Почетна / Интервју / Насловна / Бранислав Миќуновиќ: Недостигот на образование е главната причина на нашето паѓање
Бранислав Миќуновиќ: Недостигот на образование е главната причина на нашето паѓање
— 10 јули, 2022
Огромните процеси го условија исчашувањето на сите видови, но, сега е многу подолг и потежок процесот на повторното поставување на работите на свое место. Мислам дека е возможно, со демократски процеси, со образование, љубов кон татковината, развивање на врската со природата и со уметността, да се учат луѓето да одат во театар, да читаат книги… Верувам и сигурен сум дека без образование не можеме да напредуваме. Недостигот на образование, или дури и губење на потребата за образование – и поединечно и општествено, е главната причина на сериозното назадување и на луѓето и на општеството во кое живееме, вели, меѓу останатото, Бранислав Миќуновиќ, режисер на македонската претстава „My name is Goran Stefanovski“ .
Како се сеќавате на Горан Стефановски, што научивте од него и има ли од кого да се учи денес?
Пријателствата не се проектираат, тие не се ни спонтани. Настануваат како резултат на судбински околности, не зборам за сличности помеѓу луѓето, туку на некои спреги кои се наметнуваат во човековите комуникациии и на пријателството како дел од животот, гледам како на нешто што е многу битно за животот на човекот, покрај семејството и опкружувањето за кои сте најинтензивно емотивно врзан.
Се вели, не само како фраза, туку и во литературата – пријателството е најстар занает. Ова не го образложувам за да раскажувам за нашето пријателство со Горан, но така беше, беше сензибилно, многу долго, уште од нашите студентски денови, и не би го кажувал мојот сценски одговор на неговите драмски теми, ако не заведува и не ве занесува таа негова литература. Во оваа претстава настојував, а тоа го напишав и во каталогот на оваа претстава, да ја исчистам од непотребни додатоци во сите нејзини елементи, натруха…патоси, емоции, патетика. Интензивно, со соработниците, а пред се со артистите, направив се сите тие линии на тезите на Горан, да ги исчистам добро, при што дојдовме до идентитетска приказна, заедничка приказна за скоро сите негови текстови. Најпрво, Горан, како што знаеме, почна да пишува за националниот идентитет, па полека се спушташе на идентитетот на семејството, потоа на индивидуален идентитет, а потоа се занимаваше со идентитет кој во суштина е цивилизациска приказна и тема. Емиграциска/миграциска идентитет околу кој и денес имаме натегање. Таа идентитетска приказна е во суштина, како што вели Горан, она што боли. Горан вели: „Домот е таму каде што боли“. И тоа е судбинска приказна на секој човек. Без оглед што човекот мисли дека го пронашол домот и тука секогаш има некоја анксиозност. Животот е навистина компликуван механизам, и одговорно е во тоа осознавање да се има свест за својата идентитетска положба. Се плашам дека многу луѓе не размислуваат на таа тема, и тука не зборуваме за ДНК, збориме за емоции, социјална положба, за историски идентитет којшто е создавање, политика, наука. Свеста за идентитетот е свест којашто човекот мора да ја освести. Оваа претстава е некако мисионерска, им помага на луѓето поради кои тоа го работевме, малку да го разбудат фактот дека нашиот идентитет е основа, темел на нашиот живот, а не она со што малограѓански расправаме, некој интерес или конто. Едно неодамнешно истражување во регионот открива дека емпатијата завзема 35 место, а контото е прв на листа…
Горан Стефановски ги грлеше и ширеше сите свои идентитети. На тоа и школите треба да не учат. Денес луѓето се затвораат во еден, главно, национален или религиски…
Не е ниту национален, ниту религиски идентитет нешто страшно, ништо необично и неприродно. Дури може да биде мило и стимулативно и татковинско и, таа некаква одговорност пред Господ, како сакаме да велиме. Татковина и Господ се дел од идентитетот, но, кога Црквата и национализмот станат доминантни, кога не се дом туку бездом, тогаш тоа произведува она што произведува- многу судири, војни, негативно проникнување, влијание) коешто го среќаваме во нашиот регион. Овде националниот и религискиот момент се промовираат да се постигне нешто друго. Се поклонуваме на Господ, но веруваме во своја татковина и не сме граѓани на светот, туку некој што на друг нешто би наметнал. Тоа стана толку досадно и истовремено толку присутно што е опасно и затоа нема место за досада.
Пред малку го цитиравте Горан дека дом е таму каде боли. Што ве боли во таа смисла?
„Мене сите рани на мојот род ме болат“- човечки род. Учиме од обични луѓе кои разменуваат емоции и се емпатични во нивното мало опкружување, без јавност.
Горан напиша една неголема, преубава книга, „Мала книга на замки“, која ги открива занатските тајни на пишување. Кога би имале прилика да напишете нешто слично од агол на режисер, што би напишале за замките на денешниот театар во регионот?
Замките воопшто не се сменија. Ова време нЕ донесе нови замки, сите замки се исти, само што имаат некои други мириси, но, во основа ништо не е сменето. Авторите и понатаму смислуваат свои приказни, препишување на животот во театарот и понатаму е непотребна и излишна работа, лишена од секаков артизам. Се плашам дека и понатаму има многу претенциозност во се: во стилот, темите… Не зборувам само за режисерите… Не е битно во кој жанр се претставите, тие мора да се прават за гледачи кои сакаат да дојдат во театар. Рамнодушноста кај гледачот за мене е секогаш непожелен резултат. Насмеј ме, или нека засолзам, но да однесам некаква емоција, само не ме оставај рамнодушен. И комедијата може да биде катарзична, и водвил, и граѓанска драма, не само трагедија. Катарза е она што човекот го понесува од театарот.
Од почетокот на ова Позорје се зборува за насилство над жените. Досегашните соговорници се согласни дека тоа не доаѓа задолжително од патријархалниот принцип, туку од позиција на моќ на која најчесто е мажот, но не секогаш. До сега бевте на неколку позиции на моќ, од местото на директор на Црногорскиот народен театар, министер на култура на Црна Гора до амбасадор на Црна Гора во Србија. .. Дали човекот е свесен на моментот кога ќе се преигра на позиција на моќ? Кога таа моќ ја превзема контролата над неговото здраворазумско владение?
Вашата теза е точна и вашето прашање е суштинско и судбинско. Можеме да теоретизираме и да се сетиме на филозофијата на сите можни тези за моќта, но таа моќ не би ја толкувал низ моќта на поединецот или на поединецот над другите, туку моќ којашто човекот би требало да ја искористи, која му нуди орудија и му помага да направи некои големи работи за човекот, за своето опкружување, својата држава, својот простор, својата уметност, својата политика. А за злоупотреба на моќта не вреди да се разговара, за тоа сите знаеме. Многу малку знаеме како да ја искористиме таа моќ за доброто на цивилизацијата. Еве војни околу нас, корупција… Но постојат луѓе кои ги ораат своите ниви, садат малини и јаболка, го жнеат своето жито, тоа се паметни луѓе… Најмногу им верувам на луѓето кои можат со свои раце нешто да направат. Сум сретнал многу мудреци од кои нема никаква корист, но од некои обични луѓе со сетилата коишто ги развиле, сум сознал многу добри работи. Од нив можат да се добијат многу добри одговори… Само што моќ направи инверзија, па ние ја разбираме како нешто во кое сме на високо, од каде всушност не гледаме долу, а долу лежи живот.
Во нашиот општествен живот оперираме во главно со предрасуди и најчесто не сме во состојба да ја одвоиме вистината од врежаните наративи кои се пренесуваат во некоја општествена група. Не ги потпрашуваме, не размислуваме во нијанси. Полесно е да се гледа црно-бело, да се преземе општото мислење на група истомисленици. Во драмата на Мате Матишиќ, „Јас сум таа што не сум“, се тематизираат луѓе од едно поднебје – Далматинска Загора, како луѓе кои дошле во град и го направиле селаански, иако, градот го направиле селански и тие кои се родени во него. Исто така, постои наратив за Црногорците како моќна заедница во Србија, на пример. Колку се опасни тие наративи, може ли да се излезе од нивниот лавиринт, дали има поинакви приказни?
Животот постои надвор од тоа, можеби не го гледаме доволно или не го гледаме воопшто, затоа што стана контекст за тоа за што зборувате. Не знам дали тоа ќе се врати во зглобот, како би кажал Хамлет, а всушност Шекспир: „Зарем сум повикан јас сам да го поправам“.
Огромните процеси го условија изглобувањето (изместувањето) на секоја врста, но, сега е многу подолг и потежок процесот на повторно прилагодување. вглобување. Мислам дека е возможно, со демократски процеси, со образование, љубов кон татковината развивање на врската со природата и со уметността, да се учат луѓето да одат во театар, да читаат книги… Верувам и сигурен сум дека без образование не можеме да напредуваме. Недостаток на образование, или дури и губење на потребата за образование – и поединечно и општествено, е главната причина на сериозното назадување и на луѓето и на општеството во кои живееме.
Огромните процеси го условија исчашувањето на сите видови, но, сега е многу подолг и потежок процесот на повторното поставување на работите на свое место. Мислам дека е возможно, со демократски процеси, со образование, љубов кон татковината, развивање на врската со природата и со уметността, да се учат луѓето да одат во театар, да читаат книги… Верувам и сигурен сум дека без образование не можеме да напредуваме. Недостигот на образование, или дури и губење на потребата за образование – и поединечно и општествено, е главната причина на сериозното назадување и на луѓето и на општеството во кое живееме.
Текстот е обајвен во еден од Билтените издадени за време на одржувањето на најпрестижниот театарски фестивал во Србија, кој се одржува во Нови Сад, 67. Стеријино позорје
Во Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година, Агенцијата за филм не обезбедила објективност и непристрасност кај сите учесници преку кои се спроведувал овој Конкурс, поради што биле исполнети услови истиот да биде оценет како нелегитимен и незаконски, оценува Транспаренси Интернешнл Македонија. Имено, во декември 2022 година, Транспаренси Интернешнл Македонија примила пријава од граѓанин…
Филмскиот проект „Генералот и пеперугата“ се најде меѓу 24 селектирани проекти од вкупно 225 пристигнати на ФЕСТ Пичинг форумот, кој ќе се одржи во рамките на 19-тото издание на ФЕСТ од 19-ти до 26-ти јуни 2023 година во Еспињо, Португалија. Сценариото е на Венко Андоновски и Антонио Митриќески и е работено според истоимениот роман на…
Тина Тарнер, американската рокенрол ѕвезда, по долго боледување почина денес, на 83-годишна возраст. Таа беше во лоша здравствена состојба во последниве години, при што во 2016 година и беше дијагностициран рак на цревата, а во 2017 година имаше трансплантација на бубрег. Тарнер го засили уделот на обоените пејачки во рокенролот, дефинирајќи ја таа ера на…
(Кон шестото издание на театарскиот фестивал Полис во Равена одржан од 2-7 мај 2023 година во Равена, Италија) Театарскиот феномен има само една иднина, а тоа е неговиот израз. Сценската уметност не разликува народи и места, таа разликува пораки и ставови, отвора нови начини на мислење и делува прагматично, но совршено импактно. Театарскиот фестивал Полис…
Историјата има свое ехо и во сегашноста и во иднината. Книжевноста е духовната татковина на сите нас, но е и универзалното живеалиште во кое битствуваме сите: и оние што пишуваат и оние што читаат. Книжевната резиденција што секоја година ја организира Центарот за култура „Вук Караџиќ“ од Лозница е токму таков спој: на историјата и…
Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе…
Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија, традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември. Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни. Се очекува, во…
(Кон претставата „Како паднало дрвото“ по текст на Катарина Морано во режија на Жига Дивјак и во продукција на Словенечкиот народен театар од Љубљана, Словенија. Главни улоги: Јанез Шкоф, Силва Чушин, Грегор Зорц, Маруша Маер, Тимон Штурбеј) Пишувајќи за оваа претстава на Жига Дивјак имам потреба да го споменам Харолд Пинтер и неговата изјава дека:…