania December 1984. Moved to Piatra Neamt at 7 years old. Started acting at 10 years old for a local television, radio, theater and a puppeteer group. Graduated from University of Theatrical and Film Arts Bucharest in 2007, acting class. Had her first lead part in a feature film, Happy End (2006), Radu Potcoava. Collaborated with Comedy Theater and Metropolis Theater. Worked with famous Romanian and European film directors like Cristi Puiu (Aurora), Adrian Sitaru (Din dragoste, cu cele mai bune intentii), Craig Lines, Radu Potcoava (Happy End). Received leading parts in 4 Romanian TV series, starring in over 500 episodes.