(Кон 67-то издание на Стерииното позорје во Нови Сад, Србија, 2022 година)
Новото време истоштено од современите несреќи кои се се повеќе невидливи, неочекувани и непредвивдливи, длабоко влијае врз стварноста каде за жал е отворен голем јаз на осаменост и отуѓеност. Овогодинешното Стериино позорје одржано под мотото „Време на мачнината“ донесе многу актуелни театарски промислувања и отвори многу горливи прашања низ концептите и продукциите работени по дела на српски автори. Селекторот Миливое Млаѓеновиќ направи интересна селекција од претстави во која беа вклучени и нови прочити на класичната српска драматика, но и нови српски драмски текстови инспирирани од проблемите на модерното време кои се чини дека повеќе преовладуваа во ова издание на овој значаен српски и европски театарски фестивал. Така на репертоарот на овој фестивал ги видовме класичните дела: „Кај вечната славина“, еден многу интересен драмски текст на Момчило Настасиевиќ во режија на Соња Петровиќ и во изведба на Српскиот народен театар и Центарот за развој на визуелна култура на Нови Сад, „Избирачка“, комедија на класикот Коста Трифковиќ во режија на Ива Милошевиќ, а во изведба на Народниот театар од Суботица, „Протекција“, горчлива комедија и исклучително актуелна во денешно време на Бранслав Нушиќ во режија на Кокан Младеновиќ и во изведба на Народниот театар од Сараево и „Чудо во Шарган“, амблематски драмски текст на Љубомир Симовиќ во режија на Јагош Марковиќ, а во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград, како и инсценациите на современите српски драмски дела: „Ролеркостер“ на Јелена Кајго во режија на Милица Краљ, а во изведба на Атеље 212 од Белград, „Последните девојчиња“ на Маја Пелевиќ во режија на Кокан Младеновиќ, а во изведба на театарот „Деже Костолањи“ од Суботица, „Дамки“ на Тијана Грумиќ во режија на Југ Ѓорѓевиќ, а во изведба на Театарот од Краљево, како и две драматизации: „Година на враните“ на Синиша Ковачевиќ (драматизатор на неговиот роман) и во негова режија во изведба на Народниот театар од Белград и „Блудните денови на курестиот Џони“ дрматизација на Димитрије Коканов на роман од Филип Грујиќ во режија на Јована Томиќ, а во изведба на Новосадскиот реатар и Стерииното позорје. Тука е и меѓународната програма „Кругови“ каде што вон конкуренција се најдоа претставите: „Јас сум онаа што не сум“ по текст на Мате Матишиќ, во режија на Паоло Маѓели, а во изведба на Загрепскиот театар на младите од Загреб, „Закотвени“ од Елвис Бошњак во режија на Александра Јанковска, во изведба на ХНК Сплит, ГДК Гавела и ХНК Задар од Хрватска, „My name is Goran Stefanovski“ во драматургија на Бранислава Илиќ, а по текстови на Горан Стефановски во режија на Бранислав Миќуновиќ во изведба на Драмскиот театар од Скопје и „Ајдуци“ по текст на Јован Стерија Поповиќ во режија на Анѓелка Николиќ, а во изведба на Народниот театар од Приштина со седиште во Грачаница и Стерииното позорје. Фестивалот го отвори претставата „Милева“ мотивирана од животот на Милева Ајнштајн, сопругата на Алберт Ајнштајн по текстови на Милена Богавац, Олга Димитриевиќ, Тијана Грумиќ, Ведрана Божиновиќ, Ведрана Клепица, а во режија на Аница Томиќ и во изведба на Народниот театар од Сомбор, Фондацијата „Нови Сад – Европска престолнина на културата и Стерииното позорје, а се затвори со претставата „’Рчачи“ во текст и режија на Никола Пејаковиќ кој беше добитник и на наградата „Струни од светлина“, во изведба на Народниот театар од Бања Лука. Стерииното позорје покрај програмата која се случуваше на сцената донесе и придружни настани како што се тркалезните маси после секоја изведба и промоциите на книгите во издание на фестивалот меѓу кои и првите два броја од легендарното списание Сцена каде во првиот број беше поместен и драмскиот текст на Катерина Момева „Телграма“,а фестивалот го збогатија и изложбата на театарскиот плакат и графичкото обликување, седумнаесетта по ред, како и изложбата на театарска фотографија на Срѓан Дорошки и изложбата под наслов „Сцена , маска костим, кукла“ на Центарот за ликовно едуцирање на децата и младите на Војводина. Паралелно со главната и придружната прогрма на фестивалот се одвиваше и „Позорје на младите“, студентскиот театарски фестивал каде што беа изведени испитни претстави на академиите за уметност од Нови Сад, Белград, Осијек, Приштина (Звечан) и Бања Лука. Од особено значење на Стерииното позорје, пред самиот почеток на фестивалот, како негов пролог беше предавањето на режисерот и професор Слободан Унковски на тема „На што му служи денес уметноста?“, како и јавното читање на драмските текстови на студентите на отсекот за драматургија на Аладемијата за уметност од Нови Сад.
Секако, тежината на современите болести и од материјална и од духовна природа беа главните теми на претставите изразени низ различните режисерски концепти, политичките деструкции за чија метастазираност предупредуваа гротескните комедии, но и вечната социјална извитопереност која ја уништува не само човековата природа туку и нејзините идни генерации. Различните агли на гледање на она што значи порочен и динунцијантен дваесет и први век значеа и различни пораки пренесени и преку актерската игра, но и преку драматургијата чија современа визура наметнуваше епика од чии премиси се издвојуваа масивните предупредувања за апсурдноста на екстремизмот и понижувањето. Стилските различности сепак донесоа еден театар кој се чини дека беше многу поразличен од другите изданија на Стерииното позорје. Новите видувања на српската класика (Кај вечната славина, Избирчка) извлекоа од текстовите некои компоненти кои реализмот и не може да ги сублимира, па фарсичните и гротескните приоди кон таа кревка драматургија придонесоа тие компоненти (релации меѓу ликовите, деконструирани сцени) да фрлат сосема поинакво светло на нивните мотиви и проблеми, а секако, придонесоа и ситуациите од некои горчливи комедии да го добијат својот актуелен облик (Протекција). Модерната српска драматика удира директно во сржта на проблемите и болките на дваесет и првиот век, посебно на овие тла. Така цивилизациското недоразбирање (Ролеркостер, Блудните денови на курестиот Џони), интимните разминувања (Дамки), но и страотната мизогинија (Последните девојчиња) се горливи теми чиј режисерски и продукциски третман ставија неизбришлива трага не само како начин на промислување на театарот, туку и како став чие ехо треба далеку да се чуе. Актерските остварувања и визуелниот контекст на овие претстави беа исто така една мошне силна, артистична компонента по која овој фестивал навистина ќе остане запаметен. Кон овие две групи на претстави се придружуваат и двете претстави кои го претставуваат тој т.н. тотален театар, а кои се занимава со повикување на некои аспекти од српската историја во социјална и политичка насока (Година на враните и Чудо во Шарган).
Во таа насока на овој фестивал беа интересни и тркалезните маси водени од Влатко Илиќ и Исидора Поповиќ кои ги отвораа сите страни на рецепцијата на театарските претстави од репертоаот на фестивалот, место каде што можеше да се чуе и гласот на публиката на кого се огледуваа впечатоците од изработака на претставите од самите учесници, но и првичните согледби на оние што се занимаваа со театарска критика. Тегобата на векот кој веќе во третата деката ги покажа своите темни страни се отслика во голем дел од концептите на претставите чија артистичност беше на исклучително високо ниво. Жирито во состав: Слободан Скерлиќ (претседател), Милена Павловиќ, Слободан Унковски, Петар Михајловиќ и Зоран Максимовиќ главната Стериина награда за претстава ја додели на претставата „Последните девојчиња“, претстава која ги доби и другите две големи награди: за текст на Маја Пелевиќ и за режија на Кокан Младеновиќ. Таа претстава ги понесе и наградите за сценографија (Марија Калабиќ) и специјалната награда за актерскиот ансамбл на претставата. Стериините награди за актерски остварувања беа доделени на: Сара Марковиќ за улогата на Цмиља во претставата „Чудо во Шарган“, Ненад Јездиќ за улогата на Просјакот во истата претстава, Соња Исаиловиќ за улогата во претставата „Кај вечната славина“ и Александар Среќковиќ за улогата на Алојз Кавран во претставата „Година на враните“. Претставата „Кај вечната славина“ се закити со уште три Стериини награди: за сценска музика на Стефан Сеетхалер, Даниел Сеетхалер, Филип Грубач, Игор Сакаш и Петар Бањац, за драматургија на Миња Петриќ и за сценски говор на Дејан Средоевиќ. Покрај двете актерски награди, претставата „Чудо во Шарган“ ги понесе и наградите за најдобра костимографија на Лана Цвијановиќ и наградата од фондот на Дара Даринка Чалениќ за млад актер на Алексеј Бјелогрлиќ за улогата на Танаско. Од истиот фонд за најдобра млада актерка беше прогласена Александра Аризановиќ за улогата во претставата „Дамки“, а Стериината награда за најдобра кореографија и припадна на Ирена Шаровиќ за претставата „Избирачка“.
На овој фестивал отсекогаш награда доделува и тркалезната маса и тука во конкуренција се сите претстави и оние во главната програма и оние во придружната. Интересно е тоа што овојпат критериумот на жирито на тркалезната маса во состав: Влатко Илиќ, Наташа Гвозедновиќ и Ивана Петровиќ се поистовети со критериумот на публиката, па така и двете награди ги доби претставата на ЗКМ „Јас сум онаа што не сум“, додека наградата за актерска бравура ја доделува Народниот театар на Тимочка краина „Зоран Радмиловиќ“, награда која го носи името на овој бард на српското глумиште и таа жирито во состав: Владимир Ѓуричиќ, Александар Милосављевиќ и Александар Гајин ја додели на млдата актерка Сара Марковиќ за улогата на Цмиља во „Чудо во Шарган“ на Југословенскиот драмски театар. И на крајот и епизодните улоги се достојни за награда, па така наградата за епизодна улога која ја доделува медиумската куќа Scomediasco жирито во состав: Даринка Николиќ, Теофил Панчиќ и Соња Дамјановиќ му ја додели на младиот актер Теодор Винчиќ за улогата Шила во претставата „Ролеркостер“ на Ателје 212 од Белград. За првпат на ова издание на Стерииното позорје беше доделена и наградата за животно дело која го носи името на големиот српски режисер, професор и теоретичар на театар Хуго Клајн, а ја доделуваат неколку театарски фестивали во регионот, а првата добитничка на таа награда беше големата театарска режисерка, авторка и професорка Вида Огњеновиќ.
Стерииното позорје оваа година проговори со јазикот на театар штотуку ослободен од канџите на невидливото зло на кое успеа да му пркоси и во претходните години сепак се одржа како фестивал со голема репутација и со сериозен уметнички предзнак. Секогаш актуелните проблеми и тенденции театарот да биде и огледало на општеството, но и релевантна порака кон одамна заборавениот хуманизам во време во кое се уште сме шокирани од тоа дека некаде беснеат огновите и го понижуваат човекот, беа дел од театарскиот настан чија комплексност не само што импресионира, туку и инспирира.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…