Култура

Македонскиот народен театар оди на летна турнеја

Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.
Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор.

Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“ – добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал – БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика.
Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“ со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.

Tagged with:

Автор:

Слични статии