(Кон претставата „Јас сум онаа што не сум“ по текстови на Мате Матишиќ во изведба на Загребачкиот Театар на Младите во режија на Паоло Маѓели. Главни улоги: Анѓела Рамљак, Миливој Беадер, Луција Шербеџија, Дадо Ќосиќ, Урша Раукар)
Има претстави чиј начин на промислување не наведува да си направиме сами своја реконструкција на општествените и социјални опкружувања и од тоа да составиме свој личен ламент, но и своја лична анархистичка агенда на која сепак строго ќе се придржуваме иако наметнати со очај и резигнација. Трите едночинки на Мате Матишиќ, хрватски драматичар со голема и литерарна и театарска мотивираност се однесуваат на современите канцери чии метастази главните ликови ги развлекуваат и ги преобликуваат во интимни истории од чиј сублимат се кристализираат глобалните недоречености и недоследности. „Хрватската Лолита“, „Порно филм“ и „Жена девојче“ се трите драмски минијатури кои заедно прават тричасовна претстава под наслов „Јас сум онаа што не сум“ и тоа се три „тангенцијално“ поврзани драматски целости чии ликови прегоруваат во милјето на модерните социјални и духовни епидемии далеку пострашни од оваа последнава која сериозно однесе многу животи.
Низ сите три едночинки се провлекуваат несфатени жени со токсична еротоманска перспектива, мажи кои се фрлиле во финансиските амбиси во потрага по голема доминација, цели семејства чии деца се однапред осудени на евтино продавање на своите човечки вредности, еден прилично сив конгломерат од ликови чии ситуации и со својата случајност, но и со својата судбоносност не вовлекуваат во една блиска дипстопија чии последици се далекусежни и фатални. Мате Матишиќ гради драматургија која од модерниот секојдневен сензибилитет прави цели студии чија аналитика продира длабоко во нашата свесност за оние проблеми кои се околу нас, а кои и инстинктивно, но и интенциозно ги поттурнуваме под тепих. Сцилите составени од сите тие застрашувачки социјални болести на грешниов дваесет и први век посегнуваат по она што е всушност круцијално за еден легитимен општествен комодитет – идентитетот: Мате Матишиќ преку своите ликови говори за човековата обезличеност која не се случува сега и овде и одеднаш, туку е резултат не процес со длабоки корени и големи причини.
Паоло Маѓели успева во оваа тричасовна горчлива комедија да ги артифициелизира сите драматски „диверзии“ на Мате Матишиќ и да го подигне тоа губење на човечкиот идентитет на ниво на страдање. „Јас сум онаа што не сум“ и во својот наслов, но и во сите ситуации и ликови го крие она што ние всушност „сме сега“ или “сме биле“ порано, но сме успеале да се дисторзираме. Маѓели иако во голем дел од дејствието инсистира на реалистичната постапка, тој во својот режисерски приод расфрла извесни заумни интарзии чија суптилна поместеност од лежерните натуралистички струи во дејствијата на ликвовите прави оваа токсична комедија да ја доживееме низ една засенчена, графичка визура на светот кој се распаѓа како карпа на морскиот брег: полека, камче по камче, зрнце песок по зрнце песок. Маѓели е режисер чија суптилност во поместувањето на реалитетот е типична само за него. Тој се занимава со симболи кои се појавуваат како одблесоци, нос е толку органично вовлечени во сите сегменти на театарскиот movens што помислата на апсурд е наш лош комодитет при рецепцијата на неговите претстави. Во оваа претстава Маѓели идентитетскиот распад го води многу лежерно и неосетно, но сето тоа постанува круцијално и фаталноста на мигот во овој негов концепт е неминовност која сите тие (или сите ние) ја прифаќаме како една и единствена, а ништоста чија празнина како предупредување виси во воздухот во сите хуморни делници станува coda со далекусежни последици. Маѓели во овој свој реквием на празнењето на идентитетот нуди динамика што ја чувствуваме сите во нас и ликовите во овае претстава не мораат да ни го потенцираат тоа, тие само не потсетуваат на уште една неминовност – минливоста. Најнеприкосновениот сегмент во режијата на Маѓели не е суштинската порака – неа ја знаеме сите, туку тоа е временскиот теснец. Маѓели никогаш не се занимава со предупредувања, тој се занимава со сурови констатации и значенски димензии. Затоа „Јас сум онаа што не сум“ поставувајќи го пашањето: која сум или кој сум, не инсистира на одговор. Оваа претстава не носи во темните ходници на недоразбирањето и намерното несфаќање кое чини живот и вечен мрак.
Сите три едночинки обилуваат со сјајни актерски партии кои оставаат неизбришчив впечаток: Урша Раукар, доајенка на хрватското глумиште, актерка која на сцена донесе извонредна креација на алкохлочатката Станка чија лежерност е полна со страдање и жолч, актерка огромна актерска приникливост чиј неверојатно добро детализиран лик донесе големо воодушевување, Луција Шербеџија, чија Катарина/Ружа плени со својата подлост и деструктивност длабоко сокриена во нејзината лична трагика, актерка чија трансформативност навистина остава без здив, Дадо Ќосиќ, млад актер кој својот субмисивен Јанко го игра со таква чувственост и сензитивност, со една стишаност која наведува и овој лик да остане во длабоко сеќавање, како и Франо Машковиќ чиј лик на изневерениот маж Миховил се наметнува со една многу мудро водена експресија како актер кој многу добро знае да ја рационализира целата сензитивност и посветеност на својот лик, како и Миливој Беадер и Анѓела Рамљак кои направија извонредни ликови на персоналитети – продукти на подземните социјални ововременски болести. Овде ќе ги споменеме исто така и прекрасните креации на Барбара Прпиќ, Дорис Шариќ Кукуљица, Уго Корани, Зоран Чубрило. Миљенко Секулиќ, како креатор на визуелниот дел од претставата и како автор на сценографијата нуди една просторна широчина која и покрај реалистичните елементи во себе има еден симболистички дистописка глазура. Тоа е најмногу акцентирано во првиот дел од претставата каде на замашната завеса ги гледаме и видеата кои ја нагласуваат таа “друга страна“ каде што се случува идентитетското обезглавување, а која ќе се повтори на самиот крај од целата претстава чија сцена ќе остане пуста со расфрлани остатоци од еден никогаш несфатен реалитет. Костимографијата на Марија Ќопо го следи колоритот на дваесет и првиот век, но со една завдина детализираност која совршено допринесува режисерскиот концепт да си ја најде својата цел. Иванка Мазуркиевиќ и Дамир Мартиновиќ Мрле нудат една сјајна музичка оаза која со своите акценти совршено нагласува на тоа дека светот ќе се распадне со музичка колоратура или со атонална депресија.
Мудриот и луциден Оскар Вајлд во една прилика рекол: „Биди свој, сите други се зафатени.“ „Јас сум онаа која не сум“, зборува токму за она место кое е зафатено од лажните идентитети на кои своевремено предупредувше и Умберто Еко. Паоло Маѓели со оваа претстава зборува за едно несфатливо време, за едно идентитетско минато кое се уште трае и ја гуши сегашноста, за едно сулудо брзање во место и за една цел која никогаш не е достигната. А тоа дека ние во поголемиот дел од животот „сме она што не сме“ е вториот пар ракави на кој ќе помислиме кога ќе ги средуваме впечатоите од оваа сјајна претстава.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…