(Кон претставата „Кај вечната славина“ од Момчило Настасиевиќ во режија на Соња Петровиќ, а во изведба на Српскиот народен театар и Цатарот за развој на визуелната култура од Нови Сад. Глaвни улоги: Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ, Бојана Милановиќ, Вукашин Ранѓеловиќ, Милош Лазиќ)
Играта на сензибилитетот е од исклучителна важност на секоја театарска претстава, но уште поважен е нивниот израз, нивмата симболичка перцепција, како и нивната вистинска рецепција. Во претставата на Српскиот народен театар од Нови Сад работена според еден многу комплексен драмски текст, српска класика која се извдојува од другите класични дела во српската книженост по својата игра со минатото и иднината, но и по својата концептуалност која не е само херметична, туку е и Шницлеровски опскурна. Се работи за драмскиот текст „Кај вечната славина“ чија архаика е длабока сензитивна сонда во минатото и неговото ехо во некаква сегашност чиј трагичен хибрис го растресуваат сензибилитетот и емотивната констелација чија чиста љубов станува се подалечна и се помалку видлива, или пак, од друга страна е козумирана на еден многу ригиден начин. Режисерката Соња Петровиќ целото тоа архаично милје го реконципира разглобувајќи ја таа „токсична“ љубов исветвена од многу суета и маѓијска оправданост што ја нуди текстот. „Кај вечната славина“ во овој режисерски концепт се исчитува и преобликува низ една емотивно-музичка гама во чии простори страстите и гордоста вријат секоја во својот котел. Затоа и ликовите се навраќаат на тој кладенец, но и се оддалечуваат од него опстојувајќи во еден микро свет кој го доживуваат како чувствен затвор барајќи го својот сензибилитет, својот емотивен интегритет меѓу другите чија судбина неминовно ја делат. Соња Петровиќ целата таа мелодраматска чувственост ја ресимболизира токму преку ликовите кои навлегувајќи во една дескриптивна арена всушност повторно ја проблематизираат онаа вечна борба на Еросот и Тантосот. Излегувајќи низ тесната врата на преоблекувањето на натуралистичката сегментираност на Настасиевиќ, оваа режисерка нуди еден чуден реквием со Болеровски ритам во чии дамари мошне успешно ги систематизира и сите драмски елементи што ги крие самата приказна. Секако, овој начин на мислење без остаток дозволува и да се отвори таа проблематика на расипаната љубов, на честа и човековото духовно дизавуирање чија намерна реконструкција во рецепцијата на гледачот доживува една многу продуктивна метаморфоза.
Актерската енергија во оваа претстава е од особено значење затоа што токму типизирањето на ликовите е главната срж на оваа претстава и токму низ ликовоте на Соња Исаиловиќ, Стефан Вукиќ и Вукашин Ранѓеловиќ се отвора тој амбис на сензитивното недоразбирање чиј несакан зачин е и инцестот. Оваа сјајна актерска тројка на сцената функционира на принцип на антподи со дејствија кои заедно со музичката подлога се однесуваат кон драмското дејствие како кон одамна доживеана сензитивна констернација. Нивниот емотивен и говорен хабитус е исклучително впечатлив и со огромно влијание врз целиот семантички живот на претставата. Особено Соња Исаиловиќ се истакнува со својата фантастична трансформативна енергија и со прецизноста во актерскиот израз, а тука се и Стефан Вукиќ чија експресивност воодушевува најмногу заради вистинското нејзино канализирање донесувајќи пред нас еден млад актер со исклучителна моќ на добро водење на емотивната констелација на ликот. Вукашин Ранѓеловиќ остава силен впечаток со својата здржаност и тивка експресивност – совршена спротивност на Вукиќ, овој млад актер не вовлекува во валерите на шепотот и на резигнацијата многу умешно и многу сигурно. Порај овие сјајни актери, во претставата проблеснуваат и: Бојана Милановиќ. Милош Лазиќ, Стефан Старчевиќ, Миа Симоновиќ, Алиса Лацко, Нина Рукавина, Ненад Пеќинар и Димитрија Аранѓеловиќ. Она што воодушевува во актерскиот простор на оваа претстава е колективното провлекување на наративната дистанца која иако режисерска интервенција е дело на актери кои знаат како да „влезат“ и да “излезат“ од дејствието следејќи го ритамот на режисерското видување, но и држејќи го интегритетот на своите ликови. Тука, се чини, лежи и најголемиот квалитет на претставата – во прецизноста на создавањето на временската и цивилизациската дистанца.
„Кај вечната славина“ е претстава со точно оцртан колорит на сивилото. Жељко Пишкориќ и Младен Стојановиќ заокружуваат една лелеава сценогрфија која повремено и застрашува со завевањето на тилените завеси низ чија проѕирност се насетуваат сенките од архаиката на едно време кое на многу сив начин се повторува и во овие цивилизациски опкружувања. Неизбежниот кладенец е центарот околу кој се одвива и целата приказна, но и центарот околу кој се обвиткуваат сите ликови во тенките пајакови завеси кои пак, од друга страна наметнуваат една чудна, готска перспектива токму во сивилото што го наметнува конфликтот и духовното недоразбирање. Овде се приклучува и костимографијата на Јасмина Радујко која е иницирана од фолклорните елементи, но е во тие темни нијанси што ја следат таа долга и никогаш незавршена, но заумна трагика.
Музичкиот сегмент во оваа претстава е витален и се однесува како негов релевантен актер. Музиката на Стефан Сеетхалер, Даниел Сеетхалер, Филип Грубач, Игор Сакач и Петар Бањац е создавач на светот на сите ликови и двигател на режисерскиот концепт. Оваа сјајна музичка илустрација е и главниот симпатички мост со публиката, оваа музика не само што воодушевува туку и носи една емотивна гама која е неизбришлива.
Во овој миг се потсетуваме на еден многу интересен цитат на големиот психоаналитичар Сигмунд Фројд кој вели: „Звучи не само непријатно, туку и парадоксално, но сепак мора да се каже дека секој што треба да биде навистина слободен и среќен во љубовта мора да ја надминал својата почит кон жените и да се помирил со идејата за инцест со својата мајка или сестра.“, цитат кој е многу изразит но зборува за една потоморена слобода која преголемата почит кон архаиката ја извадило на површина. „Кај вечната славина“ ја проблематизира онаа недефинирна љубов чија енергија не води низ тајните процепи на недофатливото. Веројатно и самиот автор Настасиевиќ сакал да продре во тие матни води и напишал текст кој само кореспондира со архаичното ткиво на традиционализмот, но не ги заборавил и толкувањата за девственоста и развратот како пан дан на едно време кое се помалку го чувствуваме во себе, туку го носиме со себе. А и Соња Петровиќ, како и актерите од оваа многу впечатлива претстава ја почувствувале таа тајна која веруваме дека ја носат со секоја изведба во себе. Ние како гледачи толкувачи ја почувствувавме во дамарите на сите понатамошни погрешни одлуки кога е во прашање тој никогаш неодгатнат флуид.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…